Групен секс

Групен секс ?!


  • Вкупно гласачи
    812
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Има разлика кога двајцата партнери внесуваат трета (четврта) особа во креветот и кога еден од партнерите влегува во групен секс.Исто има разлика и од неверство,кога ти набиваат рогови зад твој грб и взаемно сексуално општење на двајцата партнери со трета особа.
Не верувам дека мажите копнеат да си го растурат бракот со жената која си ја сакаат.Но верувам дека страста која се појавува на почетокот не е иста со страста во покасните години.Впрочем,луѓето кои не работат на својата врска честопати се жртви и творци на разводи,раскинување на долги врски и слично.
Свингот како опција кај нас не би требало да е табу тема,а не е ништо различен од терминот групен секс.Монотонијата во креветот се создава низ годините,проблемите,детскиот џагор,лудиот шеф,свекрвите,мајките...Тој се решава со секси помагала,со трета особа (за која како што и кажав треба зрели особи и зрела врска со разбирање двајцата да го сакаат тоа),свинг (каде два пара,влегуваат во сексуална игра и која доста се користи кај нас) или со немање сексуален однос со години :)
Сега се зависи од личностите кои влегуваат во ваков однос,карактерите,сваќањата.Се е ствар на договор и разбирање.

Монотоноста во моногамните врски не е ништо ново.Се решава со комуникација имаш право.Но од таа комуникација излегува и вакво решение.Има проблем кој треба да се надмине,затоа има две глави да размислат и да кажат што сакаат.Колку и да изгледа перверзно,јас мислам дека после толку заеднички години,после толку животно искуство,ова е реален компромис.И имаат право постарите,не е исто да гледаш на работите со свои 18,25,35,45 години.За 18 е неприфатливо,за 25 може да се размислува,за 35 може и да се практикува...


Моногамните врски многумина често ги поврзуваат со сексуалните активности, некои дури и ги изедначуваат со верноста... Други, пак, сметаат дека моногамијата е важна дури по “потпишувањето” на брачниот договор. Дефиницијата за моногамијата е едноставна – имате сексуални односи со само еден партнер кој исто така не практикува сексуален однос со друг партнер. За жал, кога станува збор за моногамија, некако како секој од нас да има своја омилена дефиниција. Од некои ќе слушнете дефиниција дека моногамијата значи да си во врска со еден партнер и дека сексот нема врска со моногамијата.Многу често во последно време си го поставувам прашањето – Дали бракот е веќе надмината институција за многумина? Дали новите опции како што се – свингување, виртуелни врски, деловно-интимни врски па и групен секс... се реални животни опции кои полека, но сигурно станаа асесоар на модерните бракови?

Можеби ќе звучам грубо, но за мене бракот е, сериозна и должна за почит, институција, која во пакет со моногамијата и тоа како не сместува нас луѓето на ниво повисоко од она анималното.

Сократ или Ниче? Нагонот или разумот? Ова се вековни прашања чиј одговор зависи од многу променливи.
 
S

smart ass

Гостин
пробав повеќе пати...со две девојки ама некако..шо знам колку поретко се практикува толку подобро :toe:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Јас, искрено, од петни жили се обидувам да ве разберам... :toe:
Но, дали мојот став и мојот начин на живот, дека ако кон некој не осеќам емоционална приврзаност, не можам да имам секс со него, дали малиот број на години, дали некоја вродена одбивност кон тоа, дали стравот дека после такво нешто, ќе осеќам силна вина која дури може и да ја пеплоса љубовта... прават да мислам вака како што мислам.

Плус тоа, за мене сексот не е само забава или задоволување на потребата. За мене тоа е израз за најголема емоционална интима меѓу двајца кои се сакаат, почитуваат, разбираат. Велиш “...доколку и двајцата знаат со кој сакаат да бидат...“ па продолжуваш дека групниот секс “...ќе им ги задоволува потребите кои сите ги имаме...“. :toe: Ако двајцата знаат што сакаат, тогаш од каде потребата за трета, четврта... личност во нивниот живот? Мене ова ми личи на врска од корист, каде партнерите се заедно не заради страст, почит и разбирање, туку заради остварување на некоја материјална или социјална корист. А оти во таква врска, љубовта и да ја нема, се воведува надворешна странка која БИ ТРЕБАЛО да ги задоволи потребите и апетитите што не можеме да ги задоволиме со “саканата ни личност“. Не малку, туку МНООООГУ ми е нејасно ова. Дури и лицемерно.

Не сум ги имал тие проблеми на монотонија во долга врска, спласнување на страстта, но мислам дека кога во една врска тие би се појавиле, не би имал што да барам понатаму со таа личност. Затоа, едни врски, па и бракови, се прекинуваат, други започнуваат...

Не знам, само искрено се надевам дека животот нема да го смени моето мислење по ова прашање.

Па не сме тука да се убедуваме едни со други, туку можеби малце да ги отвориме видиците :)

Како што ти неможеш да ме убедиш дека хомосексуалноста е во ред и природна, така и јас нема да настојувам да ти сменам ставот во врска со групниот секс.

Кога напишав, доколку двајцата знаат со кој сакаат да бидат, на ум го имав следново.
Јас знам и свесен сум дека си ја сакам девојка ми и дека сакам да бидам со неа и после некоја секс пригода која би вклучувала други луѓе :)
Значи, неможе ништо да ме исфрли од колосек. Не би одел во ова, доколку би осетил дека мојата девојка се колеба или дека не е сигурно како ова би влијаело на нашата врска.

Меѓутоа со правилна работа над неа, правејќи да се чувствува сигурна и да сака да доживее некоја интимна фантазија не чувствувајќи вина поради тоа, може се' да се постигне.
Многу зависи од мажот, според мене, бидејќи обично тој иницира вакви чекори и треба да ги постави правилата на игра.

Никогаш на пр. не би се согласил мојата девојка да учествува во некакви “игри“ од тој тип, без мене. Тогаш тоа неможе да биде “игра“ доколку и јас не учествувам.

Друга важна работа е двојката со која заедно би се впуштиле во вакви пригоди. Треба да се согласувате во перверзијата и истите да се искусни за да не дојде до мешани емоции, каде би преовладала љубомората и ривалството.

Најдобрите групњаци, кои се и воедно најсигурни и со најмал ризик, кога се среќаваат сосема независни машки и женски, каде нема парови и според тоа нема компликација и се' се одвива според сексуалниот нагон :)
Така е најдобро да се почне.

И не, не е секој способен да помине преку вакви експерименти, затоа доколку се колебаш, дури и минимално, подобро воопшто не пробувај бидејќи ќе излезеш заебан. :smir:

Повеќето кои сакаат групен секс копнеат по креативност и поттик.
Некое мажи се како да кажам припадници на врста кои за секс се би направиле. Не ми е јасно дали е сеедно со кој ќе се има сексуален однос и во кој ќе го внесат својот полов орган? Ок можеби ги возбудува помислата на групен секс зашто гледале некој порнич и сега имаат прв пат можност да го испробаат одблизу во живо. Можеби се егзибисти и уживаат кога некој ги набљудува. Можеби се само љубопитни. Можеби се навистина толку очајни и ја грабнуваат секоја прилика за секс која им се нуди, посебно ако се работи за групен секс..
Психолозите тврдат дека некои луѓе природно се склони кон сексуален егзибиционизам. Тие сметаат дека односот во присуство на други ја зголемува возбудата, зашто тоа е "највалканото нешто" што може да се направи во сексот и ги преминува сите конвенкции. Екстремниот егзибиционизам не може да се набљудува како показател на сексуално слободоумние. Тестирањето на лимитот на егзибиционизмот може да остави емоционална трага посебно кај жените.




