S
Sagan
Гостин
Или: “ЕУ ќе се спасува самата себе, со помош на пријателите“
Државни и владини шефови на 20-те најразвиени држави и држави со забрзан развој денеска и утре ќе имаат средба во Кан каде ќе се запознаат со европските антикризни мерки и ќе донесат план за акција за спречување на застој на светската економија. Државите од Г-20 претставуваат 85 % од светската економија и две третини од населението на Земјата. Минатата недела европските лидери успеаја да постигнат договор за формирање европски валутен фонд со кој ќе треба да се спречи кризата. Франција која ќе предаде претседателствување со Г-20 на Мексико, објави дека постигнатата европска согласност е основна претпоставка за успех на средбата на врвот во Кан.
Два дена пред форумот, Грција објави дека ќе спроведе референдум за вториот пакет финансиска помош за Атина одобрен на средбата на ЕУ на 26 октомври. Таа одлука со сигурност ќе биде разгледана од лидерите во Г-20. Грчкиот премиер беше поканет во Кан на иницијатива на Франција. Се очекува на форумот Германија да повика за построга банкарска регулација и построги правила на финансиските пазари. Берлин е и за воведување данок врз финансиките трансакции. На средбата во Кан се очекува да биде упатен повик за државите Брази, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка да преземат улога на двигател на светската економија. Кон нив се очекува да се обрати и ЕУ од каде се надеваат дека тие држави ќе се вклучат во спасувачкиот механизам за помош на еврозоната, наведуваат западни медиуми. капитал.мк
Г-20 официјална страна
за Г-20 на Википедија