Дали Битола ќе добие комерцијален аеродром?

Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Спортскиот аеродром во Логоварди да се пренамени во комерцијален. Според градоначалникот, оваа идеја на прв поглед за оние кои гледаат под агол ќе им изгледа како научна фантастика, но согледувајќи ги сите околности тој смета дека идејата за еден ваков проект е реална. Битола има таква географска положба која ќе ги привлекува сите, вели градоначалникот, а само пелагонсиоскиот регион има 350.000 жители кои би можеле да го користат овој аеродром.

-Тука сметаме и на нашите први комшии, Грција кои би доаѓале во Битола да патуваат. Има голем број причини за соработка со Турција, каде има 6 милиони средношколци кои би ја посетувале собата на Кемал Ататурк. Битола е печалбарски крај, имаме наши сограѓани кои работат во европските и прекуокеанските земји, се снаоѓаат до поголемите аеродроми, но после мака мачат, рече градоначалникот на Битола, м-р Владимир Талески.
Еден ваков аеродром би значело и доразвивање на идејата за филмски град, вели Талески.

-Договоривме со нова турска екипа која ќе снима 3 години и сакаат да прават нова турска серија и сакаат да прават цела Стара Чаршија во делот на касарната. Аеродромот ќе не доближи до оваа цел, вели Талески.
За реализација на оваа идеја, заложба вети и вицепремиерот Пешевски.

-На прв поглед изгледа многу амбициозна, но мое мислење е дека има кредибилитет во неа. Јас ќе преземам обврски со некои од познатите консултантски куќи да стапам во контакт, да изработат физибилити студија дали овој проект држи вода, бидејќи ако се погледне можноста за креирање бизнис преку тој аеродром, и во делот на туристи кои би доаѓале од Турција, има некои области кои укажуваат дека може еден ваков проект да има голем потенцијал, изјави м-р Владимир Пешевски, вицепремиер.
Наредниот период идејата за ваков проект ќе се разработи и од страна на Општината и од страна на Владата.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.017
Поени од реакции
598
Многу прашина се крена за ова гледам некако сите да ги засегна, како нешто што не смее да се реализира...... зарем малку пари се фрлија за глупости ова е инвестиција во ифратуктура и за развој на цел регион, кој што јас лично мислам дека овој проект нема да се реализира најмалце уште 15 години или ке има нешто како импровизација
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Три аеродрома ке бидат тамански но мислам дека тоа моментално не ни е потребно.
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Лично мислам дека на Битола не му е потребен аеродром - регионот на кој што се смета дека ќе го користи аеродромот нема доволно жители 300,000, нема доволно туристи можеби неколку десетина илјади за една година прашање и толку да ли ги има. Стопанството е слабо да некажам неразвиено, не е извозно ориентирано така да и тие немаат потреба да ги користат услугите на аеродромот + ако ја земиме во предвид дека аеротранстортот е најскап вид на транспорт.

Во прилог на сето ова иди уште еден факт а тоа е дека во кругот од околу 200 километри од Битола имаме дури 5 аеродроми - 3 во Грција и 2 во Македонија.
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Уште малце двојче и автономија ќе бара :D иначе ми се допаѓа аеродром, тоа најпрво значи и отворање на колку толку работни места :)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
ма каков аеродром...........се работи чисто за пропагандни цели

физибилити студија се викаше она што треба да биде изработено за да се види економската оправданост(нека ме поправи некој) /? има такво нешто направено,само не знам пред колку години - а што кажува?

- поради големиот број денови (во есен и зима) кога овој дел на Пелагонија е прекриена со магла,нема рентабилност да се гради комерцијален аеродром

некој нарочно не саботира ?! мое лаичко мислење - не би рекол,зошто навистина е така,котлината во поголемиот дел од есента и зимата е покриена со магла

арно ама градските власти замислете не се запознаени со тоа(?!) па ќе нарачале физибилити студија - супер,баш би сакал да се изборат за една ваква инвестиција која ќе значи многу за овој регион

да напоменам дека потребите за еден спортски и еден комерцијален аеродром се големи разликите,потребните часови/денови за еден ваков спортски аеродром (искосена ливада со 2 - 3 хангари во распад) не се проблем
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Ама најжалосно од се, значи економски не е прифатлива инвестицијата а и како што рече природните услови се неповолни за изградба на комерцијален аеродром во близина на Битола, ПАК ќе се дадат парите соберени од народот за да се направи студија или да се направи аеродром кој што ќе работи со загуба а загубата ќе се покрива пак од нашите пари. Па како шлаг на торта пак од нашите пари ќе се даваат субвенции на нискобуџетни компании да летат до битолскиот аеродром - ЦИРКУС МЕДРАНО и во вашиот град!
 
S

Shaman

Гостин
Па ако нема рентабилност за аеродром, дај бе на луѓето еден
хелиодром да им се напраи. :)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Jас сум за аеродром во Битола, Битола е вториот наjубав град во Македониjа (првиот е Охрид не Скопjе!)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Нешто што се најавува секогаш пред избори, а се заборава после нив...(n)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ама најжалосно од се, значи економски не е прифатлива инвестицијата а и како што рече природните услови се неповолни за изградба на комерцијален аеродром во близина на Битола, ПАК ќе се дадат парите соберени од народот за да се направи студија или да се направи аеродром кој што ќе работи со загуба а загубата ќе се покрива пак од нашите пари. Па како шлаг на торта пак од нашите пари ќе се даваат субвенции на нискобуџетни компании да летат до битолскиот аеродром - ЦИРКУС МЕДРАНО и во вашиот град!
Зошто економски не е исплатлива инвестицијата? Нека го дадат на тендер, нека си дојде приватен сопственик и нека си го изгради. Нискобуџетните летови се одлична идеја, боље за тоа да се даваат пари одколку за врби. Ем населението ќе има можност да излезе од земјава која како да е под ембарго 20 години, ем туристи од страна успат можат да застанат со такви цени и кај нас.
Битола е прекрасен град и верувам дека ќе има посетители. Со Турција имаат добра релација, Грција е блиску ако од Солун ги нема тие дестинации.
Само што е предизиборна кампања, им градат аеродром 20 години никако да им изградат. Десет аеродрома досега фрлија на плоштад во Скопје и по Вардар.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Спортскиот аеродром во Логоварди да се пренамени во комерцијален. Според градоначалникот, оваа идеја на прв поглед за оние кои гледаат под агол ќе им изгледа како научна фантастика, но согледувајќи ги сите околности тој смета дека идејата за еден ваков проект е реална. Битола има таква географска положба која ќе ги привлекува сите, вели градоначалникот, а само пелагонсиоскиот регион има 350.000 жители кои би можеле да го користат овој аеродром.

-Тука сметаме и на нашите први комшии, Грција кои би доаѓале во Битола да патуваат. Има голем број причини за соработка со Турција, каде има 6 милиони средношколци кои би ја посетувале собата на Кемал Ататурк. Битола е печалбарски крај, имаме наши сограѓани кои работат во европските и прекуокеанските земји, се снаоѓаат до поголемите аеродроми, но после мака мачат, рече градоначалникот на Битола, м-р Владимир Талески.
Еден ваков аеродром би значело и доразвивање на идејата за филмски град, вели Талески.

-Договоривме со нова турска екипа која ќе снима 3 години и сакаат да прават нова турска серија и сакаат да прават цела Стара Чаршија во делот на касарната. Аеродромот ќе не доближи до оваа цел, вели Талески.
За реализација на оваа идеја, заложба вети и вицепремиерот Пешевски.

-На прв поглед изгледа многу амбициозна, но мое мислење е дека има кредибилитет во неа. Јас ќе преземам обврски со некои од познатите консултантски куќи да стапам во контакт, да изработат физибилити студија дали овој проект држи вода, бидејќи ако се погледне можноста за креирање бизнис преку тој аеродром, и во делот на туристи кои би доаѓале од Турција, има некои области кои укажуваат дека може еден ваков проект да има голем потенцијал, изјави м-р Владимир Пешевски, вицепремиер.
Наредниот период идејата за ваков проект ќе се разработи и од страна на Општината и од страна на Владата.
Од сигурни извори ви кажувам Битола нема да има свој аеродром!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom