Горан Пандев

Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Може си има зацртани цели човекот по кои сака да успее, можеби неговите амбиции му налагаат да оди во Интер и да се докаже, негов е талентот, ќе си оди каде сака и каде ќе го примат. Го примија во Интер, му се оствари желбата. Можеби му се допаѓа италијанскиот стил на игра, не се знае, поточно, самиот си знае зошто продолжи во Италија.
Негов живот, наше е да му посакаме да стане уште подобар, а „анализите“ кои ги правиме за дали ќе се снајдел или не (поготово оние за не), да ги оставиме на страна.. Со среќа Гоче уште еднаш! :smir:
Браво бе девојче, во пет реда ги среди дечкиве во „машкиов„ спорт.:smir:

Озбилно, највеќе што може да направиме е да му посакаме среќа на човекот каде и да оди, и евентуално да утепаме 15-тина минути на форумов во „анализи„ и претпоставки. Се друго е премногу, особено частење со лични навреди кон човек што реално многу веројатно не ни знае дека постоиме.

А за луѓето што му препишуваа „синдроми на македонче„ и што ја знам - не бе синковци, потезите на Горан се потези на ЧОВЕК, макар и пропаднал во Интер. Ај вака ставете ги работите - во светов фудбал професионално играат 1% луѓето (лупам проценти само за пример), од нив 0,001 % имаат шанса да играат за Интер/Милан/Барса... Горан ја има таа шанса, и тоа ја има СЕГА. И што треба да направи:
1. Да игра во помал клуб за повеќе пари (Шахтјор, Зенит)? - па и вака има „повеќе„:pos2: пари
2. Да игра редовно во разни Наполи, Киево, што ја знам? Па која е целта на секој фудбалер - да игра во топ клубовите или да игра редовно? И не мора да е фудбалер - во било која работа, зарем не ве интересира каде ви е лимитот (ова за критичарите и загрижените дека нема да успее во Интер)? А Горан објективно има уште неколку години да види каде е неговиот лимит.
И да не успее во Интер - Горан УСПЕАЛ. Барем пробал и ќе знае колку може во животот.А луѓето на кои им е страв да дознаат кои им се лимитите во работата (не мора да е само во фудбалот), е тие треба да си побараат синдроми кај себе.

Со среќа Горан.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ај за убо за арно!!!

Goran Pandev has signed a contract with Inter until 2014. Pandev, who arrived in Milan last Saturday, had his medical check yesterday.


He is now joining his new teammates and coach Jose Mourinho at the Pinetina, Inter's training camp. Pandev will probably be called up for the next match against Chievo.
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Нека му е со среќа! Нека ни е со среќа! :)
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Нека му е со среќа, и многу голови во новиот дрес, по можност уште во среда против Киево :)
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Браво, нека му е со среќа, се надевам дека со Шнајдер ќе имаат добра соработка :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Боби[Мкд];3223524 напиша:
А сликата со Мурињо?:(
Полека, ова е инстант вест, преку прозор го имаат сликано како потпишува со директорот Бранка. Претставувањето ќе биде подоцна, можеби и утре. Ова е сепак моментот и некој папараци го фатил.

Еве и на гоал.ком http://goal.com/en/news/11/transfer-zone/2010/01/04/1724431/goran-pandev-signs-five-year-inter-contract-report
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Три пати го сменија мислењето овие од Спорт Денес. Прво објавија дека потпишал и дека е официјално, што е чиста глупост. После објавија дека утре ќе потпише. Сега пак објавуваат дека веќе е потпишано. Нека одберат веќе еден извор на информации, аман :)



Настрана шпекулациите, утре (т.е. веќе денес) е денот за прегледи и потписи. Се надевам дека и презентацијата ќе биде утре.
Прво стоеше дека менаџерот на Пандев потпишал согласност за трансферот на Пандев во Интер, додека нашиов сеуште беше во Македонија.

Наредниот ден замина на прегледи, вчера успешно ги помина и денес потпис.

Негледам ништо несериозно тука. :)

Да ги пратиш хрватските портали и нивните натписи за нивните фудбалери, ќе знаеше дека ова е ГОЛА ВОДА за нив...
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не........ сеуште не честитам...додека не го видам со дресот во раце а до него Мурињо!

Дека уште не ми е верно :vozbud:, ко во делириум!
Не му е ни на Пандев, види го на сликата како е збунет :pos2:
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.469
Поени од реакции
6.815
Не........ сеуште не честитам...додека не го видам со дресот во раце а до него Мурињо!

Дека уште не ми е верно :vozbud:, ко во делириум!
после кога ке го дадат насмеан од уво до уво.
:helou:
 

GoGo*

LSS
Член од
10 јуни 2008
Мислења
564
Поени од реакции
18
Neka mu e so sreka vo Inter , i se nadevam deka ke go gledame na Stenfor brige protiv Chelsea.:vozbud:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Не му е ни на Пандев, види го на сликата како е збунет :pos2:

Тоа од десно кој е Марко Бранка или?
Да не пишува таму спортска бе мајку му!:kesa::pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom