Грција поради Македонија спрема вето за Исланд

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Нека дигаат џева бе, тоа ќе му помогне на филмот да собере уште повеќе популарност :)

Моја препорака до вас е: Препраќајте ја веста до странските медиуми, ова особено се однесува за оние нашинци кои живеат и работат во странство.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Точно, но ни требаат поввеќе податоци отколку само прераскажување на исказот на Еинарсон.

Барајте исказ/цитат од него и исказ од амбасадорот ИЛИ од амбасадата ИЛи од нивното МНР.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Очекував нешто вакво, Исланд попушти пред нивниот притисок (имаат добра позиција за уценување, кога и Исланд успеаја да го предомислат за така банална работа, значи не сме ние сироти..)

ПОРАДИ ФИЛМ ЗА МАКЕДОНИЈА

Грција му се заканува со вето и на Исланд
Грчките дипломати јасно му укажале на амбасадорот на Исланд "Грција ќе направи се за да го блокира пристапувањето на неговата држава во Европската Унија, ако се осмели да го прикаже филмот"
Закажаната прва промоција на документарниот филм "Име си е име", од исландскиот режисер Сигурјон Еинарсон во кој Македонците се претставени како заложници на своето име, скандалозно е откажана по силен притисок на високи грчки дипломати, објави вчера скопската телевизија Канал 5.
Грчките дипломати јасно му укажале на амбасадорот на Исланд "Грција ќе направи се за да го блокира пристапувањето на неговата држава во Европската Унија, ако се осмели да го прикаже филмот".
На првата презентација што требало да се одржи во резиденцијата на амбасадорот на Исланд во САД требало да присуствува и неговиот грчки колега и македонскиот амбасадор во Вашингтон.
Инцидентот го потврди и режисерот на филмот, Еинарсон.
"Единствено нешто што амбасадорот сакаше да ми каже е дека бил контактиран од грчките власти и тие направиле нешто со што навистина го уплашиле да го прикаже филмот. Исланд е во многу специфична позиција. Земјата е под голем притисок и потребна и е помош од меѓународната заедница. Грција го знае тоа и го искористува да ги принуди да се откажат од неговото прикажување", вели Еинарсон за Канал 5.
Во овој филм исландски патеписец ги прикажува убавините на Македонија, но воедно тој ја согледува и вистината за оваа земја преку нејзините луѓе и нејзиното историско и културно природно наследство. Фокусот на филмот е како Македонија и Македонците неправедно се заложници поради своето име. Еинаросон вели дека овој инцидент нема да го сопре во понатамошното презентирање на филмот.
Исланд е земја која е најсериозен кандидат за членство во Унијата. До сега ги има исполнето најголемиот дел од условите за добивање статус полноправен член.

.... Сега треба се посилна промоција на филмот и случувањата со „претходните промоции“ секако со посебна нагласеност на заканите за ВЕТО на трета земја!
:smir:
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Неможе грција на сите вето да удира... :nenene:
 
Член од
13 јули 2009
Мислења
902
Поени од реакции
123
Толку ли е јака ова шовинистичка држава ?
Ајде за малите земји како МК и АЛ може да си игра кур ташак уште некој ден, али Исланд сепак е една западна озбилна држава ...
Од каде толку сила ?
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
34
Ха ха ха...

Осеќам дека гадно ќе се заебат овие.

Вај оу вај?

:kesa:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Грчките националисти нема да ме замолчат

Исландскиот режисер Сигурјон Ејнарсон реагира на блокадата на неговиот филм „Име си е име“, кој се однесува на Македонија и спорот со Грција. Во интервјуто за „Нова Македонија“ Ејнарсон вели дека иако снимал и други лични филмови, досега никој вака не му се заканувал нему и на неговата земја.

Вашите документарци секогаш предизвикуваат многу врева. Како обичните луѓе го доживуваат филмот и инцидентот во исландската амбасада? Ние овде мислиме дека вакви нешта нема во тој дел од Европа.

- Инцидентот во амбасадата е мошне интересен и ме изненади. Сите инволвирани во ова знаеја за што се работи во филмот, како што впрочем стои и во поканата на исландскиот амбасадор. Она што е интересно е дека амбасадорот и Министерството за надворешни работи на Исланд имаа различни „изговори“ за откажувањето на прикажувањето на филмот. Нема никакво сомневање дека филмот е откажан поради грчки притисок, иако тоа што било кажано или напишано во амбасадата за мене е тајна. Но јасно е дека Исланд е под голем притисок, се пријави за членство во ЕУ и бара пари од ММФ. Претходно Исланд секогаш ги поддржувал малите нации, како балтичките земји во 90-тите години и Источен Тимор кога се одвојуваше од Индонезија. Дури ни соседните земји, како Норвешка, не се осмелија да го поддржат Источен Тимор.



Исланд уште на 29 декември 1993 година ја призна Македонија како ФИРОМ. Не гледате овде некој контрадикција?

- Да, но ова не кажува многу. Македонија на Исланд ја викаат само Македонија. И исландскиот амбасадор во поканата за филмот напиша Република Македонија, тоа е една од причините зошто Грците му се развикале. Сега ние имаме нова лево-центристичка влада во Исланд. Таа има агенда да поддржува нации како Македонија во нивната борба за правда. Но сега Исланд е во дилема.



Како ја коментирате реакцијата на Грците во амбасадата?

Мислам дека е совршен пример на грчкото насилство и притисок. Македонија со своите 2 милиони граѓани е во заложништво на Грција. Турција со своите 75 милиони жители е заложник на Грција, а сега и Исланд со своите 330.000 жител е потенцијален заложник.



Исланд, исто така, беше на големи маки со Данска...

- Тоа е стара приказна. Исланд беше горда демократија пред 1.100 години. Го имавме првиот парламент во светот, основан во 930 година. Низ времето Исланд беше владеан од неговите нордиски соседи сé до независноста од Данска во 1944 година. Данска денес е високоразвиена земја и добро се однесува. Грција има многу што да научи од Данска.



Грчката заедница во САД веќе започна своевидна кампања против филмот. Тврдат дека филмот е скопска пропаганда и дека полн со лаги. Има нешто што не е точно во „Име си е име“?

- Мислам дека тие реакции се глупави. Најверојатно не го ни виделе филмот. Мислам дека тоа не начин на кој реагира просечниот Грк. Грците генерално се добри луѓе. Сепак, грчката пропаганда е силна и користи многу валкани трикови. Ова е само чесен документарен филм - можат да врескаат и да пишуваат колку што сакаат - нема да ме замолчат.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112091044156&id=9&prilog=0&setIzdanie=21842
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Најдобро ќе биде видеото да го откупи некоја Македонска телевизија (или владата) и да го пуштат каде што ги праќаа и оние видеата запознајте ја Македонија.

Шо било то, како сакате прајте само на Грција ако и смета, ќе добиете вето. Јас незнам зошто уште таа земја е во Е.У. Слободно можат да ја избркаат, ионака освен за вето и создавање спорови за друго не ја бива. Дури и економијата им е полоша од нашата :icon_lol: и им произведува огромни загуби.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Мора нешто да се стори, неможе да се преќутуваат постојано вакви работи карактеристични за некои режими.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Ќе му се фати Грција на Исланд.

Како прво, Атињаниве уште толку би си ги нарушиле своите меѓународни позиции ако стави вето врз Исланд.
Како второ, интересот на ЕУ за Исланд е огромен, така да нема ни теоретски шанси да дозволат такво нешто.
Трето, Скандинавците во принцип си внимаваат едни на други, а моментално претседателството на ЕУ и припаѓа на Шведска.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Толку ли е јака ова шовинистичка држава ?
Ајде за малите земји како МК и АЛ може да си игра кур ташак уште некој ден, али Исланд сепак е една западна озбилна држава ...
Од каде толку сила ?
tie im se sprotivstavija na USA vo Bukurest a da ne zboruvame za Island :)
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Заклучокот е дека грција има некоја сокриена важна позиција во овие педофилски позиции. Ми се чини дека таа чува многу гнасни тајни за големите сили, таа или самата нејзина историја. Во секој случај ова што се случи со филмот и Исланд треба да биде само уште еден аргумент кои НИЕ ќе го искористиме за да го докажеме она кое се трудиме да го докажеме еден век за нашите комшии.

Што мислите за веста „Сад дигна раце од Македонија“ ... вистина или опозициски трикови ?
http://www.vest.com.mk/?ItemID=2D782256BA6BD94C9C649CEBE4F0B30F
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Greek-Macedonian spat splatters Iceland

The ongoing Greek-Macedonian dispute has spilled over to affect Icelanders…in Washington DC and Norway.
The issue came up when Hjalmar Hannesson, Iceland’s ambassador to the USA decided to screen the new film by Norway-based Icelander Sigurjon Einarsson.
Einarsson’s film is called ‘A Name is a Name’ and is set in Macedonia and explores the country’s relationship with Greece, which claims the name Macedonia is already in use by a region in Greece and cannot therefore be used by the nation of Macedonia. This seemingly minor issue has soured relations between Skopje and Athens since Macedonian independence in 1991 and has even stalled Macedonian intentions to join the EU and other organisations.
Macedonian sources claim that Athens threatened to hinder Iceland’s own EU application procedure if Hannesson decided to show the movie. The proposed date of the private screening and whether or not Hannesson has chosen to go ahead are not yet known.

http://www.icenews.is/index.php/2009/11/20/greek-macedonian-spat-splatters-iceland/
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Колку е само толерирана оваа држава креирана во 19-от век за европски потреби?!

Ама кај нив не се јавиле сигурно никакви стручњаци и аналитичари да кажат дека ова што го прави Грција е незамисливо, и фашистичко. Меѓутоа сепак, толерирани се од Европа до крајни граници. Мислам војна да почнат утре европјаните ќе го обвинуваат секого само не нив. Овие шовинисти и ксенофоби немаат никава врска со старите грци.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Грција сама ќе се закопа, полека тоне во жива песок за кратко време ќе стигне и закопувањето.. со Турците имаат спор, со Македонија исто сега и со Исланд ќе се рчкаат епа добро кој е крив сега како се нив нешто им фали копилиња фашистички.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom