Граѓански манифест за Европска Македонија

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Група јавни личности здружени во движењето „Граѓани за европска Македонија“ ќе се обидат преку критичка дебата да ја мобилизираат јавната сфера. Не кријат дека нивната мисија е политичка а целта да го разбудат граѓанскиот дух кој, како што велат е во кома, бомбардиран од владината пропаганда. Го промовираа Манифестот за Европска Македонија во кој жестоко се спротиставуваат на актуелната политичка номенкалтура. Недемократско, така го оценуваат однесувањето на власта.

Велат дека наместо задоволување на основните и реални потреби, граѓаните се задојуваат со митови и историја. Тоа за нив е концепт на колективизација, кој како што велат, се базира на митологија и на историја и е спротивен на демократските принципи и начела и на европскиот дух.

Во манифестот, ги повикуваат граѓаните да му се придружат на движењето, во борбата против окупаторите на свеста и на совеста.
На манифестот досега му се придружиле педесетина интелктуалци и јавни личности. Движењето, од вторник до стартот на изборната кампања секојдневно ќе одржува отворени трибини и дебати со граѓаните низ Македонија. Првите четири се во Скопје, Велес, Штип и Струмица.

алфа


Манифестот

Денес над Македонија не се раѓа сонцето на слободата. Денес сонцето ни заоѓа. Станува мрачно и мрак не обвива. Тешка пропагандна магла земјата ни ја покрива. Заспаноста на нашиот разум произведе илјадници политички монструми. Тие ја користат нашата рамнодушност за да и ја цицаат крвта на нашата тешко стекната држава. Го користат нашиот страв и нашата малодушност за да ги газат нашите права и слободи.

Почитувани сограѓанки и сограѓани,

Вие што сакате да живеете во европска, а не во некаква си неолитска, библиска или античка Македонија, придружете ни се во борбата против окупаторите на нашата свест и совест!

Нашата борба е за обнова на достоинството на граѓанинот. Нашата борба е против политичарите кои зборуваат за европеизација и за борба против корупција, а спроведуваат букефализација и корумпираат медиуми, судии, академици и ректори. Нашата борба е против божемните демократи кои одлучуваат зад затворени врати.

Нашата борба е против народните платеници кои храмот на демократијата го претворија во срам на демократијата! Нашата борба е против властодршците кои секојдневно го злоупотребуваат името Македонија за лични, фамилијарни и партиски интереси. Нашата борба е против божемните борци за името и идентитетот кои им даваат аргументи на грчките националисти, а нас не прават заробеници на омразата кон сите Грци. Тоа се истите „борци” кои се појавуваат како грчки сведоци во судски пресуди против нашата држава, а милионските казни ги плаќаме сите ние.

Драги сограѓани и сограѓанки,

Ние не сме наивни! Не пиеме „грчка” нафта ниту пиеме „шведско” млеко од домашни крави! Знаеме што сакаме, а што не сакаме. И имаме право да се бориме против сите што ја оневозможуваат нашата интеграција во ЕУ.

Не сакаме изолирана и провинцијализирана Македонија! Сакаме држава во која ќе владее правото, а не самоволието на партиските деспоти. Сакаме држава во која граѓаните и граѓанките ќе можат слободно да избираат и да бидат избирани без страв дека ќе ги погоди куршум на гласачкото место.

Не сакаме држава во која буџетските средства се трошат за партиско рекламирање и за манипулирање со јавноста, а не за решавање на проблемите на граѓаните. Доста ни е од корумпирани газди на медиуми и преплашени новинари послушници. Доста ни е од партиски мегафони кои не трујат со теории на заговори, секојдневно јадат бурек и, во името на народот, коленичат пред „пастирот”. Не сакаме да плаќаме приредба во 100 чекори ниту преродба во 100 кампањи! Не сакаме буџетот на тајната полиција да биде поголем од буџетот за намалување на сиромаштијата и невработеноста. Не сакаме јавна администрација која наместо на граѓаните им служи на партиските врхушки. Не сакаме културна политика сведена на инструмент за политичка манипулација и националистичка демагогија. Не сакаме наместо метропола на културата Скопје да биде некропола на кичот!

Почитувани сограѓани и сограѓанки,

Не заслужуваме политичари за кои младите, студентите, земјоделците, стечајците и пензионерите се само „целни групи”. Не заслужуваме да живееме во страв од „арачот” со кој драконски се казнуваат дребни прекршувања на јавниот ред и мир. Не заслужуваме власт на која и аплаудираат ѓоамити невладини здруженија финансирани од власта.

Не заслужуваме власт која пред камери сади дрвца кои не фаќаат корен и не пуштаат лисја. Не заслужуваме камери во болниците ни болнички соби кои не ги исполнуваат ниту затворските стандарди. Не сакаме власт која ни влегува во спалните соби и ги дели жените на „чедоморки” и „живоротки”.

Не ни треба власт која арчи десетици милиони евра на спотови и споменици за да не убеди дека не сме тие што сме и дека ќе бидеме она што власта мисли дека треба да бидеме. Не ни треба власт која зборува за национално единство, а создава нови национални и верски расколи. Не ни треба власт зад чие родољубие се крие себељубие, слабољубие, среброљубие и властољубие.

Почитувани граѓани и граѓанки на Европска Македонија!

Нашата борба е борба за граѓанско единство изградено врз принципи кои ги надминуваат етничките страсти. Нашата борба е за демократско општество, во кое носител на суверенитетот ќе биде граѓанинот, а не етничките, верските и партиските колективитети контролирани од вождови. Тие владеат со нас така што наместо да градат мостови - копаат јазови.

Со срце и со ум придружете ни се на походот кон Европска Македонија!

Да живее Европска Македонија!

(Овој манифест е обзнанет на прес-конференција, денеска, на 6 февруари 2009 година. Негови автори се Жарко Трајановски, Владимир Милчин, Никола Гелевски, Мерсел Биљали и Бранко Героски. Во последните два дена Манифестот го потпишаа четириесеттина интелектуалци. Тој ќе биде објавен и во утрешниот дневен печат, а веќе следната недела ќе ги одржиме првите јавни трибини во повеќе градови во Македонија. Доколку сакате да ни се придружите, испратете порака на gem@sonet.org.mk. Наскоро ќе биде отворен посебен веб-сајт, на кој ќе можете да дебатирате и да коментирате. Б.Г.)

героски.мк

 
F

FilipMacedon

Гостин
Па јако мудо,ке се напиете по едно сокче,ке исплукате по два ти збора по народот и историјата и мирна глава полн џеб.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Еве го мојот коментар до господинот.
Да видиме дали ќе го објави.

Ми се гади од Европа која 60 години неможе да реши едно основно човеково право во земја нејзина членка.
Ми се гади од Европа која има двојни аршини по секое прашање.
Ми се гади од Европа чии нејзини служби помагаа терористички формации.

Ми се гади од такви како тебе, кои и служат на Европа а не на Македонија и Македонскиот народ.

И знам дека си квази демократ и нема да го објавиш ова.
 
Член од
3 март 2008
Мислења
831
Поени од реакции
31
Se javija hienive...izgleda stignal prviot cek od Grcija i EU za prvovo 6 mesecie od 2009:pos2::pos2::pos2:

A sto velite da go smenime identitetot i od Makedonci, da pocneme da se narekuvame Evropejci, ke dozvolat li Germancite Francuzite i Britancite???
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Прашање: Кога го пуштија Васко Глигориејвиќ од лудницата, а и кога почнаа пак да го обајвуваат??
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Како се координираат гомната и веќе канализацијата се преполнува и мора сите ние да ја мирисаме таа смрдеа.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Сепак, не одлучуваат некои подмитени гркомански интелектуални џуџиња како ќе се нарекува и идентификува Македонскиот народ.

Македонскиот народ одлучи дека е Македонски, дека говори Македонски јазик и дека неговата држава е Р. Македонија. Тоа мора да се почитува од секој (вклучувајки ги и менталните џуџиња од невладините организации фин. од грција), а секој обид за промена на македонскиот идентитет и македонската народна волја е чист фашизам.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Затоа и јас напишав:

ВНИМАНИЕ!!!

Ова е вирусот.
Вирозните на времето ги ставале на пуст остров. Голем град на Преспа убаво ќе им дојде, ем близу е до Грција од кај што ќе им носат папање и љокање.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Хахахаха, му ја допрев суетата со квазидемократ, ја лапна мамката.
Го објави постот.

Еве му го 2 пост.

Што е квазидемократија европска ?

Од една страна во една држава које не е ЕУ членка да и поставуваш услови кои ги нема во ниту една меѓународна конвенција, а од друга страна во своја земја членка Грција, да не го почитуваш ОСНОВНОТО ЧОВЕКОВО ПРАВО на СВОЈ ИДЕНТИТЕТ и право на ЗЕМЈА.
Тој случај е отворен од кога постои ЕУ.

Те молам разјасни ми го овој феномен и го тргам квази од демократијата кога се работи за Европа и нејзините подржувачи, вклучувајќи ве и Вас господине Геровски.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Ах Јованчо Јованчо

Колку те плаќаат за да го плукаш својот народ?

Мислиш Сорос знае дека постоиш?

Се надевам дека ке имате храброст да дебатирате, лесно е кога удираш во вреќа што не може да го возврати ударот..
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
И јас му пишав...ќе видиме дали ќе објави...:)
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Ах Јованчо Јованчо

Колку те плаќаат за да го плукаш својот народ?

Мислиш Сорос знае дека постоиш?

Се надевам дека ке имате храброст да дебатирате, лесно е кога удираш во вреќа што не може да го возврати ударот..
Јованчо сум јас или...?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom