Грчките Национални Херои признавале постоење на македонски јазик

Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Грчките Национални Херои од почетокот на 20 век признавале постоење на македонски јазик



Неделник “Фокус“: Број 730; 26 Јуни 2009;
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499

Page 1

Page 5

Page 338

Sumvolai eis tin Diglossian ton Makedonon ek sugkriseos tis Slavophanous Makedonikis glossis pros tin Ellinikin upo K. I. Tsioulka, Athens 1907.




CONTRIBUTIONS TO THE BILINGUISM OF MACEDONIANS THROUGH THE COMPARATIVE ANALYSIS BETWEEN THE SLAVIC-LIKE MACEDONIAN AND GREEK LANGUAGES By K. I Tsioulka, Athens 1907.

Превод:

ПРИДОНЕС КОН ДВОЈАЗИЧНОСТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕКУ СПОРЕДБЕНА АНАЛИЗА МЕЃУ СЛАВО(сличниот) МАКЕДОНСКИОТ И ГРЧКИТЕ ЈАЗИЦИ

македоника.блог

Јон Драгумис признание за македонскиот јазик:


Извор: Ίων Δραγούμης, «Μαρτύρων και ηρώων αίμα», εκδ. Μαλλιάρης-Παιδεία (φωτογραφική ανατύπωση της α' εκδ. 1907), page 98.

Подвлечените зборови се однесуваат на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК и на МАКЕДОНЦИ .

Превод на текстот од грчки на англиски:

-You cannot own every city that is inhabited by Greeks. If so Marseille would be yours, as well as Odessa
-The same observation more or less I make of you.
You want to make the area of Monastiri yours, because there are towns there where Macedonian* is spoken, which you call Bulgarian.
- Many towns! All the towns in the area speak Bulgarian!

Do they wish to be Greeks or not?
And since they do want(to be Greek), Im not sure if language is enough proof of a peoples ethnicity.
First off, the language in question is not spoken by all, but only some Macedonian villagers. Those who speak it, do so only in their houses not in public(agora), where they speak Greek. And finally, this language is not Bulgarian, but a mix of slavic and Greek. It is not Bulgarian, Bulgarian does not exist even in Bulgaria. The cities of Macedonia are clearly Greek, the people of the area are Greek, the history of the area is Greek, and the actual land(earth/dirt) is Greek.

- I can not understand, and I never will, this idea that you have that the Macedonians lost their language and picked up Bulgarian.
-I can not see how the Bulgarians who are Hunno-Tartars lost their language and took...

*the exact translation from Greek is Macedonian language


...
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477


Грчките Нац. Херои од почетокот на 20 век...
Признавале постоење на македонски јазик


пишува: м-р Димитар Љоровски Вамваковски




Константниот притисок врз партијата на Македонците во Грција Виножито, претставува директен притисок врз сите оние жители на Северна Грција кои не се чувствуваат како дел од грчката нација, т.е. се декларираат како етнички Македонци, Како единствен политички субјект кој ги претставува Македонците во Грција, врз Виножито на последните евро-избори одржани од 4-7 јуни 2009 година, беше спроведен координиран план на заплашување и бојкот.

Првиот пример беше неслучајното запленување на пропагандниот матерјал на партијата од бугарските гранични власти, планиран да се користи во предизборните активности.

Покрај целосната медиумска изолираност, најеклатантен пример на заплашување и притисок беше инцидентот на промоцијата на првиот грчко-македонски речник отпечатен во Грција. Одржана на 3 Јуни, ден пред официјалното започнување на гласањето за избор на пратеници во Европскиот парламент, инцидентот несомнено влијаеше на малиот број добиени гласови на изборите за Виножито. Координираноста на акцијата меѓу грчките неонацисти и државните служби јасно беше воочлива од видео снимката презентирана на македонските медиуми. Имено на слични вакви собири организирани од Виножито во минатото евидентно беше присуството на полицијата како заштита од евентуални инциденти. Во последниот случај, за време на промоцијата одржана во меѓународниот прес-центар во Атина, кој се наоѓа во близина на грчкото Министерство за надворешни работи, полицијата иако беше во близина на местото на настанот, сепак се појави веднаш откако неонацистите ја напуштија зградата на прес-центарот.

Инцидентот предизвикан од грчките неонацисти секако дека имаше одредена цел. Покрај заплашувањето на претставниците на македонското малцинство во Грција со демонстрирањето сила сакаше да се покаже дека во Грција не постојат етнички Македонци и дека тие се наводни “агенти на Скопје“. Премолчаната промоција на грчко-македонски речник би значело и дефакто признавање на македонска нација и јазик. Вознемирувачка е постапката да се реагира на таков начин, кога со еден благороден чин се има за цел доближување на двата соседни народа. Сепак, историјата покажува обратен правец, кога, поради потребата за разбирање на месното македонско население во почетокот на 20 век, грчките пропагандни претставници во Македонија на своја рака правеле речници и признавале постоење на македонски јазик.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Добро вечер на македонски јазик

Периодот во грчката историографија познат како “Македонска борба“ (1904-1908) претставувал организирана вооружена интервенција на грчката држава против структурите на Македонската револуционерна организација. Радикален пресврт во политиката на грчката држава кон македонското население и МРО настанал по почетокот на Илинденското востание. Масовноста и вплотеноста на Македонците околу програмата на македонското револуционерно движење најсликовито се покажала во текот на Востанието. На Грција и тсанало јасно дека неколкудецениските интензивни напори за асимилација на Македонците преку црквата и училиштата претрпеле фијаско. Направените анализи од најкомпетентните национални фактори покажале дека преку тие две институции не било можно ниту да се асимилира месното македонско население, а уште помалку грчката држава да се надева во блиска иднина на македонската територија. Се дошло до заклучок да се употребат други, поефикасни средства за постигнување на целта.

Пред официјалното започнување на грчката “Македонска борба“, грчката држава испраќала во Македонија доверливи луѓе со задача на самиот терен да направат истражувања, кои подоцна биле користени за креирање на идната пропагандна политика во Македонија. Резултатите добивани од ваквите истражувања биле крајно спротивни од желбите и очекувањата на државните институции во Атина.

Така на пример во пролетта 1904 година во Македонија бил испратен Георгиос Црбазоглу, службеник и преведувач во грчката амбасада во Цариград. За време на неговата обиколка во Воден и Воденската околија, во извештај до грчката влада од 27 мај 1904 година, напишал:

“...Првенците на градот (Воден, б.м.) и младите, надвор повеќе зборуваат на грчки, отколку на македонски јазик...“

Опишувајќи ја етнолошката физиономија на Серската околија, ќе забележи дека таму постојат две “фамилии-групи“ каде што можело и требало да делува грчката пропаганда, а тоа биле “македонофонската“ (македонојазичната, б.м.), од православни (Македонци, патријаршисти, б.м.) и шизматици (Македонци егзархисти), и елинофонската (гркојазичната, б.м.) група. Во еден од своите наредни извештаи до грчката влада со датум од 26 јули 1904 година, во делот каде што го опишува Илинденското востание, Црбазоглу прави јасна диференцијација меѓу Врховниот македонски комитет - ВМК, кој го нарекол “чисто Бугарски комитет“, и Македонската револуционерна организација МРО, која според него била “Македонски комитет“. Опишувајќи ја втората констатирал:

“...Македонските подводачи, а можеби и самите водачи, под еден и единствен услов на договорот со земјава ја црпеа досега нивната голема моќ: од условот да не гледаш на ништо друго (да немаат друга цел), освен ослободувањето на Македонците како Македонци...“

Следен пример од грчката историографија каде бил употребен терминот македонски јазик, но и потребата од меѓусебно разбирање меѓу двата ентитета, се разбира во тој период првенствено за потребите на грчката пропаганда во Македонија, се писмата на грчкиот офицер Павлос Мелас, кои ги испратил до својата жена Наталија Мела, објавени 1926 година во книгата “Павлос Мелас“. Одобрувањето на грчката влада за започнување конкретни подготовки за организирање оружена интервенција во Македонија против структурите на МРО, значело и испраќање четворица грчки офицери во извидничка мисија во Македонија со цел на лице место да ги проучат условите за организирање на оружена помош на грчката пропаганда во Македонија. Во составот на оваа група грчки офицери кои тајно ја поминале грчко-османлиската граница кон крајот на февруари 1904 година бил и Павлос Мелас. Тие биле придружувани од поткупени месни Македонци предводени од добро познатиот за нас Коте од село Руља, чија првенствена цел била безбедно пренесување на офицерите од село во село, но и да бидат преведувачи меѓу месното македонско население и грчките офицери. Во писмо од 16 март 1904 година, за време на нивниот престој во костурското село Габреш, Павлос Мелас запишал:

“...Се искачуваме ние кон шталата и “добро вечер“ на македонски јазик од жените (не знаат ниту збор грчки) и “добро дојдовте браќа“ од мажите на грчки јазик постојано се слушаат...“

Истиот ден по покана на Коте, во куќата во која престојуваа офицерите биле собрани 12 првенци од селото, дискусијата течела на следниот начина:

“Ним, течно и убедливо им се обрати на македонски Коте, а нам ни преведуваше Пирзас“


За време на престојот во родното село на Коте, Павлос Мелас на својата жена на 17 март 1904 година, и соопштил дека го посетиле селското училиште во кое учениците им испеале песна, но тие не можела да разберат дали јазикот беше македонски или грчки.

Потребата од комуникација со месното македонско население го натерало Мелас да научи и неколку македонски зборови, така во писмо од 21 март 1904 година, за престојот во село Оштима на својата сопруга и напишал:

“...Научив маку македонски зборови што им ги кажувам на жените и мајките...“

Македонскиот речник на Вардас



Следниот историски извор кој ќе го претставиме, а во кој децидно се потенцира постоењето на македонскиот јазик, како и потребата од преведувачи за меѓусебно разбирање меѓу Македонците и Грците е дневникот на главниот андартски водач во Македонија во текот на грчката “Македонска борба“. Георгиос Цонтос Вардас, публикуван 2003 година, од независниот грчки издавач Георгиос Пецивас. Во предговорот издавачот на делото констатира дека:

“...Македономахите (грчките борци за Македонија, б.м.) кои навлегуваат во македонската земја не се судираат со проблеми на комуникација кога доаѓаат до Сјатиста и малку по северно каде што жителите зборуваат грчки. Но пред Костур и секако посеверно имаат потреба од преведувачи...“

Ваквите негови констатации биле базирани пред се на податоци од дневникот на Вардас. Последниот за време на крстосувањето со својата чета по селата од битолската околија (Градешница и Сц. Петка), на 11 Октомври 1906 година запишал:

“...Подоцна на моја покана доаѓаат селаните на кои им зборувам со преведувач и им давам разни препораки...“

Потребата од изучување на македонскиот јазик ја увидел и самиот Вардас. Движејќи се и пропагирајќи меѓу месното македонско население, сфатил дека единствено со знаењето на јазикот кој го говори населението полесно ќе ја пласира големогрчката идеја. Во таа насока на 22 октомври 1906 година во својот дневник запишал дека ќе барал од грчката држава да му

“...испратат некоја книга на македонски јазик, ако постои, за да го научам...“

Само три дена подоцна Вардас констатирал:

“...Се обидувам да го научам македонскиот јазик, но многу ми е тешко, за жал не постои никакво правило и никакво менување и не можам да сфатам на кое менување припаѓа...“

Се разбира мислејќи на непостоењето на македонска граматика. Сепак, тој не се откажал од изучувањето на јазикот, напротив постојано го усовршувал во контактите со месното население, тоа го обелоденува за време на неговиот престој во битолското село Драгош на 28 октомври 1906 година:

“...Вечерта отидоа сите оние што беа со мене во засолништата во некој куќа, јас останувам сам со жените и разговарам со нив вежбајќи го тешко јазикот...“

Вардас за време на неговиот престој во македонија постојано добивал весници од Грција. На 14 август 1907 година во својот дневник забележал дека во в. Пирон од 9 јули 1907 година бил критикуван дека:

“...Се уште не успеа да го научи јазикот на местото, македонскиот...“



Одговарајќи на ваквите тврдења вардас напишал дека тоа не било возможно, бидејќи “не постои никаква книга, ниту учител за овој јазик“, но и јавно укажувал дека сите идни грчки офицери и андарти кога ќе пристигнат во македонија ќе мора да го познаваат македонскиот јазик. Најголема вредност за нас од оставштината на Георгиос Цонтас Вардас поврзано со македонскиот јазик, се наоѓа во папката 18 од неговата архива. Имено во напорите да го научи македонскиот јазик тој направил речник за сопствена употреба, во кој запишал голем број зборови и дијалози на грчки јазик, преведени на македонски, со грчка транскрипција. Речникот ги содржи броевите до 1000, годините, месеците, и деновите од неделата. Потоа под посебен наслов “Како се вели“, биле поместени општи фрази за секојдневно комуницирање.

Во романот на еден од главните идеолози на големогрчката идеја во Македонија од почетокот на 20 век Ион Драгумис, со наслови “Мартирон ке ирон ема“, издаден 1907 година, бил употребен терминот македонски јазик во дискусијата меѓу главниот лик во романот Алексис со еден бугарски офицер. Противејќи му се на офицерот за бугарските претензии кон Битола и Битолската околија, Алексис тврдел дека:

“Таму се наоѓаат неколку села кои зборуваат македонски јазик, кои вие го нарекувате бугарски“

Последниот пример за употреба на терминот македонски јазик кој ќе го претставиме во овој текст, а датира од времето на грчката “Македонска борба“, се спомените на Атанасиос Суљотис Николаидис со наслов “Солунската организација 1906-1908“ Да не стане забуна меѓу читателите, по поимот “Солунска организација“ не станува збор за МРО туку за грчка пропагандна организација која ја формирал Николаидис со цел да дејствува во Солун и македонските села околу Солун. Подготвувајќи се да замине за македонија и очекувајќи го повикот на грчкиот конзул во Солун Ламброс Коромилас, Николаидис во своите спомени запишал:

“...Се зафатив да научам малку славомакедонски, турски и влашки и се друго што можеше да се научи во Атина за борбата...“

За време на престојот во Солун, откако ја формирал грчката “Солунска организација“, Николаидис во рамките на т.н. “мирна пропаганда“ што ја спроведувала организацијата меѓу македонското население во Солун и Солунско, во своите спомени се присетува дека:

“...Пророштва на Александар Велики со објаснување од Иеромонахот Атанасие... преведена на македонославика (македонословенски, б.м.) во 1907 година од Ион Комботекрас и Александрос Нециос...“

Целта на оваа книга која била напишана на дијалектите кои ги говореле солунските Македонци, а напишана со грчка транскрипција, според авторот била да му се покаже на македонското население дека Македонија “не било можно да се ослободи од никој друг, туку само од Грција“. Книгата во тајност била разделувана меѓу македонските селани за кои се разбира била и наменета бидејќи грчкиот јазик за нив бил непознат. Целта како што видовме, било да се наметне во свеста на македонецот, големогрчката идеја.

Од погоре приложените факти во текстот може да се заклучи дека грчките национални херои од тој период биле добро запознаени со фактичката ситуација во македонија. Во контактите со месното македонско население тие лесно ја воочувале етничката посебност на Македонците и македонскиот јазик од соседните на нив блиски народи. Затоа денес, еден век после овие констатации е неразбирливо да се негираат историските факти поради одредена национална идеологија, која пред се е базирана на еден националистички мит карактеристичен за минатото.

- Неделник “Фокус“: Број 730; 26 Јуни 2009;



(клик на сликите за голема резолуција)
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Денешниве грци се противречат со сите нивни важни историски личности.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Сега малце офтопик али јебига тоа е. На местово кај што бев на одмор имаше една грчка фамилија и секој ден муабети ова она, а ја малце крупен и овие се исплашија да не дојде до инцидент и 5 дена само слушам Мацедониа Мацедониа. :tv: Според нив наводно проблемов го прави Европската Унија. Не верувам но што знам, сега и Бугарија почиња да сере тачи ја повикува албанија. Се се плашам да не е ова некое сценарио за изолација на македонците и албанците како превентивна мерка од идна војна и само како таква Македонија да биде примена во нато и еу, сценарио познато на Косово.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Ништо ново,баба ми е од Воден,поточно Долно Родиво мислам,ја прашувам дали имале проблеми со Грците,ми вика дека пред 44' немале никакви проблеми со Грците,слободно можеле да зборуваат Македонски јазик и да се изјаснуваат како истите иако на училиште учеле ГЕЈСКИ јазик,90% од селата во Егејска Македонија биле чисти само со Македонско население,тек горе-доле по некое измешано село.После 44' и 45' почнале проблемите,не им било дозволено никаде да зборуваат Македонски,па ни дома,пра-дедо ми бил однесен во затвор со пресуда за смртна казна,па после смалена на доживотна поради помагање на Македонските ''банди'' како и многу други Македонци.Биле тепани ако не отишле барем и еден ден нашколо,секаде имало Гејски агенти и сл.После тоа 47' преку Кајмакчалан auf widarzen Аеgean.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
След Междус'јузническата војна селото остава в Г'рција. По време на војната жителите му заедно с жителите на г'ркоманското село Сухо и гр'цкото Берово участват в разграбването и опожарјаването на голјамото б'лгарско екзархијско село Зарово. Генерал'т от гр'цката армија Константинос Мазаракис (бившијат андартски капитан Акритас) отбелјазва в 1913 година:


„Висока: македонофонско село, елинизиране чрез училиштата.“

Превземено од бугарската вики.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom