Грците не признаа уште пред три века!?

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
29.08.2008. Сензационално откритие: Евангелие на Македонски од 18 век!

Кониковското евангелие е најстариот запис на македонски јазик, постар и од Лексикон тетраглосон на Данаил од Москополе кој датира од 1802 г. Текстот е напишан на егејски дијалект, поточно на воденско-ениџевардарскиот народен говор, со грчкото писмо, и е првиот обид за популаризација на македонскиот народен јазик и отфрлање на црковнословенскиот јазик
Фински истражувачки тим во Александриската библиотека го пронајде најстарото евангелие на народен македонски јазик печатено во 1852 г. во Солун познато како Кониковско евангелие. Славистите велат дека станува збор за откритие кое е првокласна научна сензација. Евангелието е напишано на народен македонски јазик на крајот од 18 век и е најстар запис на долновардарскиот или егејскиот дијалект на Македонците кои живееле и живеат во Грција. Името го добива по редакторот на текстот, Павле Божигропски од село Кониково (Воденско) кој се потпишува како Протосингел Павел родом Воденска. Лингвистите претпоставуваат дека оригиналот врз кој Павел Божигропски вршел редактура е најстариот запис на македонски јазик, постар и од Лексикон тетраглосон на аџи Данаил од Москополе кој датира од 1802 г., но, за жал, немаат никакви податоци за авторот. Текстот е напишан на егејски дијалект, поточно на воденско-ениџевардарскиот народен говор, со грчкото писмо, и е првиот обид за популаризација на македонскиот народен јазик и отфрлање на црковнословенскиот јазик.
Финската академија на науки и уметности во август годинава го објави делото The Konikovo Gospel во редакција на Јоуко Линдстед и Јухани Нуорлуото од Финска, додека редактор од Македонија е професорот Људмил Спасов.
Оригиналниот ракопис пронајден во Александриската библиотека претставува прекрасна книга оштетена од многу употреба. Постојат многу дамки од восок од свеќи и масло. Долните десни агли на листовите се закинати од листањето на страниците. Забележани се и дупки од црви, како и кај повеќето библиотечни ракописи........ :vozbud::vozbud:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
ГРЧКАТА АНТИМАКЕДОНСКА ПОЛИТИКА

Денес, како што пишуваат финските издавачи во Кониково, воопшто нема Македонци бидејќи биле иселени од селото меѓу 1912 и 1928 г., а Грците го имаат преименувано селото во Дитико и таму живеат исклучиво маџири. Воденскиот дијалект на кој е напишано евангелието, Финците со голема помош на активистите на Виножито го слушнаа во околното село Грива. Странците во тимот, и тоа не само оние од Финска, кои се запознаа со македонското население во Грција, беа восхитени што конечно открија една нова Грција, за која велат дека отсекогаш знаеле дека постои, но за нив била недостапна.
Виктор Фридман, професор по балкански и славистички студии од Чикаго, пишува дека значењето на Кониковското евангелие е непроценливо: “Дијалектот во Кониковско евангелие е од извонредно значење зашто доаѓа од регион кој ì е доделен на Грција по Балканските војни во 1913 г. и каде што се населуваат стотици илјади бегалци кои зборуваат грчки и турски како резултат на размената на население меѓу Грција и Турција (1922-1923) и на обидот на Грција да создаде етнички хомогена држава со искоренување на јазиците на малцинствата меѓу двете светски војни. Истовремено, во овој регион се водат најжестоките борби за време на Граѓанската војна кои резултираа со заминување на илјадници Македонци по 1948 г., така што на овој дијалект денес зборуваат мал број луѓе”.
Значењето на делото е огромно зашто грчкиот прогон врз словенскиот јазик и литература датираат уште од времето на Византија во 11 век, кога се уништени сите книги на словенска кирилица, а до почетокот на 18 век кирилицата во Грција е сосема искоренета. Евангелието напишано на македонски јазик претставува очигледен отпор кон таа политика на Грција. Иако во времето на Отоманската Империја под зборот милиет (народ) влегувале ортодоксните христијани, односно станувало збор за религиска категорија во која спаѓале сите немуслимани, сепак постоела свест дека не само религијата, туку и јазикот се основа за националниот идентитет, и токму затоа и е направено евангелие на народен македонски јазик.
Професорот Фридман пишува: “Нашето знаење за развојот на македонскиот јазик и идентитет во доцниот 18. и раниот 19 век е значително збогатено со Кониковското евангелие, зашто тоа е од период кога за прв пат се појавува во писмена форма она што денес е стандарден македонски јазик. Кониково госпел е најраниот текст во кој се употребува колоквијалниот македонски јазик како пишан јазик. И додека авторот за прв пат пишува на македонски, Павел Божигропски со своите исправки се обидува да го нормира тој јазик!
Грчкото противење на Македонците во Грција продолжува од тоа време до ден-денес, и покрај печатењето на Абецедарот во 1925 г. во Солун, наменет како буквар за Македонците од Северна Грција”.

ЗА НАС САМИТЕ

Звучи нереално и сосема неверојатно, но во период кога Македонија е во најжесток судир со Грција околу одбраната на името, јазикот и идентитетот, Министерството за наука не му одобри на македонскиот научен тим 6.000 евра, по 2.000 евра годишно за истражување на ова дело од исклучително значење за македонскиот идентитет воопшто и за постоењето на Македонците во Грција. Делото го издаде Финската академија на науки и уметности во Хелсинки, со голема помош на македонистите од Катедрата по македонски јазик на Универзитетот Кирил и Методиј под водство на професор Људмил Спасов и со огромна помош на волонтерите од Виножито. Македонската држава и наука полека го губат реперот и наместо да се држат до цврстите докази, непобитните факти (како што е Кониковското евангелие) и науката која ни оди сосема во прилог, влегува во водите на политички мотивиран квазинаучен авантуризам, со кој преку крајно изнасилени аналогии (на јазикот на Хунзите, на пример) се обидува да покаже некаква теза дека македонскиот јазик не е словенски, туку е оној што го говорел Александар Велики. Светот на науката и нашите пријатели кои секогаш ни помагаа во борбата за зачувување на македонскиот идентитет, иако имаат разбирање за потребата идентитетот да го врземе за древни времиња, сепак ни се смеат.
напишано од Атанас КИРОВСКИ
 
Член од
29 август 2008
Мислења
149
Поени од реакции
5
Ова е многу интересно! Има ли некоjа слика?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Член од
16 февруари 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
10
може на кратко за што се работи ме мрзи да читам :helou:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
[acko]®;1612074 напиша:
може на кратко за што се работи ме мрзи да читам :helou:
nemoze.., vakvite raboti se dolgi i naporni....zatoa nie kako poznati mrzi sme tamu kade sme...:)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
10
nemoze.., vakvite raboti se dolgi i naporni....zatoa nie kako poznati mrzi sme tamu kade sme...:)
значи не дека ме мрзи туку неможам да гледам веке. а не гледам затоа што цел ден работам за разлика од тебе што цел ден си го ТОЛЧИШ по дома... и доста ми паламудиш те молам напорен си ми веке...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ова е многу старо бе, каква сензација кога на форумов го дискутиравме пред 2 години :)

 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Ова е многу старо бе, каква сензација кога на форумов го дискутиравме пред 2 години :)
Финската академија на науки и уметности во август годинава го објави делото The Konikovo Gospel во редакција на Јоуко Линдстед и Јухани Нуорлуото од Финска, додека редактор од Македонија е професорот Људмил Спасов.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
149
Поени од реакции
5
Дали е тоа исто бугарска пропаганда???
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Јухани Нуорлоуото

Нов наод: РАКОПИСОТ НА КОНИКОВСКОТО ЕВАНГЕЛИЕ












 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Финската академија на науки и уметности во август годинава го објави делото The Konikovo Gospel во редакција на Јоуко Линдстед и Јухани Нуорлуото од Финска, додека редактор од Македонија е професорот Људмил Спасов.
Станува збор за комплентното издание 2008, иначе како ќе ги имавме сликите од евангелието ако не било претходно објавено, барем оние што се интересираат за ваквите наоди кои одат во наша полза :wink:
 
Член од
7 јули 2008
Мислења
100
Поени од реакции
1
Ова е многу старо бе, каква сензација кога на форумов го дискутиравме пред 2 години :)




МП=Б

"...ТИПОСАНО НА БОГАРСКОИ ЕЗИК..."


Е на ова му се вика автогол, а братче? :pos2:
 

Attachments

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
МП=Б

"...ТИПОСАНО НА БОГАРСКОИ ЕЗИК..."


Е на ова му се вика автогол, а братче? :pos2:
Не викај ОП пред да скокнеш :)

The manuscript must originally have contained about 124 pages, 74 of which have been preserved. The Slavic part is a valuable source for research into the dialects and more recent history of Macedonian. The Macedonian language is the closest relative of Bulgarian. It did not acquire a definitive standard language until after World War II.


А Славистите јасно потенцираа: Се работи за ДИЈАЛЕКТ на Македонскиот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom