Јас, искрено, од петни жили се обидувам да ве разберам...
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)
Но, дали мојот став и мојот начин на живот, дека ако кон некој не осеќам емоционална приврзаност, не можам да имам секс со него, дали малиот број на години, дали некоја вродена одбивност кон тоа, дали стравот дека после такво нешто, ќе осеќам силна вина која дури може и да ја пеплоса љубовта... прават да мислам вака како што мислам.
Плус тоа, за мене сексот не е само забава или задоволување на потребата. За мене тоа е израз за најголема емоционална интима меѓу двајца кои се сакаат, почитуваат, разбираат. Велиш “...доколку и двајцата знаат со кој сакаат да бидат...“ па продолжуваш дека групниот секс “...ќе им ги задоволува потребите кои сите ги имаме...“.
Ако двајцата знаат што сакаат, тогаш од каде потребата за трета, четврта... личност во нивниот живот? Мене ова ми личи на врска од корист, каде партнерите се заедно не заради страст, почит и разбирање, туку заради остварување на некоја материјална или социјална корист. А оти во таква врска, љубовта и да ја нема, се воведува надворешна странка која БИ ТРЕБАЛО да ги задоволи потребите и апетитите што не можеме да ги задоволиме со “саканата ни личност“.
Не малку, туку МНООООГУ ми е нејасно ова. Дури и лицемерно.
Не сум ги имал тие проблеми на монотонија во долга врска, спласнување на страстта, но мислам дека кога во една врска тие би се појавиле, не би имал што да барам понатаму со таа личност. Затоа, едни врски, па и бракови, се прекинуваат, други започнуваат...
Не знам, само искрено се надевам дека животот нема да го смени моето мислење по ова прашање.
Па не сме тука да се убедуваме едни со други, туку можеби малце да ги отвориме видиците
Како што ти неможеш да ме убедиш дека хомосексуалноста е во ред и природна, така и јас нема да настојувам да ти сменам ставот во врска со групниот секс.
Кога напишав, доколку двајцата знаат со кој сакаат да бидат, на ум го имав следново.
Јас знам и свесен сум дека си ја сакам девојка ми и дека сакам да бидам со неа и после некоја секс пригода која би вклучувала други луѓе
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Значи, неможе ништо да ме исфрли од колосек. Не би одел во ова, доколку би осетил дека мојата девојка се колеба или дека не е сигурно како ова би влијаело на нашата врска.
Меѓутоа со правилна работа над неа, правејќи да се чувствува сигурна и да сака да доживее некоја интимна фантазија не чувствувајќи вина поради тоа, може се' да се постигне.
Многу зависи од мажот, според мене, бидејќи обично тој иницира вакви чекори и треба да ги постави правилата на игра.
Никогаш на пр. не би се согласил мојата девојка да учествува во некакви “игри“ од тој тип, без мене. Тогаш тоа неможе да биде “игра“ доколку и јас не учествувам.
Друга важна работа е двојката со која заедно би се впуштиле во вакви пригоди. Треба да се согласувате во перверзијата и истите да се искусни за да не дојде до мешани емоции, каде би преовладала љубомората и ривалството.
Најдобрите групњаци, кои се и воедно најсигурни и со најмал ризик, кога се среќаваат сосема независни машки и женски, каде нема парови и според тоа нема компликација и се' се одвива според сексуалниот нагон
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Така е најдобро да се почне.
И не, не е секој способен да помине преку вакви експерименти, затоа доколку се колебаш, дури и минимално, подобро воопшто не пробувај бидејќи ќе излезеш заебан. :smir:
Повеќето кои сакаат групен секс копнеат по креативност и поттик.
Некое мажи се како да кажам припадници на врста кои за секс се би направиле. Не ми е јасно дали е сеедно со кој ќе се има сексуален однос и во кој ќе го внесат својот полов орган? Ок можеби ги возбудува помислата на групен секс зашто гледале некој порнич и сега имаат прв пат можност да го испробаат одблизу во живо. Можеби се егзибисти и уживаат кога некој ги набљудува. Можеби се само љубопитни. Можеби се навистина толку очајни и ја грабнуваат секоја прилика за секс која им се нуди, посебно ако се работи за групен секс..
Психолозите тврдат дека некои луѓе природно се склони кон сексуален егзибиционизам. Тие сметаат дека односот во присуство на други ја зголемува возбудата, зашто тоа е "највалканото нешто" што може да се направи во сексот и ги преминува сите конвенкции. Екстремниот егзибиционизам не може да се набљудува како показател на сексуално слободоумние. Тестирањето на лимитот на егзибиционизмот може да остави емоционална трага посебно кај жените.
Сакаш да кажеш дека моногамијата е монотона посебно кога се работи за креветот ?
Пак ќе нагласам дека квалитетот на сексуалниот однос не е нешто што постои и опстојува само по себе. Клучниот фактор во опстојувањето на задоволувачка сексуална поврзаност е комуникацијата, она што во денешно време е најголема причина за неверство, растурање на бракови, таложење на фрустрации...
Како да сум прочитал некоја статија од тиншема каде психологот одговара на прашањата на некоја 15 девојка која неможе да постигне оргазам.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
иронија.
Самиот факт дека имаме секс, не треба истото да го ограничува.
Можеш да имаш секс, ама прифатлив за средината?
Тоа е како да ти дадам кола, меѓутоа можеш да вртиш крукчиња само низ маало и само со мене на совозачко.
Јас сум си се изградил сексуално и знам што сакам и што не сакам, ги знам ризиците и последиците. Секој од нас си има некоја интимна желба, наречи ја перверзија, но не секој е способен да најде начин (правилен) за да си ја оствари.
Некои го прават тоа погрешно, за докажување, а некои поради возбудата, адреналинот, задоволството.
Никогаш не би си ја присилил партнерката на нешто што не сака, меѓутоа јасно давам до знаење што сакам во кревет. Немора во секој поглед да се согласуваме, доволна ми е само она, меѓутоа доколку НЕМА комуникација, никогаш нема да дознаеме за своите интимни желби, ниту ќе се научиме на взаем да се задоволуваме.
Напротив, свесните партнери, кои влегуваат во вакво експериментирање, треба да имаат развиена комуникација и многу добро да се познаваат.
Нема врска во која се' се одвива по одредено сценарио и цело време е присутна почетната возбуденост и пасија.
Групниот секс е една од разновидностите кои можат да го збогатат сексуалниот живот, не е лек за проблемите во релациите меѓу партнерите.
Во мојот живот, скромен, досега не сум сретнал девојка која во дискреција не посакала секс со двајца мажи или секс каде би се кршело некое општо прифатено “правило“ дека тоа и тоа не е во ред, дека не смееме итн.
Меѓутоа ретко кој отворено ќе признае за своите интимни желби, бидејќи важна е перцепцијата која ја оставаме за надворешниот свет.