- Член од
- 11 јуни 2007
- Мислења
- 1.505
- Поени од реакции
- 1.302
„Јас Македонец а она Русинка“- ова е делот од песната со која Влатко Илиевски ќе настапи на Евровизија,а кој ја разгневи Грција.
Зошто Влатко пее дека е Македонец? Со текстот, Скопје шири пропаганда и ја фалсификува грчката историја, смета Кирјакос Велопулос од ЛАОС.
Изминатиот период тој бурно следи што се случува кај нас и не престанува со своите писма до грчките министерства. Денеска прашува дали министерството за култура е запознаено со стиховите од македонскиот претставник што според него очигледно е дека шират пропаганда.
За Велопулос, Евровизија не е само еден обичен фестивал, туку европски натпревар што го следат десетици милиони луѓе од различни возрасти, но пред се млади и бара грчкото министерство за култура да преземе мерки за да се спречи, како што вели, скопската пропаганда.
А грчките блогери лути на Википедија, зошто на официјалната страница на интернет енциклопедијата стои Македонија, и македонски јазик, а не ФИРОМ.
Се чини дека Грција секоја година наоѓа мана на македонските претставници, лани реагираа за евровизискиот спот на Ѓоко Таневски, годинава за текстот на Влатко Илиевски.
извор www.kanal5.com.mk
Извинете ако има ваква тема или ако не може да се отвори ваква тема !!!