VGC9DCTX9C напиша:
Procitana itekako 2x samo shto najgolemi greshki pred da se procita kniga od tolkava vaznost shto i jas samiot gi napraviv (pred da razberam shto kako zoshto) se mnogu a ke nabrojam nekolku od niv
1.) Dali biblijata sto denes nie ja imame e verodostojna na originalot ?
2.) Dali biblijata sto denes ja imame e barem deseti del od ona shto bila ?
3.) Koj i pod cije vlijanie ja pisuval biblijata
4.) Dali biblijata se koristela i se koristi u politicki celi ?
5.) Dali e napisana so cel da vodi eden narod ili da se pridobie covestvoto ?
6.) Dali knigata e polna so simboliki koi ukazuvaat na sosema tristodvaeset i petta stvar ?
7.) Koi i kolku stvari se dodadeni, odzemeni i promeneti vo tekot na istorijata na knigata ?
8.) I za kraj Dali e vistinita ?
Ako priblizno tocno se odgovorat ovie prasanja, spremni ste da ja citate biblijata koja shto e daleku od originalkata, no sepak vredi da se procita
1.За докажување на веродостојноста на секој стар документ,па еве и на Библијата,се користат 3 вида на тестирање:
-
Внатрешен Тест
Овој се однесува на хармонијата,усогласеноста и доследноста на текстот,како и проценка за кредибилитетот на писателот/писателите.
Библијата е пишувана ви период од 1600 години,од повеќе од 40 писатели,за време од 60 генерации,на 3 континенти,а писателите биле од различни сталежи:цареви,политичари,рибари лекари...а сепак низ Библијата се чувствува неверојатна хармонија и усогласеност.
Уствари,впечатокот е дека,иако писателите се многу АВТОРОТ на книгата е еден!
-
Библиографски тест
Овој тест опфаќа повеќе работи,али најважни се:
-бројот на расположливи ракописи(25 000)!Најраниоит препис датира од 130 г. и се чува во музеј во Манчестер
-Нивната датумска близина со случките што ги опишуваат нивното меѓусебно сложување
-
Надворешен Тест
Надворешниот тест се однесува на археолошки и историски наоди кои би ја потврдиле веродостојноста на Библијата,ги има ептен многу,еве неколку:
1.Kодексот на Хамураби(доказ за писменост и законодавство во време на Мојсеј и порано,пошто закоников датира од порано)
2.Глинената библиотека од Елба(се содржат географски имиња од Библијата)
3.Коњушницата на Соломон(наоѓалиште)
4.Резиденцијата на Понтиј Пилат во Цезареја итд.
5.Кумранските списи
Според овие критериуми,Библијата е ненадминливо најверодостојната книга што ја има човекот!
Посебно во споредба со други стари документи врз кои почива античката литература.
2.Точно препишување на оригиналите е обезбедено преку т.н трансмисија,според строги правила!
3.Бог лично и персонално ја пренел својата порака до писателите
и тоа секој збор(вербално),целината на содржината и концептот(пленарно) и личните способности за изразување на секој писател(органски) биле под Божјо раководство,за да се запишат Божјите вистини.
4.Ова нема врска со веродостојноста...
5.Да,во почетокот Израел како народ,за потоа да се пренесе на секој човек од секој народ кој ќе ја прифати единствената спасоносна жртва на Христос.
6.Има едно правило при читање на и толкување на Библијата,а е многу просто.Буквалните делови се толкуваат буквално,симболичните симболично,метафоричните како метафора итд...но на крај се води кон една единствена мисла(зависи од контекстот)
Преку процес на Библиска интерпретација.
7.Ни една.Се што започнува во 1 Мојсеева го наоѓа својот заклучок во Откровението.Се што е потребно се наоѓа во 66 книги на Библијата.
8.Апсолутно.(види под 1)