Дали НЕКОЈ сака да "произведе" славомакедонци?

Дали денес во Македонија има „славомакедонци„ ?

  • Вкупно гласачи
    44

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
ФРЧКОСКИ САКА ДА ПРОИЗВЕДЕ СЛАВОМАКЕДОНЦИ

Инсистирањето на Љубомир Фрчкоски да се идентификуваме со Словените и историското време да почнеме да го мериме од 7 век е последица на стравотниот политички кикс на Киро Глигоров, кој даде таква изјава во 1993 година. Ако не е ненамерна грешка (со неверојатни последици), тогаш се работи за безобразна политичка намера, која имала за цел етапно да го изведе преименувањето, односно, декодирањето на македонскиот идентитет во „славомакедонски“. Проблематичноста на оваа теза е во тоа што и словенската историска секвенца не им обезбедува идентитет на Македонците, туку ги внесува во нов негаторски циклус, збогатен со судир со Албанците. Секоја етапа од тој период е исто така веќе оспорена од некој од соседите – Словени. Од цар Самуил, Кирил и Методиј до Крали Марко и средновековните манастирски и црковни градби на тлото на Македонија се означени како туѓо наследство на кое Македонците немале право.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=287&ArticleID=15557

:jaj:

Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
ima ima,ama za mene ne postoat samo se izmisleni od nekoi bolni lugje koi nematt svoja istorija,pa kradat druga a nas ne uslovuvaaat so toa slavo,i slicni non sens sranja,a slavomakedonec moze e frckovski ,ako on taka se custvue neam protiv,nego

p.s. sepak toa e pravo na samoopredeluvanje,na primer nekoi studenti u ceska na popisot se narekle MASTURBATORI i za cudo taka i gi zavedile vo registarot,pa sea..............
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
899
Поени од реакции
22
а само фрчко ?????????????????????

ПРЕДЛОГОТ НА ЦРВЕНКОВСКИ ЗА ПРОМЕНА НА ДРЖАВНОТО ИМЕ Е ВЕЛЕПРЕДАВСТВО!

27 декември 2008 година, Скопје, Македонија - Предлогот на претседателот Бранко Црвенковски за „географска одредница наместо привремената референца како фер решение во спорот за името со Грција“ претставува велепредавство, бидејќи пред преземањето на должноста даде свечена изјава пред Собранието со којашто се обврза на почитување на Уставот и законите на државата Македонија! Неговиот предлог не е случаен, туку има за цел заблуда на јавноста, со епилог трајна промена на името на македонскиот народ и на државното име Македонија!

Во Обединетите Нации не се разговара за замена на привремената со нова референца, туку за разликата за државното име со јужниот сосед Грција. Секоја согласност на Претседателот, Владата или Собранието за придавка или додавка на државното име Македонија, значи ново и трајно име за државата Македонија. И бидејќи името на македонскиот народ е нераскинливо поврзано со името на државата Македонија, секоја додавка или придавка на државното име значи автоматска и трајна промена на името на македонскиот народ, односно на македонскиот национален идентитет.

Државното име е легитимација и акредитација за пристапување во сојузи на држави и за членство во меѓународни организации, а не за внатрешна употреба. А, државното име се состои само од еден единствен збор Македонија, потврдено и на референдумот од 8 септември 1991 година кога народот и граѓаните во апсолутно мнозинство донесоа одлука „за самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и придавки, којашто е задолжителна!

Македонците за својата државност, самобитноста на македонскиот народ и за службеноста на македонскиот јазик се изборија за време на национално-ослободителната борба во Втората Светска Војна како сојузник на антифашистичката коалиција и поради тоа со слободно изразена волја, тргнувајќи од правото на секој народ на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување, пристапија во федералниот сојуз на држави наречен Југославија. Југославија не беше замена за името Македонија, туку во федералниот сојуз на шесте држави наречен Југославија, пристапивме како држава Македонија, во таа федерација останавме Македонци бидејќи македонскиот народ беше рамноправен со народите на Југославија и во федералните органи македонскиот јазик беше рамноправен службен јазик со службените јазици на другите пет републики како федерални единици.

Затоа и членството во Обединетите Нации, Европската Унија, НАТО и сите меѓународни организации можеме и мораме да го оствариме единствено под државното име Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“, без латинична транскрипција на македонскиот јазик, туку на англиски јазик „The Republic of Macedonia”, со меѓународниот код МК односно МКД, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција која Атина ја окупира за првпат во својата историја во Балканските војни во 1912-1913 година откога врши геноцид врз македонскиот народ што трае до денес.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на државното име Македонија и Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, иако Македонија ги исполнува условите, го отфрлаат пристапувањето во овие сојузи на држави, доколку промената на државното име, антимакедонизмот и расизмот на Атина и грчкиот геноцид врз македонскиот народ се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур.

27.12.2008 извор: СМК
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Јас не разбирам што тоа знач исалво макеоднци? Дали тоа значи дека сме словени? Ак ое тоа тогаш тоа е вистината и од тоа не може да се бега. Но исто така го подржувам фактот дека немало преселба на словените и тоа знач идека сме и македонци. Но не море напред пред македонци да не ословуваат со славо зашто и самиот збор макеоднија си кажува за нашето словенско потекло.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
ПРАВОТО НА СЕКОЈ НАРОД ДА СЕ ИДЕНТИФИКУВА СПОРЕД ГЕОГРАФИЈАТА Е ОСНОВНО И НЕПРИКОСНОВЕНО ПРАВО,НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ИМ ГО ОДЗЕМЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДРЖАВАТА КОЈА ОД ПАМТИВЕК СЕ НАРЕКУВА МАКЕДОНИЈА СПОРЕД ГЕОГРАФСКАТА ТЕРИТОРИЈА КАДЕ Е ЛОЦИРАНА,СОЗДАДЕНА И ЕГЗИСТИРА.СИТЕ ДРУГИ ПРИДАВКИ,ДОДАВКИ,СИНОНИМИ ИЛИ КРАТЕНКИ МОЖАТ ДА СЕ КОРИСТАТ ЗА ВНАТРЕШНА УПОТРЕБА ВО МЕЃУСЕБНИ ОСЛОВУВАЊА САМО ПОМЕЃУ ИСТИОТ ТОЈ НАРОД КОЈ ЈА НАСЕЛУВА ТАА ТЕРИТОРИЈА,НО НИКАКО НЕ СМЕЈАТ ДА СЕ УПОТРЕБУВААТ НАДВОР И НА МЕЃУНАРОДЕН ПЛАН ОД БИЛО КОЈ ДРУГ НАРОД,ЗАТОА ШТО ТОА БИ БИЛА ДИРЕКТНА НАВРЕДА.:toe:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Тоа што Македонскиот народ ја прифатил словенската култура и писмо не значи дека ние не сме колено од Античките Македонци. Во времето на Филип 2 сме ја прифатиле грчката култура заради тоа што била понапредна и помодерна итн.. и самиот тој период е наречен хеленизам, и ширење на таа култура со војните на Александар 3ти Македонски и Македонската Империја.
Во 7ми век сме ја прифатиле словенската култура и тоа е крајот на било каква поврзаност со нас и хелените.

Ако после 15 века нашите потомци решат да прифатат друго писмо и култура, тоа зар ќе ги направи „англомакедонци“ или „афромакедонци“.

Ние сме Македонци и Македонци остануваме.
 
Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
И Никола Груевски не е сигурен дека сме директни потомци на Античките Македонци:

Премиерот ги отфрли и обвинувањата од пратеникот Тито Петковски од НСДП дека со спотовите за Александар Македонски и навраќањето на антиката, Владата свесно бега од корените на славјанството и од светите браќа Кирил и Методиј. Не бегаме од словенските корени. На овие простори живееле различни цивилизации и сите оставиле белег. Не форсираме ниедна цивилизација, не бегаме од едни и не се навлекуваме на други корени - рече Груевски.
 
[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Има има, од секоаш низ историјата такви имало и заради нив не одиме напред...:jaj:
 
lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
ПРАВОТО НА СЕКОЈ НАРОД ДА СЕ ИДЕНТИФИКУВА СПОРЕД ГЕОГРАФИЈАТА Е ОСНОВНО И НЕПРИКОСНОВЕНО ПРАВО,НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ИМ ГО ОДЗЕМЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДРЖАВАТА КОЈА ОД ПАМТИВЕК СЕ НАРЕКУВА МАКЕДОНИЈА СПОРЕД ГЕОГРАФСКАТА ТЕРИТОРИЈА КАДЕ Е ЛОЦИРАНА,СОЗДАДЕНА И ЕГЗИСТИРА.СИТЕ ДРУГИ ПРИДАВКИ,ДОДАВКИ,СИНОНИМИ ИЛИ КРАТЕНКИ МОЖАТ ДА СЕ КОРИСТАТ ЗА ВНАТРЕШНА УПОТРЕБА ВО МЕЃУСЕБНИ ОСЛОВУВАЊА САМО ПОМЕЃУ ИСТИОТ ТОЈ НАРОД КОЈ ЈА НАСЕЛУВА ТАА ТЕРИТОРИЈА,НО НИКАКО НЕ СМЕЈАТ ДА СЕ УПОТРЕБУВААТ НАДВОР И НА МЕЃУНАРОДЕН ПЛАН ОД БИЛО КОЈ ДРУГ НАРОД,ЗАТОА ШТО ТОА БИ БИЛА ДИРЕКТНА НАВРЕДА.:toe:
Сосема исправна забелешка..која чинам е составен дел на меѓународно валиден документ на ООН..
А еве го и уметничко надополнување на погорекажаното:

МАНЧЕВСКИ ЕКСПРЕСИВНО ЈА ПРИКАЖА МАКЕДОНСКАТА ДНК

Милчо Манчевски со својот авторски запис успеа во 60 секунди да ја претстави историската ДНК на Македонија. Тоа е уметнички приказ на еволутивниот синџир на македонскиот идентитет во кој не недостига ниту една алка и затоа е Македонија безвремена, а Македонците, наспроти сè, постојни. Е, сега, би било разбирливо да се дебатира за изборот на симболите на одредени периоди, доколку критичарот предложи некои алтернативни, кои би биле поекспресивни во доловувањето на уникатноста на просторот. Разбирливо е да се критикува и уметничкиот дострел, но само ако некој кога било вака, мондријановски прецизно, успеал да ја долови сложената суштина именувана како Македонија. Во парадата на „критичарите“ критиката се сведе на банална демагошка грижа за народните пари, кои со децении се трошат за безброј нерелевантни уметнички потфати со одвај локално дневно значење, а преку кои ниту се прослави ниту се зацврсти македонскиот културен идентитет.

:tapp:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.260
Поени од реакции
26.991
Тоа што Македонскиот народ ја прифатил словенската култура и писмо не значи дека ние не сме колено од Античките Македонци. Во времето на Филип 2 сме ја прифатиле грчката култура заради тоа што била понапредна и помодерна итн.. и самиот тој период е наречен хеленизам, и ширење на таа култура со војните на Александар 3ти Македонски и Македонската Империја.
Во 7ми век сме ја прифатиле словенската култура и тоа е крајот на било каква поврзаност со нас и хелените.

Ако после 15 века нашите потомци решат да прифатат друго писмо и култура, тоа зар ќе ги направи „англомакедонци“ или „афромакедонци“.

Ние сме Македонци и Македонци остануваме.
Од кај ти е идејата дека сме прифатиле нешто од некого ? Јазикот на античките Македонци бил ист на овој што го збориме денеска.
 
Svetovid

Триглав
Член од
26 февруари 2006
Мислења
868
Поени од реакции
44
Колку “чисти“ народи има денес во светов? Ако се Македонците “славомакедонци“, тогаш што се грците? Славоалбановлахогрци? Или Албанците? И тие се славовлахоалбанци, не? Или германците, они пак се балтославогерманци. А французчичи? Они се галолатиногерманофранцузи. Русите? Варјагословеноруси... И така натаму. Ако може Франција, на пример, да го влече својот идентитет и од Галите и од Франките, зашто не би можеле и ние нашиот идентитет да го влечеме од Античките Македонци, особено откако сите факти и научни (генетиката пред се) и лингвистички (Алинеи) и историски потврдуваат дека “Словените“ живееле одсекогаш на овие простори. Бриги, Венети, Словени, Траки... Све се тоа имиња за една иста расна и етничка група! А какво име НИЕ САМИТЕ ќе си избереме со кое ќе се претставуваме пред светот е само наше право и никој нема право да ни се меша!
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.260
Поени од реакции
26.991
Македонци=Словени.
Македонец е името со кое што сме се нарекувале, Додека другите се имиња кои во минатото биле користени во некој контекст, но историјата како наука погрешно ги зела во употреба за да означи народ.
Кога Филип ја правел својата војска силна, целта му била да ги обедини сите 28 Македонски племиња, на Балканот и во Мала Азија.
 
lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Колку “чисти“ народи има денес во светов? Ако се Македонците “славомакедонци“, тогаш што се грците? Славоалбановлахогрци? Или Албанците? И тие се славовлахоалбанци, не? Или германците, они пак се балтославогерманци. А французчичи? Они се галолатиногерманофранцузи. Русите? Варјагословеноруси... И така натаму. Ако може Франција, на пример, да го влече својот идентитет и од Галите и од Франките, зашто не би можеле и ние нашиот идентитет да го влечеме од Античките Македонци, особено откако сите факти и научни (генетиката пред се) и лингвистички (Алинеи) и историски потврдуваат дека “Словените“ живееле одсекогаш на овие простори. Бриги, Венети, Словени, Траки... Све се тоа имиња за една иста расна и етничка група! А какво име НИЕ САМИТЕ ќе си избереме со кое ќе се претставуваме пред светот е само наше право и никој нема право да ни се меша!
Со сета должна почит за сите кои овде искажаа свое мислење..сепак мислам дека е дојдено времето за една широка НАУЧНА РАСПРАВА..поттикната од некој од нашите „бесмртни„ академици...за ова прашање..
Но никако ...некој од „старите„..а чиј видокруг почнувал од 1941 година..а завршил со сите реформи на Тито...
Потребно е коначно..сите личности и настани да се наречат со правото и реално име за нив..колку и да се некому тоа не бендисува..
:toe:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.260
Поени од реакции
26.991
Лав,
Тоа ти е џабе муабет правење. Више никој не верува во историјата како наука. Кога за еден ист настан на балканот има 20 верзии, и тоа по 2 за секој народ...

Мене ми е порелевантно тоа што го прават Тентов и Бошевски, Мара Дојчиновска, Александар Донски и сл. Тоа што Петре Илиески (роднина ми е ама морам да го нападнам) ги напаѓа, само вика ура за инквизицијата во науката, ура за егзактноста во Историјата. Науката не познава суета, туку оди напред.
 
Целта ми е ..само да покажам и докажам дека... иако подцртаното погоре во твојот текст е сосема точно..сепак ВЕРЗИЈАТА која е најшироко прифатена насекаде , е и највеќе користена од сите..иако има и исклучоци...
пс
Доказ за ова се разликите помеѓу она што денешните грци го тврдат за Македонците ..мислам на античките..и записите на античкиот државник и атињанин Демостен...за Филипа Втори Македонски поконкретно..викани и ФИЛИПИКИ.
А таму експлицитно (Демостен) ни кажува :
Дека МАКЕДОНЦИТЕ не биле грци..ами едноставно МАКЕДОНЦИ..истото кое и денес го КАЖУВАМ(е) НАСЕКАДЕ..
А ете..французите и германците..им веруваат повеќе на тоа што грците сега го кажуваат..иако се баеги „осончани„ според сињор Берлускони..по наше „препечени„...и имаат субсахарски ген.
:nesvest:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom