- Член од
- 29 октомври 2007
- Мислења
- 129
- Поени од реакции
- 1
ДУИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ
Нека си иде и нека не се враќа!!!
За што се работи:
Или албанскиот службен или политичка криза
Ќе ги напуштиме и државните и локалните институции ако од февруари албанскиот јазик не биде службен, предупреди Муса Џефери
Опозициската Демократска унија за интеграција се закани дека ќе предизвика голема политичка криза во земјава ако со владејачката ВМРО-ДПМНЕ до крајот на февруари не се договорат за закон за употреба на јазиците и за социјален пакет за припадниците на ОНА. Муса Џафери, претседател на работната група што подготвува текст на законот за употреба на јазиците, составена од припадници на двете партии, ни изјави дека ДУИ ќе ги напушти и државните и локалните институциите ако не се постигне договор за службена употреба на албанскиот јазик на сите нивоа. Според ДУИ, премиерот Никола Груевски ќе мора да ги затвори тие прашања, бидејќи се обврска за земјава да влезе во НАТО, а во таква ситуација на Македонија најмалку и' треба политичка криза.
- Ќе има големи политички тензии ако ВМРО-ДПМНЕ остане на ставот дека законот за употреба на јазиците треба да биде само сублимат на веќе постојните закони што се однесуваат на таа проблематика. Ќе ги употребиме сите форми на демократски притисок, бидејќи Груевски не може да изјавува дека нема рокови кога да се решат проблемите со употребата на јазикот и со статусот на борците на ОНА, кои се дел од „мајскиот договор“. За тоа ќе ги известиме и меѓународните претставници - вели Џафери.
Тој тврди дека со ВМРО-ДПМНЕ го анализирале нацрт-законот за јазиците и партијата на Груевски немала аргументи против тоа албанскиот да стане втор службен јазик во Македонија. Но, признава дека двете партии се' уште имаат дијаметрално спротивни ставови за речиси секој член од текстот за законот.
Џафери смета дека за прашањето за јазикот треба да расправаат експерти, бидејќи деталите не може да се прецизираат ниту на лидерска средба.
За ДУИ е важно албанскиот да биде во усна и во писмена комуникација во Собранието, Владата, во полицијата, армијата, во локалната самоуправа, да бидат двојазични договорите, документите и законите. Џафери додава дека неговата партија не бара двојазичност на цела територија, бидејќи е апсурдно на граѓани-Албанци во Струмица или во Гевгелија институциите да им одговараат и на албански јазик.
Мариела Трајковска