Сакаш да кажеш дека моногамијата е монотона посебно кога се работи за креветот ?
Пак ќе нагласам дека квалитетот на сексуалниот однос не е нешто што постои и опстојува само по себе. Клучниот фактор во опстојувањето на задоволувачка сексуална поврзаност е комуникацијата, она што во денешно време е најголема причина за неверство, растурање на бракови, таложење на фрустрации...

Како да сум прочитал некоја статија од тиншема каде психологот одговара на прашањата на некоја 15 девојка која неможе да постигне оргазам. :) иронија.

Самиот факт дека имаме секс, не треба истото да го ограничува.

Можеш да имаш секс, ама прифатлив за средината?

Тоа е како да ти дадам кола, меѓутоа можеш да вртиш крукчиња само низ маало и само со мене на совозачко.

Јас сум си се изградил сексуално и знам што сакам и што не сакам, ги знам ризиците и последиците. Секој од нас си има некоја интимна желба, наречи ја перверзија, но не секој е способен да најде начин (правилен) за да си ја оствари.

Некои го прават тоа погрешно, за докажување, а некои поради возбудата, адреналинот, задоволството.


Никогаш не би си ја присилил партнерката на нешто што не сака, меѓутоа јасно давам до знаење што сакам во кревет. Немора во секој поглед да се согласуваме, доволна ми е само она, меѓутоа доколку НЕМА комуникација, никогаш нема да дознаеме за своите интимни желби, ниту ќе се научиме на взаем да се задоволуваме.

Напротив, свесните партнери, кои влегуваат во вакво експериментирање, треба да имаат развиена комуникација и многу добро да се познаваат.


Нема врска во која се' се одвива по одредено сценарио и цело време е присутна почетната возбуденост и пасија.
Групниот секс е една од разновидностите кои можат да го збогатат сексуалниот живот, не е лек за проблемите во релациите меѓу партнерите.


Во мојот живот, скромен, досега не сум сретнал девојка која во дискреција не посакала секс со двајца мажи или секс каде би се кршело некое општо прифатено “правило“ дека тоа и тоа не е во ред, дека не смееме итн.
Меѓутоа ретко кој отворено ќе признае за своите интимни желби, бидејќи важна е перцепцијата која ја оставаме за надворешниот свет.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Моногамните врски многумина често ги поврзуваат со сексуалните активности, некои дури и ги изедначуваат со верноста... Други, пак, сметаат дека моногамијата е важна дури по “потпишувањето” на брачниот договор. Дефиницијата за моногамијата е едноставна – имате сексуални односи со само еден партнер кој исто така не практикува сексуален однос со друг партнер. За жал, кога станува збор за моногамија, некако како секој од нас да има своја омилена дефиниција. Од некои ќе слушнете дефиниција дека моногамијата значи да си во врска со еден партнер и дека сексот нема врска со моногамијата.Многу често во последно време си го поставувам прашањето – Дали бракот е веќе надмината институција за многумина? Дали новите опции како што се – свингување, виртуелни врски, деловно-интимни врски па и групен секс... се реални животни опции кои полека, но сигурно станаа асесоар на модерните бракови?

Можеби ќе звучам грубо, но за мене бракот е, сериозна и должна за почит, институција, која во пакет со моногамијата и тоа како не сместува нас луѓето на ниво повисоко од она анималното.

Сократ или Ниче? Нагонот или разумот? Ова се вековни прашања чиј одговор зависи од многу променливи.

Јас се согласувам со дефиницијата за моногамија.Можат да функционираат моногамни врски,впрочем и самиот систем го налага тоа.
Но ајде да зборуваме за квалитет на брачниот живот.Да бидеме реални,нема совршен брак,честопати чиста фарса,маска пред околината и љубопитните соседи,функционирање само животот околу децата,додека брачниот кревет е за специјални пригоди.
Додавањето на трета личност не е исполнување на нагонски апетити,бидејќи тие истите можеш да ги оствари и со својот партнер.Додавањето е чин на потреба,на измена и свежина како резултат на взаемна потреба.Бракот како институција е круна на љубовта,потребите и заедничкото разбирање.Зошто да не биде совршен спој на карактери,кои бараат било какво решение со свои глави и потреби.Јас лично мразам норми поставени од некого,правила кои етички ќе те изнемоштат и оштетат.Јас функционирам како единка и во едно време,никогаш повеќе нема да се вратам назад.Зошто кога ќе ја најдам мојата половина да не успеам да ја задржам таа хармонија?Времето ја уништува дефинитивно.Групен е една од солуциите,јас гласам за свинг,а некој можеби ќе одбере живот со норми и правила.
 
O

Out Boy

Гостин
Има разлика кога двајцата партнери внесуваат трета (четврта) особа во креветот и кога еден од партнерите влегува во групен секс.Исто има разлика и од неверство,кога ти набиваат рогови зад твој грб и взаемно сексуално општење на двајцата партнери со трета особа.

Не верувам дека мажите копнеат да си го растурат бракот со жената која си ја сакаат.Но верувам дека страста која се појавува на почетокот не е иста со страста во покасните години.Впрочем,луѓето кои не работат на својата врска честопати се жртви и творци на разводи,раскинување на долги врски и слично.

Се е ствар на договор и разбирање.

За 18 е неприфатливо,за 25 може да се размислува,за 35 може и да се практикува...
Секако дека има разлика :smir:
Во првиот случај, си се договараме неверството да биде во најинтимен круг, ако веќе не ни иде, барем да знаеме со кого се изневеруваме, да не не јаде јанѕа комшијата ли е или бакалот. Во вториот, работите се комплицираат. Партнерот може да ни се налути заради себичноста :tv:

Мислев дека целосно се разидуваме на оваа тема, кога ете, болдираното целосно го прифаќам. Значи, според тебе, потребата од друга личност во креветот на брачните другари, може да биде и резултат на запоставувањето на врската за сметка на кариерата, бизнисот и другите проблеми. Се согласувам дека има и такви примери.

Ама зарем релативно долгата апстиненција не би требало да ја зголеми желбата за секс, наместо да ја намали? А ако веќе и по неколкудневното немање секс, кога ќе легне покрај партнерот, не осеќа желба да води љубов, нема страст... тогаш може само да се лажат дека трет ќе им го реши проблемот во креветот. Еднаш, двапати, трипати... на крај тој третиот ќе треба кај нив да се пресели. :pos2:

И значи, на крај, се’ ќе стане ствар на договарање? :cry:
Распоред. И кондоми според возраста: три за младите, седум за возрасните, 4 за повозрасните и 12 за ептен возрасните...
Вечер, пред легнување: “Мила, те молам да го одложиме сексот“
Жената радосно “Кој секс?“
Тој: “Па оној што го закажавме за три недели“
Таа: “А за колку да одложиме?“
Тој: “Па ако може другиот месец ова време“

Мала шала, ама ја немам што друго да речам на темава.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Кога е човек во брак подолго време, или само со еден партнер, како и да е, тоа му доаѓа како секој ден да јаде иста манџа.
Затоа, групниот секс може да се сфати како забава, и како промена и нов жар во врската (бракот)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ама зарем релативно долгата апстиненција не би требало да ја зголеми желбата за секс, наместо да ја намали? А ако веќе и по неколкудневното немање секс, кога ќе легне покрај партнерот, не осеќа желба да води љубов, нема страст... тогаш може само да се лажат дека трет ќе им го реши проблемот во креветот. Еднаш, двапати, трипати... на крај тој третиот ќе треба кај нив да се пресели. :pos2:

Релативно долгата апстиненција ќе донесе трета „тајна“ особа.Таа е најлошата комбинација,неверство како резултат на немање комуникација и човечки пристап кон проблемите.Времето со заедничко живеење не е исто со времето кога партнерот заминал во друг град па нема да се видат 5 дена.Само за компарација,секој ден го чувствуваш до себе,спиеш на ист кревет,разговараш за проблеми,но немате секс долго време.И тогаш се јавуваат мувите за неверство,наместо да се надмине тој проблем со други решенија.
И не го сваќај со емоции третиот човек,гледај го како сексуално помагало,а не како опасност да ти ја загрози врската.Гледај од друг аспект,исклучи ги емоциите и ќе ме сфатиш:back:
 
O

Out Boy

Гостин
Од некои ќе слушнете дефиниција дека моногамијата значи да си во врска со еден партнер и дека сексот нема врска со моногамијата.
:tv:

Многу често во последно време си го поставувам прашањето – Дали бракот е веќе надмината институција за многумина?
:nenene:

Дали новите опции како што се – свингување, виртуелни врски, деловно-интимни врски па и групен секс... се реални животни опции кои полека, но сигурно станаа асесоар на модерните бракови?
:nenene: Тоа само тие што не можат да останат верни на партнерот, мислат така.

Можеби ќе звучам грубо, но за мене бракот е, сериозна и должна за почит, институција, која во пакет со моногамијата и тоа како не сместува нас луѓето на ниво повисоко од она анималното.
Што има грубо во ова што го рече? Па тоа е вистината. Некои овде таа ги боли ама... :toe:

Сократ или Ниче? Нагонот или разумот?
Ја одамна го имам одбрано Übermensch-от.

Времето со заедничко живеење не е исто со времето кога партнерот заминал во друг град па нема да се видат 5 дена.

И не го сваќај со емоции третиот човек,гледај го како сексуално помагало,а не како опасност да ти ја загрози врската.Гледај од друг аспект,исклучи ги емоциите и ќе ме сфатиш:back:
Ова првото, ме исплаши, искрено.

А второво ме натера да се запрашам луѓе ли сме, или вибратори?? :jaj:

Не сфаќам како тој третиот би ја загрозил врската, ама сфаќам како јас би ја загрозил врската после “групните играрии“. И емоции при решавање на вакви прашања, не можам да исклучам.
Реков, да не се повторувам, последен коментар на оваа тема ми е, моето си го реков.

Сега само ќе ве читам и :tv:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
На “светоста“ на бракот би можеле да се повикувате доколку би практикувале невиност до првата брачна ноќ, сите други варијанти се само каприциозно толкување.

Впрочем, не забележав во кој момент дискусијата се пренесе од “групен секс“ на “групен секс во брак“.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ова првото, ме исплаши, искрено.

А второво ме натера да се запрашам луѓе ли сме, или вибратори?? :jaj:

Не сфаќам како тој третиот би ја загрозил врската, ама сфаќам како јас би ја загрозил врската после “групните играрии“. И емоции при решавање на вакви прашања, не можам да исклучам.
Реков, да не се повторувам, последен коментар на оваа тема ми е, моето си го реков.
За ова второво лошо сум се изразила,прости моја грешка.И да дојде трет човек,неможе да е тој од небо паднат,мора да има страст,неможе со сила да го внесеш во кревет.
Значи сите опции се отворени,на кој како му чини така нека прави.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
А бе ако е чоек доволно напален и расположен може да си праи сам со себе групен секс.
 
Член од
17 септември 2009
Мислења
165
Поени од реакции
2
Мислам дека се* во одреден момент и одредени околности треба да се проба, зошто да не.

*освен секс со машко, деца и животни.
За ова знам дека ви е дозволено во рајот, ама за на земјава незнаев.:tv:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За ова знам дека ви е дозволено во рајот, ама за на земјава незнаев.:tv:
Добра забелешка.
Туку во групен секс,не значи дека само жени ќе има на креветот,така да Принц може да осети и машко тело,онака дискретно:smir:
 
P

Princ

Гостин
Сето тоа вреди да се жртвува. Ако тоа значи дека 6 женски газиња ќе фатам таа вечер и еден машки лакт... колку за да има дискретен допир со машко тело... го прифаќам ризикот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom