А у меџувремену...
Радикалната исламистичка група Салафи (салафисти) наречена „Популарна исламистичка асоцијација“ ги предупреди муслиманите да не јадат домати затоа што тие се „христијанска храна“.
Групата ги заснова своите тврдења врз фактот дека кога ќе го пресечете доматот на половина во средината се појавува облик кој наликува на крст.
Асоцијацијата го објавила предупредувањето на „Фејсбук“ заедно со фотографија на домат пресечен на половина на кој се гледа обликот во форма на крст во средината.
Пораката објавена на Фејсбук вели:
-Јадењето домати е забрането бидејќи тие се христијански. Доматите го слават крстот наместо Алах.
Во пораката понатаму се вели:
-Ве молиме да ја раширите оваа фотографија затоа што има една сестра од Палестина која го видела Пророкот дека плаче, предупредувајќи ја нацијата да не јаде домати. Ако не ја проширите оваа информација, знајте дека ѓаволот е тој кој ве спречува.
Пораката предизвикала бес кај голем број корисници на Фејсбук, кои побарале групата да го појасни нивното предупредување.
Салафистите пак појасниле дека тие не им рекле на луѓето да не јадат домати.
-Рековме да не ги сечете доматите така што ќе се образува формата на крстот, стои во нивното објаснување.
http://denesen.mk/web/2012/08/08/muslimanite-dobija-порака-da-ne-jadat-domati-bidejki-bile-hristijanski/