@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.109
29.08.2008. Сензационално откритие: Евангелие на Македонски од 18 век!
Кониковското евангелие е најстариот запис на македонски јазик, постар и од Лексикон тетраглосон на Данаил од Москополе кој датира од 1802 г. Текстот е напишан на егејски дијалект, поточно на воденско-ениџевардарскиот народен говор, со грчкото писмо, и е првиот обид за популаризација на македонскиот народен јазик и отфрлање на црковнословенскиот јазик
Фински истражувачки тим во Александриската библиотека го пронајде најстарото евангелие на народен македонски јазик печатено во 1852 г. во Солун познато како Кониковско евангелие. Славистите велат дека станува збор за откритие кое е првокласна научна сензација. Евангелието е напишано на народен македонски јазик на крајот од 18 век и е најстар запис на долновардарскиот или егејскиот дијалект на Македонците кои живееле и живеат во Грција. Името го добива по редакторот на текстот, Павле Божигропски од село Кониково (Воденско) кој се потпишува како Протосингел Павел родом Воденска. Лингвистите претпоставуваат дека оригиналот врз кој Павел Божигропски вршел редактура е најстариот запис на македонски јазик, постар и од Лексикон тетраглосон на аџи Данаил од Москополе кој датира од 1802 г., но, за жал, немаат никакви податоци за авторот. Текстот е напишан на егејски дијалект, поточно на воденско-ениџевардарскиот народен говор, со грчкото писмо, и е првиот обид за популаризација на македонскиот народен јазик и отфрлање на црковнословенскиот јазик.
Финската академија на науки и уметности во август годинава го објави делото The Konikovo Gospel во редакција на Јоуко Линдстед и Јухани Нуорлуото од Финска, додека редактор од Македонија е професорот Људмил Спасов.
Оригиналниот ракопис пронајден во Александриската библиотека претставува прекрасна книга оштетена од многу употреба. Постојат многу дамки од восок од свеќи и масло. Долните десни агли на листовите се закинати од листањето на страниците. Забележани се и дупки од црви, како и кај повеќето библиотечни ракописи........