Грчки интелектуалци бараат признавање на „Славомакедонците"

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Не е време, време е , не сега, после, чекај ова, чекај она, абе остаревме луѓе, а да не го покренуваме воопшто прашањево.
“Интелектуалциве“ од комуњатска провиенција со стекната диплома на жими мајка и со единствен положен предмет перење мозок и отварање фабрики за перење мозок не убедуваа дека не било време да се покрене прашањето за Македонците во Егејска Македонија.
Ќе сме влезеле во самоизолација.

Трет Њутнов закон на акција и реакција.

Повелете линк за комплетниот текст.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0D8E498B108DD6449BEBBFDE9A48D4FD

Ај јас ќе издвојам делови:
Грција направила голема грешка со имотите на „Славомакедонците“ и ќе се најде во мачна ситуација доколку случајот се најде пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.Вакво мислење неодамна изнесе познатиот грчки интелектуалец Алексиос Ираклидис, универзитетски професор по меѓународно право, во интервјуто за весникот „Елефтеротипија“. Им ги конфискувавме имотите во 1949-50 година без какви било судски одлуки. Кога задутре ќе се обратат до судот, нашата земја ќе биде принудена да им плати. Како европска демократска земја која ги почитува човековите права, по ова прашање имаме направено еден престижен „фаул“, потенцира тој.

Бројките во Грција може да не се особено големи, 30.000 до 40.000 ( Х 10 минимум) луѓе, меѓутоа тие луѓе живеат во нашата земја и постојат. Некои имаат „македонска“ национална свест, а други неколку илјади целосно се приклучиле во грчкото национално стебло. Оттука, не постои опасност за грчкиот територијален интегритет, смета Ираклидис.Во текстот „Свеста на ‘Славомакедонците’ за нацијата и јазикот“, Андонис Каркајанис, пак, наведува дека до почетокот на 20 век на територијата на стара Македонија живеат компактни славомакедонски населенија, со нивен јазик, традиции и имоти. По 1922 година и размената на населенијата, составот на населението во грчкиот дел од Македонија се промени радикално. Грчкото население речиси насекаде стана мнозинско. Тоа очигледно беше еден вид „етничко чистење“ за кое сепак не беше одговорна исклучиво Грција. Сепак, одговорна е и Грција, потенцира тој.


Дали беше правото време што се покрена прашањето на Македонците во Беломорска Македонија ?
 
H

HITCH

Гостин
Море што ќе ги снајде не можат ни да си претпостават. Не ни сонуваат во најлош сон
 

Kajgana Shop

На врв Bottom