Дали верувате во тројство?

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Sheep убаво наведе библиски цитати
Јас најпросто,уште еднаш,за тие што се со разум обдарени ќе ја анализираме најпознатата христијанска молитва запишана во Библијата,предложена од Исус.

Оче наш, кој си на небесата,
да се свети името Твое,
да дојде царството Твое,
да биде волјата Твоја,
како на небото, така и на земјата;
лебот наш насушен дај ни го денес
и прости ни ги долговите наши
како и ние што им ги проштеваме на нашите должници;
и не нè воведувај во искушение,но избави нè од лукавиот.
Амин!

Со оваа молитва се побива тројството итд итд.
Уште на почетокот во молитвата,Исус јасно става до знаење и вели ОЧЕ НАШ
не вели ОЧЕ МОЈ,бидејќи не е само Исус во библијата спомнуван како Божје чедо,сите се ословени како Божји чеда.
Уште една битна работа: кој си на небесата, Исус бил меѓу луѓето кога го кажувал ова.
Понатаму вели: Да се свети името ТВОЕ, да имало потреба Исус ќе барал да се свети името негово а не името на Бога.
Да дојде царството Твое, ничие друго царство,ниту Исус имал потреба од царства.
да биде вољата Твоја, зборот Муслиман, во превод значи покорен на Божјата воља
Како на небото,така и на земјата, ова е за оние кои тврдат дека религијата е одвоена од државате и овоземските работи.
итд итд.
Ова е круцијалниот дел од верувањето на Исус.
По кој знае кој пат,Исус бил човек,Божји пратеник на земјата кој го повикувал својот народ во обожување на Еден Бог.
Ајде бе брат да ја дискутираме молитвата ако си во ситуација да разбереш....
Оче наш.....затоа што е татко на Се и на секој...
незнам што не ти е јасно тука?
Бог = 1
Кој си на небесата... затоа што Бог не доаѓа од земјата, него од небесата и универзумот е неговиот дом....
Ако нешто не ти јасно слободно прашај....се надевам дека овие две работи ти се јасни...потоа ќе дојдеме и до Тројството , кое исто е кажано во молитвата....кога ќе имам повеќе време..
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.756
Поени од реакции
11.824
Ако се работи за христијанското верување: НЕ, не верувам. :giggle:
 
M

Muranyi

Гостин
Ако се работи за христијанското верување: НЕ, не верувам. :giggle:
Дали сепак сакаш да кажеш дека веруваш (ти можеби ќе кажеш и дека знаеш) во троичноста на одреден,сосема различен од христијанскиот,концепт на Бог?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.756
Поени од реакции
11.824
Дали сепак сакаш да кажеш дека веруваш (ти можеби ќе кажеш и дека знаеш) во троичноста на одреден,сосема различен од христијанскиот,концепт на Бог?
Не. Концепт за нешто е една, додека самото нешто е друга работа. Но тука се зборува за верување, па за бог, па за христијанска религија нели, затоа, НЕ е мојот одговор!
На неколку силно врзани прашања си дадов одговор! :)
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.580
Поени од реакции
385
Ајде бе брат да ја дискутираме молитвата ако си во ситуација да разбереш....
Оче наш.....затоа што е татко на Се и на секој...
незнам што не ти е јасно тука?
Бог = 1
Кој си на небесата... затоа што Бог не доаѓа од земјата, него од небесата и универзумот е неговиот дом....
Ако нешто не ти јасно слободно прашај....се надевам дека овие две работи ти се јасни...потоа ќе дојдеме и до Тројството , кое исто е кажано во молитвата....кога ќе имам повеќе време..

Не ти е јасно Тројството?
Гледај колку е едноставно..
1+1+1=1
Тоа е виша математика за тебе...

Ај некогаш, кога нема да си под супстанци, можеби и ќе ти го објаснам попросто, оти гледам дека си слаб со логаритми...

