ПО БЛОКИРАЊЕТО НА ГРЧКАТА ГРАНИЦА, УЛТРАНАЦИОНАЛИСТИТЕ ТВРДАТ:
Битола и Гевгелија се грчки!
Трите ултранационалистички организации кои завчера го блокирааа граничниот премин Богородица, сега тврдат дека Битола и Гевгелија се грчки. Екстремистите
со испишаните пароли "Македонија е грчка" побарале и осободување на Северна Македонија
Трите ултранационалистички организации Грчката патриотска асоцијација, Патриотското движење на Кавала и секторот на неопределени патриоти од Северна Грција, кои завчера го блокирааа граничниот премин Богородица, сега тврдат дека Битола и Гевгелија се грчки. Екстремистите со испишаните пароли "Македонија е грчка" побарале и осободување на Северна Македонија во која, според нивните толкувања, Градот на конзулите, но и Гевгелија, и припаѓаат на Грција.
Според фотографиите и видеата кои овие организации ги објавија на нивните сајтови, причината за завчерашното блокирање на граничниот премин со Македонија не била поради поразот на Грција од Македонија во кошарка, туку револтот против настаните во Скопје, меѓу кои и свеченото отворање на споменикот на Александар Велики, но и како што велат недостигот на реакции од грчката Влада. Од друга страна пак
молкот во грчките медиуми по завчерашната неколкучасовна блокада на граничниот премин Богородица е необјаснива. Никаква реакција, ниту пак било каква осуда за ваквиот потег на група грчки државјани кои без било каква најава за собир, го оневозможуваа преминот со Грција. Останува отворено прашањето зошто на грчката полиција и биле потребни речиси 4 часа за да се нормализира сообраќајот на граничниот премин и кои се причините што дозволила 100-ина лица да блокираат државна граница?!?
Меѓутоа, според грчките националисти, полицијата дошла веднаш и по преговорите и разговорите им дозволила да останат уште еден час. ![Шашав :eek: :eek:](/styles/default/xenforo/smilies/eek.png)
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6BE847759C8B214FB21C0B3A9DAB6A3B