ДУА:Просрпски и проруски кругови во Македонија се против влезот во НАТО
Скопје /26/03/ 13:55
Просрпските и проруските кругови во Македонија продолжуваат да бараат разни причини само за да го блокираат интегрирањето на државата во евро-атланските структури.
Ова се вели во денешното соопштение на Демократската Унија на Албанците(ДУА), упатено до медиумите.
„Нефлексибилниот став на Груевски во врска со името на Македонија е индикатор на догматичната логика која е доминантна во државните институции во Македонија. Овој став го постигнува врвот на ајсбергот од генерираните проблеми на старомодниот менталитет“, се вели во соопштението на ДУА.
Според нив, продолжува деградацијата на правата на Албанците во Македонија.
„Деградирањето на правата на Албанците зема вознемирувачки размери од промоција на стратешка ориентација на ова коалиција за која нивниот византиски идентитет вреди повеќе од евро-атланска перспектива“, констатираат од ДУА.
Понатаму оваа албанска партија додава дека коалицијата ВМРО-ДПА објави изумирање на Охридскиот договор.
„Наместо потполното имплементирање на обврските кои произлегуваат од овој договор со меѓународни гаранции, го симнаа нивото на повторните преговори до меѓупартиски комисии“, наведуваат од ДУА.
Демократската Унија на Албанците опоменува дека стратешка ориентација на Албанците се политичките, економските и воените евро-атлански институции.
„Секој напор за оддалечување од оваа стратегија е во потполна спротивност со нашиот национален идентитет и со себе носи голем ризик за стабилноста на државата“, нагласуваат од ДУА. /крај/со/ст