Јасно ми е се друже :D :D

бтв. Еве го најлогичното објаснување на христијаните за тројството:
 
M

Muranyi

Гостин
Тројството не е екслузивитет на Христијанството,самиот концепт постои многу пред појавата на Исус и се среќава во многу религиско-филозофски правци.Прашањето е зошто и од каде?:)

Мене ми е жал кога читам одредени личности кои упорно се тегават и си го зацртале патот само право,без нималку да истражат.Во ред,така ви налага вашиот Бог,па тоа е ваше право и избор.Но,троичноста не е исто што и три Бога,како што вие милувате да пишете,многупати е повторено и пак истите муабети се вртат.За промена,можете малку кон истокот да се свртите и таму да посветите време иако тоа ќе биде богохулење за вас,па може и некои работи ќе ви се разјаснат,колку толку.

Хепта,фала на одговорот но џабе вака во завиена форма ми пишуваш.Знам дека ти не веруваш,знам дека ти сакаш да знаеш а можеби и знаеш.Ти си даде одговор,но на самиот себеси:)
 
SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853

Од она што го знам е дека,бог според Христијанската религија е еден омнипотентен и омнипрезентен т.е е семоќен и менува форми.
Од една страна е бог,од друга свет дух а од трета човек?
Оукеј!
Прашање,штом е омнипрезентен зошто мора да ги има само тие три форми? Зошто нема пет? Или десет? и.т.н
Зошто не е крава на пример? Или пак нешто сосема друго(предмет можеби)?
Во врска со светиот дух,што всушност представува светиот дух? Од кога постои и која е неговата улога на земјава?
И трето прашање,која е потребата на семоќен бог да слегува на земја? Зошто? Кога е семоќен т.е може да направи се што е негова воља?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.756
Поени од реакции
11.824
Неточно. Не си дадов себе си одговор. Дадов на темава одговор и секако, мало објаснување за твоето прашање во врска со мојот претходен пост тука. Целата тема е без веза, за навредување, за тегавење и слично. Уште кога има „верување“ во насловот, што да очекува човек? Одговор на некаква вистина?
Не. Или веруваш и си христијанин или не веруваш и си неверник, спорд христијаните. Затоа е темата.
Нема темата врска за некакво тројство пред христијанството ниту пак со различни школи претходно.
Ова се теми или од христијани или против христијани! Трето мислам дека нема.

П.С. И темава е отворена од муслиман. Значи.. против христијаните! :)
 
M

Muranyi

Гостин
Од она што го знам е дека,бог според Христијанската религија е еден омнипотентен и омнипрезентен т.е е семоќен и менува форми.
Од една страна е бог,од друга свет дух а од трета човек?
Оукеј!
Прашање,штом е омнипрезентен зошто мора да ги има само тие три форми? Зошто нема пет? Или десет? и.т.н
Зошто не е крава на пример? Или пак нешто сосема друго(предмет можеби)?
Во врска со светиот дух,што всушност представува светиот дух? Од кога постои и која е неговата улога на земјава?
И трето прашање,која е потребата на семоќен бог да слегува на земја? Зошто? Кога е семоќен т.е може да направи се што е негова воља?
Ја промашуваш поентата, а баш ја најде личноста која може да ти ја објасни троичноста на христијанскиот Бог. Тоа прашање кон некој Христијанин, кој ги разбира работите, а не еднаш е пишувано на таа тема. Јас констатирам дека тројството не е концепт кој се појави со воскреснувањето на Исус и етаблирањето на Христијанството како религија, туку се среќава многу многу поодамна. И не се работи за политеизам, ниту пак за формалности, туку можеш да го сфатиш и како метафизички концепт на божественото.

Твоето трето прашање постави си го себеси-која е потребата на Бог да праќа пророци на Земјата, крајно сомнителни во поглед на својата моралност гледано од денешен аспект кои оставаат простор за сомнеж и тоа прилично основан за својата веродостојност? Зошто на пример не направил секој со своето раѓање да биде свесен за законите и ограничувањата кои ги наметнува преку Куранот? Знаеш колку прашања "зошто" можам сега да ти поставам?
--- надополнето: 11 декември 2013 во 18:05 ---
Нема темата врска за некакво тројство пред христијанството ниту пак со различни школи претходно.
Ова се теми или од христијани или против христијани! Трето мислам дека нема.
Болдот е тоа што ме интересираше и кој ја доловува целата поента. Иако би сакал да има некој што ќе има желба и волја да пишува за тројството пред Христијанството и различните школи кои ги спомена.
Останатото,да,темава е наменета за плукање кон христијаните и не е вредна за дискусија.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Од она што го знам е дека,бог според Христијанската религија е еден омнипотентен и омнипрезентен т.е е семоќен и менува форми.
Од една страна е бог,од друга свет дух а од трета човек?
Оукеј!
Прашање,штом е омнипрезентен зошто мора да ги има само тие три форми? Зошто нема пет? Или десет? и.т.н
Зошто не е крава на пример? Или пак нешто сосема друго(предмет можеби)?
Во врска со светиот дух,што всушност представува светиот дух? Од кога постои и која е неговата улога на земјава?
И трето прашање,која е потребата на семоќен бог да слегува на земја? Зошто? Кога е семоќен т.е може да направи се што е негова воља?

.

Без Светиот Дух БОЖЈИ и вера од дечјо срце, никогаш никој неможе да Ја разбере чудесната Тајна на Љубовта БОЖЈА чиста - за спасение на сите кои што нема да Ја одбијат - отелотворена во Господа Исуса Христа!

Кој ќе нè одвои од Љубовта Божја;
тага ли, неволја ли, или гонење, глад ли, или голотија, опасност ли или меч?
Како што е напишано: „Заради Тебе секогаш нè убиваат; нè сметаат како овци за клање.”
Но во сето ова победуваме преку Оној, Кој нè возљуби.
Оти сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни силите,
ни сегашнината, ни иднината, ни височината, ни длабочината,
ниту, пак, некоја друга твар ќе може да нè оддели од Љубовта Божја чиста во Исуса Христа,
нашиот Господ!

(Римја. 8:35+)

.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
...
Хепта,фала на одговорот но џабе вака во завиена форма ми пишуваш.Знам дека ти не веруваш,знам дека ти сакаш да знаеш а можеби и знаеш.
Е ова болдираново, тие виц на годинава што истечува. :ROFLMAO:

Без Милостивиот дар на Небесниот Цар, никој неможе вистински да осознае, а кога вистински ќе осознае,
тој за ништо друго освен за Милоста БОЖЈА чиста (отелотворена во Господа Исуса Христа) сака само да знае!
.

.
.

Веруам у тројство, ама у кревет.

,

Уште спиеш со мајкати и таткоти? :ROFLMAO:

.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.756
Поени од реакции
11.824
Е ова болдираново, тие виц на годинава што истечува. :ROFLMAO:

Без Милостивиот дар на Небесниот Цар, никој неможе вистински да осознае, а кога вистински ќе осознае,
тој за ништо друго освен за Милоста БОЖЈА чиста (отелотворена во Господа Исуса Христа) сака само да знае!

,

Уште спиеш со мајкати и таткоти? :ROFLMAO:

.
Сакаш да кажеш дека зборуваш со тројството на христијаните tete a tete?

И затоа зборуваш за Исуса Христа големиот цар,
кој што шетал по вода и не примал дар?
Евреинот голем, со чудна крв,
кој што го распнаа заради престапнички дух?

Чудна ти е милоста на твојот цар, кога милиони има убиено за неговиот клан.
Ниту месијанци ниту македонци, ами тоа биле евреи од самиот старт.
Те прелажале тебе како и твоите чудни предци, да напуштиш свое минато во име на туѓ цар!

Лесно е вака да се римува по форумов наш, најлесно се жонглира на религиски тас.

Небесниот твој цар, за кој што лафиш, го поделија на три тие што несвесно ги мразиш,
а пак муслиманите го столчија како грутка вар.
Три во едно или едно во три, земи си бројче и зборувај ти!

Спиро, можам јас вака како тебе... ехееее :) Преку тебе не зборува ниту еден бог. Знаат тие дека кога не успеаа преку Исус и Мухамед нешто да поправат во светот - зарем преку тебе бре момче? Не зафркавај.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Таков сум по природа,вицкаст со краток рок на траење:P

.
Ич немај гајле што имаш краток рок на траење, ич немај гајле ако си малечок или слаб,... верувај само со дечјо срце! (y)

Баш таквите Ги избра Совршениот Творец (Отец), преку кои ќе ги исмее оние што се наслонуваат на “сопствената“ сила, времетраење и знаење! (y)

.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom