Изминативе денови сме сведоци на тоа што се прават луѓето кога се во прашање пари. Дефинитивно, парите покажаа до каде се некој луѓе спремни да отидат за да дојдат до нив.
Спремни се да се откажат од тоа кој се, што се, од каде потекнуваат и како се викаат.
Изминативе 5 дена се случија неколку работи кој дефинитивно означија преминување на црвената линија и отворање на фронт каде преку одредени колумни, ставови и едиторијали, фино запакувани како критика кон власта за некој нејзини потези,
одат чекор понатаму во суптилна сугестија за прифаќање на компромис по секоја цена и промовирање на грчките позиции околу спорот со името.
Настан 1 -
Промоцијата на Љубомир Д. Фрчковски за кандидат за претседател на Република Македонија.
Фрчковски е познат како човек кој во времето на неговото министерување во министерството за внатрешни работи, изби
аферата "Анафора" , во која Фрчковски
примал поткупи и скапи подароци од страна на грчкиот разузнувач Грилакис.
За ова сведочи и поранешниот Претседател,
Киро Глигоров:
“Еден ден министерот за внатрешни работи Фрчкоски ми предложи да примам некои соработници од Службата, за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни колеги од Грција и дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, подготвени се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари. ( извадок од книгата Македонија е се` што имаме).
Втората работа која го врзува Фрчковски за Грција, се секако неговите ставови за името, при што
Фрчковски е отворено за компромис и влез во НАТО
по секоја цена.
Настан 2 -
наезда на колумни и огласи од страна на НВО-а
Преку константни критики за одредени потези на владата, суптилно се бара влез во НАТО по секоја цена, а со тоа и промена на името и откажување од правото за повикување на нашите антички корени.
На ова пред се
мислам на колумните на
Владимир Милчин, Гелески, Жарко Трајановски, Митески, Бранко Геровски... каде преку критиките за одредени потези на власта со преименувањето на одредени објекти и коридори, како и одредени кампањи и настани (сосема легитимен потег за критикување, имаат право на тоа),
напаѓаат секаков вид на поврзување со нашата античка историја, го карактеризираат како сељачизам, како непостоечко... буквално барајќи тотална словенизација на македонскиот идентитет, онаков каков што постоел до 1990 година.
За последниот оглас на т.н. коалиција на НВО-а, доволно беше што ги видовме имињата на
Милчин и Сашо Ордановски, за се да стане јасно.
Настан 3 -
Враќање на сцената на Љубчо Георгиевски.
На прв момент сите помислија дека неговото враќање во политиката се базира на шансата за решабилитација во политиката на грбот на популарноста на Љубе Бошковски.
Други коментираа дека тој е тројанецот кој СДСМ го пушта за раздор во внатрешните редови на ВМРО-ДПМНЕ.
Сепак, последниве неколку месеци, Ѓоргиевски повеќе коментира за името и владата, отколку за политичките проблеми и активности.
Прв потег беше кога пред неколку месеци преку својата фондација
апелираше за прифаќање на Република Северна Македонија, а дефинитивно беше интересно и неговото последно
интервју со Чомовски за А2, каде отворено бара компромис за името и ја критикуваше политиката на Владата по оваа тема.
За потсетување, Георгиевски е
познат за своите конекции со Грција, пред се од времето на
продавањето на рафинеријата ОКТА и неговите
лични контакти со Мамадакис.
--------------
Сите горе-наведени се или во минатото и денес јаделе(дат) пари од Грција, или се полтрони на една партија која за влез во ЕУ и НАТО отворено бара промена на името и идентитетот(иако и тоа фино го пакуваат).
Секој го има демократското право да ја
критикува власта, Бог знае дека со одредени потези и заслужува. Можеби некој потези се пресилени, дури и инаетливи, ама од нивните зајадливи колумни, полни со гнев, омраза и потценување,
отворено застапуваат откажување од овој дел од нашето потекло и историја, а со тоа и од нашиот ИДЕНТИТЕТ.
А тоа туку-така,
НЕ ПОМИНУВА!!!