Грција се противи на „македонското претседателство“ со СЕ

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Остра реакција на Грција за употреба на името „Македонско претседателство 2010“ во периодот од мај до ноември оваа година кога Македонија ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа.

„Остра реакција на грчкото Министерство за надворешни работи предизвика намерата на Поранешната Југословенска Република Македонија да го искористи претстојното преземање на претседателството на Советот на Европа, за да промовира своите позиции во спорот со Атина за името“, објави електронското издание на грчкиот весник „Навтемборики".
Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас изјави дека „раководството на ФИРОМ“ по кој знае кој пат ги отежнува преговорите во рамките на ОН и практично ги отфрла напорите и иницијативите на Атина за создавање на позитивна клима меѓу двете земји.
Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, вчера изјави дека земјата ќе го употребува името „Македонско претседателство 2010" во периодот од мај до ноември оваа година кога ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа.
„Таа одлука е веќе донесена и како што реков, драго ни‘ е што имаме почитување на тој став на македонската влада претседателството да биде, преведено на англиски ’Macedonian Chairmanship 2010’“, рече Милошоски.
Портпаролот Делавекурас истакна дека Грција е подготвена веднаш да продолжи со конечно решавање на спорот околу името со име со географска одредница за сеопфатна употреба. Тој нагласи дека грчкото Министерство за надворешни работи за случајот ги информирало меѓународните органи на Советот на Европа и другите земји-членки на организацијата.
Реакции на официјално Скопје: Грција да се соочи со реалноста и да не влегува во забранети зони
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ја повика Грција да се соочи со реалноста и да признае дека постојат и македонска држава и македонска нација. Коментирајќи ги грчките забелешки за одлуката Македонија да претседава со СЕ под името „Македонско претседателство 2010“, Иванов изјави дека непризнавањето на македонскиот идентитет е проблем што ги оптоварува билатералните односи меѓу двете земји веќе две децении. Со противењето на употребата на името „Македонско претседателство 2010“ во однос на Советот на Европа, Грција влегува во забранета зона на индивидуални и национални права, изјави, пак, шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, кој додаде: „За жал, Грција со противењето на самиот наслов кој ние сметаме дека е прагматичен за претседавањето на Република Македонија со Советот на Европа, покажува дека нивните притисоци не завршуваат по однос на уставното има не Македонија, туку, за жал, одат чекор понатаму и влегуваат во една забранета зона на индивидуални и национални права на самоопределување и јазичен идентитет.“
Шефот на македонската дипломатија придавката „македонски“ ја оцени како идентитетски код на Македонија и како дел од наследството, културата и традицијата на земјата.


Извор: Deutsche Welle

Како може да им пречи се што има поврзаност со МАКЕДОНИЈА? Толку туп народ не сум видел досега.
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Еми сеа тоа е реалноста. Ко да не знаевме оти така ќе биди? На таа пречка секогаш ќе наидуваме. Сепак ние сме стварно ПЈРМ. Некој некогаш се направи кум без око да му трепне. Не оти сум против некого или сакам да испровоцирам политика него и повеќе од очигледно е дека Грците тоа го користат при секоја прилика. Да се придржуваме на она што сме го прифатиле. Да она што сме го прифатиле ние самите и никој друг. Значи битката е подкопана уште во самиот старт.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Точно, ние сме го прифатиле тоа име "ПЈРМ" ама како име кое ќе се користи само во Обединетите Нации а не надвор од таму.

Незнам колку си запознаен со грчко-македонскиот спор за името уште од 1991 па досега и дали си слушнал или прочитал мислења на други експерти што не се од Македонија ниту пак од Грција, но, затоа уште од тогаш спорот за името е во рамки на Обединетите Нации, бидејќи се преговара за името што таму ќе се користи.

Ниту една држава на друга неможе насила да и каже да си го смени името или да и наметнува како да се вика.

Ако беше така немаше да преговараме преку Обединетите Нации туку директно ќе седневме на маса, ние и грците и ќе си го решевме проблемот.

Плус тоа, ПЈРМ е само кратенка која е прифатена да се користи на одреден временски период, што значи дека немора засекогаш да останеме ПЈРМ во рамките на ОН.

Ние ако сакаме ќе се викаме и Недојдија (Neverland) и никој не треба во тоа да ни се меша, ама џабе е кога никој не го почитува тоа.:toe:
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Фала богу што оваа влада со овие луѓе се власт па го одржуваме националниот идентите и името и се спротиставуваме на сите притисоци
Да беа некои други (знаеме кои) ќе се викавме шупаци до сега и ќе бевме жители на шупакландија
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Е уште тоа ни фали,а како што тргнало тоа би било име за нас "Недојдија".:pos2:Koнечно еве еден добар предлог.Република Недојдија.Сепак да се почека да не направиме некој спор со семејството на Мајкл Џексон.:pos2:
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Еми сеа тоа е реалноста.Ко да не знаевме оти така ќе биди?На таа пречка секогаш ќе наидуваме.Сепак ние сме стварно ПЈРМ.Некој некогаш се направи кум без око да му трепне.Не оти сум против некого или сакам да испровоцирам политика него и повеќе од очигледно е дека Грците тоа го користат при секоја прилика.Да се придржуваме на она што сме го прифатиле.Да она што сме го прифатиле ние самите и никој друг.Значи битката е подкопана уште во самиот старт.
Не решија брате многу одамна не решија ,уствари не одамна туку од самиот старт ние никогаш не сме биле самостојна република Македонија ,затоа што оваа држава во почетокот не ја воделе Македонци туку луѓе чиј национален идентитет бил пролетерски и профитерски ,а најтрагично уште и славо-македонски и тоа со камера заверено и запишано и искажано од тогаш највлијателниот пролетер
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Е уште тоа ни фали,а како што тргнало тоа би било име за нас "Недојдија".:pos2:Koнечно еве еден добар предлог.Република Недојдија.Сепак да се почека да не направиме некој спор со семејството на Мајкл Џексон.:pos2:
Пази може и Авторот на Петар Пан да се пожали.

:pos::pos::pos::pos::pos:

Не решија брате многу одамна не решија ,уствари не одамна туку од самиот старт ние никогаш не сме биле самостојна република Македонија ,затоа што оваа држава во почетокот не ја воделе Македонци туку луѓе чиј национален идентитет бил пролетерски и профитерски ,а најтрагично уште и славо-македонски и тоа со камера заверено и запишано и искажано од тогаш највлијателниот пролетер

Епа така е ама што да правиме, мора да се бориме за да успееме. Со проблемите треба соочување а не бегање од нив.:toe:
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Mногу нормално дека се бориме ...

Израснав гледајќи ја мојата земја како Фиром на евровизија ,на олимписки игри,спортски натпреварувања ,на секакви настани низ целиот свет ,благодарејќи на кого ,ах мамицата ...
Чудно ми е како тогаш дури ни уставното име не успеале да ни го сменат па и самите да почнеме да се нарекуваме мајмуни...

Се замислувам како да се исправам и борам сега кога сме веќе од старт разебани у рбетот ... ама ајде еве гураме некако се бориме
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Пази може и Авторот на Петар Пан да се пожали.

:pos::pos::pos::pos::pos:




Епа така е ама што да правиме, мора да се бориме за да успееме. Со проблемите треба соочување а не бегање од нив.:toe:

Ова е во ред но да не правиме падни стани.Оти мене се ми изгледа падни-стани систем.Додека едни ќе се борат други ќе му поставуваат сопки.Не би сакал никого да посочувам оти кај нас нее ни црно бело како што велат.Еднобојно се у пиздуматерину.

Многу нормално дека се бориме ...
Израснав гледајќи ја мојата земја како Фиром на евровизија ,на олимписки игри,спортски натпреварувања ,на секакви настани низ целиот свет ,благодарејќи на кого ,ах мамицата ...
Чудно ми е како тогаш дури ни уставното име не успеале да ни го сменат па и самите да почнеме да се нарекуваме мајмуни...
Се замислувам како да се исправам и борам сега кога сме веќе од старт разебани у рбетот ... ама ајде еве гураме некако се бориме
:pos2::pos2:Еве еден.Шо ти велам а?Брат ти имаше 3 години ко ни го туриле името???Што че му кажеш на твојот помладок некогаш?
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Реакции на официјално Скопје: Грција да се соочи со реалноста и да не влегува во забранети зони

Колку само ми се прави мерак со реченицава :tv: :oeoeoe:

[/b] Ова е во ред но да не правиме падни стани.Оти мене се ми изгледа падни-стани систем.Додека едни ќе се борат други ќе му поставуваат сопки.Не би сакал никого да посочувам оти кај нас нее ни црно бело како што велат.Еднобојно се у пиздуматерину.


:pos2::pos2:Еве еден.Шо ти велам а?Брат ти имаше 3 години ко ни го туриле името???Што че му кажеш на твојот помладок некогаш?
Ќе му кажам дека со сите мои сили на 3 годинки се борев и дебатирав за името да ни остане Македонија ... :uvo:
Која ти е целта со прашањево ?
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Епа не сме ние криви (мислам на сите оние родени по независноста на Македонија во 1991 ) криви се нашите родители што тогаш му дозволиле на Киро наш да ни става име на држава какво што нему му одговара мамето негово. Абе ми доаѓа да се екнам од земја кога ќе помислам на тоа. Многу пати дома сум се расправал со моите на оваа тема, сега не им е убаво што грција не малтретира за името, а сум им кажувал што мајка му дозволиле на Киро тогаш да менува име, ќутат ко пички незнаат што да кажат.

Реакции на официјално Скопје: Грција да се соочи со реалноста и да не влегува во забранети зони

Колку само ми се прави мерак со реченицава :tv: :oeoeoe:


Ќе му кажам дека со сите мои сили на 3 годинки се борев и дебатирав за името да ни остане Македонија ... :uvo:
Која ти е целта со прашањево ?
Ќе му кажиш дека си му ја ебел мамицата на секој што го прифатил ПЈРМ и што те нарекол фиромец. Од кај ќе знае он дека го лажеш, ќе си мисли ииијјјј ова татко ми многу ненормален бе...:tapp::tapp::tapp::pos2::pos2::pos2:
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Former Yugoslav Republic of Macеdonia не е име туку привремена референца под која Република Македонија беше примена во ООН.

За FYROM никој функционер од Р. Македонија никаде не потпишал ништо! Тоа е грчко масло кое се чини и многу наши си го прифатија како факт. Ако веќе се крати би требало да е FYR Macedonia, а не FYROM.

Ако некој заборавил да потсетам дека над 120 земји во светот не признаа под уставното име.
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Реакции на официјално Скопје: Грција да се соочи со реалноста и да не влегува во забранети зони

Колку само ми се прави мерак со реченицава :tv: :oeoeoe:


Ќе му кажам дека со сите мои сили на 3 годинки се борев и дебатирав за името да ни остане Македонија ... :uvo:
Која ти е целта на прашањево
?
Па тоа и нее прашање туку повеќе да се види должината на проблемот.Погоре спомнав дека цели генерации израснаја со тоа име.Нас можеби ова ни се гледа смешно но некогаш кога помладокот ќе учи историја дали можеш да замислиш колку понижувачко ќе биде сознанието дека некогаш сме биле безимени.Уште посрамно че биде и сознанието дека сме го промениле оти на некого така му прднало на к...т

Former Yugoslav Republic of Macеdonia не е име туку привремена референца под која Република Македонија беше примена во ООН.

За FYROM никој функционер од Р. Македонија никаде не потпишал ништо! Тоа е грчко масло кое се чини и многу наши си го прифатија како факт. Ако веќе се крати би требало да е FYR Macedonia, а не FYROM.

Ако некој заборавил да потсетам дека над 120 земји во светот не признаа под уставното име.
Па тогаш шо се заебаваме.Само немој да ми велиш дека тоа е дипломатија.И јас не гледам разлика во ФИРОМ и ФИРМакедонија.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Former Yugoslav Republic of Macеdonia не е име туку привремена референца под која Република Македонија беше примена во ООН.

За FYROM никој функционер од Р. Македонија никаде не потпишал ништо! Тоа е грчко масло кое се чини и многу наши си го прифатија како факт. Ако веќе се крати би требало да е FYR Macedonia, а не FYROM.

Ако некој заборавил да потсетам дека над 120 земји во светот не признаа под уставното име.
Абе брат се ок, ама која корист што тие 120 држави не признале под уставно име? И САД не има признаено под уставно, па Буш пак не успеа да не набута насила во НАТО на самитот во Букурешт пред 2 години. :toe:
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
И јас не гледам разлика во ФИРОМ и ФИРМакедонија.
Штом не гледаш ќе те просветлам. Во едното се содржи "Македонија" (FYR Macedonia), а другото е збир на бесмислени букви (FYROM).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom