Големи очекувања - големи разочарувања

Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Едно правило гласи вака : Great expectations - Great disappointments Дали некогаш ви се има случено да очекувате нешто да се случи и на крај останувате разочарани од тоа или обратно не очекувате ништо а добивате многу.( На пример, сакате некој/а дечко/девојка и сте сигурни дека може да бидете заедно со него/неа а на крај ништо од тоа останувате разочарани; или пак правите тест (испит) мислите дека ништо не сте напишале и се плашите дека ќе паднете и на крај гледате дека сте положиле.)

Во повеќе ситуации сум очекувала многу а на крај сум останувала разочарана, а пак некогаш не сум очекувала ништо а сум добивала многу. Се прашувам зашто некогаш е така?

Дали ви се има и вас такво нешто случено?
 
С

сашенко

Гостин
Листата на разочарувања моментално ми е поголема од онаа на успеси и се поради тие големи очекувања.Човек не треба премногу да очекува и да се надева на нешто.Но јас сум таков човек и кога ке се внесам во нешто со душа и со тело и кога ке вложам премногу или пак кога ке ми даде некој некаков мотив или нешто на кое да се надевам јас секогаш си ги замислувам работите однапред и се радувам пред време за шансата и засмилувам како би било кога се ке заврши.Убаво ми е така да размислувам и многу често го правам тоа и тоа ми е мотив најчесто но ете се случува ништо од тоа да не испадне како што сум замислувал и приземјувањето од облаци на земја-на тврдо тло ми е малце потешко.Најубаво е човек да остане стабилен цело време и да не размислува за крајот туку како да стигне до него ама не сум тој тип и неможам секогаш така да реагирам.Пробувам да го сменам тоа ама тешко ми е зашто јас така функционирам, секогаш си ги засмилувам ситуациите во главата и патувам во времето со мислите и така одлучувам, така размислувами се така правам.:toe:
 
P

Peaceful Anger

Гостин
Ми се има десено како не... И не треба толку да се врзуваш за резултатот, да треба да знаеш што сакаш ама да се разочаруваш? нее... поопуштено само ако биде супер ако не ке пробам пак додека не биде(нормално ако уште сакам тоа да се случи). Сигурно дека животот треска од земја не одете подалеку почнете да зборите за нешто поголемо, поразлично и прво најблиските лиѓе ке ве спуштат на тоа шо они го викаат земја (реалност). Треба некако да се надминат сите пречки
 
E

elena.

Гостин
Очекував многу, се разочарував. И се променив. There are no surprises when nothing is expected - simple as that.
 

its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Imalo i takvi momenti, ama od niv najveke se uci.
Sum otfrlal mnogu drugi nesta, siguren vo ostvaruvanje na ultimativnoto. Sum ostanuval so nisto, pa doagalo sesto =)
 

Блаугранец!

mes que un club!
Член од
28 август 2009
Мислења
785
Поени од реакции
176
Надевај се на најдоброто, но очекувај го најлошото.

It's simpy.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Не !! - Мора да бидете реални и умерени спрема самите себе, ако сакате да бидете задоволни, и пред се да се сакате и почитувате самите. Јас имав малце поголемо разоларувње пред НГ т.е. ми се сруши еден долго посакуван сон, но со затворањето на таа врата, ми се отворија други, на кои до тогаш не им давав толку на значење, бидејќи ми беа во сенка од главниот проект.

Кога согледувам сега, 2 и кусур месеци откога заврши сево ова, можеби е и подобро за мене што испадна, ќе паднеше можеби и преголема жртва за мене, немаше да издржам. Она што ми се пружи сега е со други, но исто така со големи вредности од своја страна. Но на крај, чист сум пред самиот себе, знам дека сум пробал и не сум успеал. Нема после Х години да ме копка она : Што ако ??....
 
Член од
16 април 2010
Мислења
33
Поени од реакции
1
абе...фала богу дека коа на нешо мнооогу се надеваш и коа нешо онака со душа го очекуваш секако дека нешо ќе заебе работа и фала богу дека ќе се разочараш! мноогу пати сум се изгорела така и затоа сеа не се замарам!! дошло-дошлоо не дошло-поздраф!!
и ..нема разочарување!! наједноставно!!
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
Ретко кога нешто очекувам па така да и многу ретко се разочарувам т.е кога очекувам нешто,очекувам ДА,ама реално односно во граници на нормала (прост пример оценки од тестови:леле се напишав на тестот,супер ееј,5 со сите можни ќе добијам...тоа НЕ ) вака многу мои другари се разочаруваат на овој начин а и богами и на многу други:toe:
 

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Повеќе пати - за крупни работи сум имала очекувања - и сум се разочарала ...

По детално направена психоанализа и прочистување на потсвеста од сите очекувања, илузии, планови и сценарија - истите ги искинав и сега живеам сега и тука

Делува лесно - ова што го пишувам - или можеби филозофски и проѕирно - но иако се соочувам со секојдневни предизвици се трудам да се потсетам свесно да го живема секој миг .... да сум среќна сама со себе, да можам да живема пред се сама со себе

Затоа сметам дека очекувањата се одраз на нашата несигурност, исплашеност и желбата да контролираме и предвидиме се - но тоа е невозможно
 
Член од
14 март 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
Знаењето (Протекцијата) е сила, знаењето (протекцијата) е мок!

На вестите на Македонската радио телевизија во петокот на 11 март 2011, дознав за добитникот на наградата за Најмлад научник за 2010, која што ја доделува Kабинетот на Претседателот на Република Македонија.
И јас учестувував на јавниот повик за доделување на признанието ,,Најмлад научник” за врвни достигнувања за 2010 година.
На почеток, ние како учесници не бевме на никаков начин известени за резултатите од јавниот повик што укажува на еден голем непрофесионализам.
Најверојатно комисијата имала ,,свои” критериуми за изборот на кандидатот. За неа, релеватно било да кандидатот има издадено научни трудови во списанија со низок ранг (impact factor), каде што по некоја случајност самиот тој е и уредник (reviewer). Да биде уште попарадоксално, коавторите се и можни членови на комисијата.
Каде е тука точноста на изборот: кои критериуми се важни за вреднувањето?
Дали дефицитарноста, тежината, специфичноста и единственоста на научното истажување и постигнатите досегашни резултати се воопшто земени во предвид и вреднувани при изборот на кандидатите?
Што би ги мотивирало младите научници да го надградуваат своето знаење за да еден ден нивниот успех биде почитуван и вреднуван во Република Македонија?



Извор: ISI Web of Knowledge
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Еве една убава статија за тоа како правилно да се фокусирате и грабите кон вашата зацртана цел !!

- Успешните луѓе се навистина фасцинантни. Наместо да им се завидува, од нив треба да се учат здрави победнички навики. Тие треба да се набљудуваат и анализираат и да се црпи најкорисното од нив. Еве неколку од нивните победнички тактики.
Имајте крајна цел

Дали се чувствувате изгубени кога правите нешто, а не знаете каде тоа ве носи? Луѓето кои постигнуваат успеси на сите полиња, секогаш ја имаат целта во глава. Тие знаат што сакаат и се посветуваат целосно кон остварување на замисленото. Кога имате поставено цел, имате и на што да се фокусирате. Доколку немате цел, секогаш ќе талкате наоколу, чувствувајќи се изгубено. Секогаш имајте на ум што треба да правите, така ќе си помогнете полесно да стигнете таму.
.
Имајте причина

Имањето крајна цел е само еден мал сегмент од целата приказна. Победниците секогаш имаат причина зад нивните намери. „Патувањето“ кон вашата цел е полно со препреки. Повеќето луѓе се откажуваат на половина пат затоа што немаат конкретна причина за она што го прават. Како и да е, оние кои имаат силни причини, имаат и поголеми шанси да ги „прерипаат“ препреките. Веројатноста да се откажете е многу поголема доколку немате причини за она што го правите. Како на пример, доколку имате за цел да изгубите 10 килограми од вашата тежина, знаете дека оваа задача нема да ви биде воопшто лесна. Но, доколку си речете дека без тие 10 килограми ќе изгледате фантастично за време на свадбата на која ќе присуствувате, задачата е веќе на повисоко нив и вие влегувате мотивирани и фокусирани.

Детално планирање на времето

Времето е еден од најважните ресурси. Можете да трошите пари, а потоа да успеете да најдете начин како да ги вратите назад, но за времето тоа е невозможно. Морате да бидете претпазливи како го трошите. Доколку сакате да си ги исполните целите, сигурно поголемиот дел од денот не треба да го потрошите гледајќи телевизија или дружејќи се со пријателите.
Водете бележник за секој саат од денот. Ова во денешно време можете да го правите со многуте апликации, кои можете да ги користите онлајн или на вашиот мобилен телефон. Доколку сте решени навистина да успеете, посветете се на поважните обврски, наместо да се опуштите.
.
Имајте поддржувачи

Секогаш е полесно да се откажеш кога си сам. Соберете или формирајте поддржувачка група која ќе ви помогне на патот до успехот. За да креирате ваква група, потребно ќе ви биде да најдете истомисленици кои сакаат да постигнат слични цели на вашите. Групата обидете се да биде помала, од двајца до максимум шест луѓе, кои морате да ги одбирате внимателно. Одберете луѓе кои се позитивни, ориентирани кон успехот и со слични ставови.


Обидувајте се повторно и покрај падовите

Тешко е да се погоди метата од прва. Затоа вистинските победници никогаш не се откажуваат. Има многу нешта кои не ги знаеме во животот, па грешките ни помагаат да научиме нешто ново. Имајте на ум дека секогаш можете да научите побрзо, доколку се обидувате почесто во краток временски период, а притоа не успевате да постигнете успех. Со побавно реагирање, учењето е со побавно темпо. Кога преземате нешто побрзо, учите забрзано и почнувате да разбирате кои работи функционираат, а кои не.

За време на процесот на учење можеби ќе се соочите со многу фрустрации. Како и да е, никогаш не откажувајте се. Секогаш обидувајте се со нови идеи кои сте ги создале за време на целиот процес. Нема краток пат низ овој процес.

Исто така, можете да најмите и ментор или тренер. Без разлика дали целта ви е да ослабете или да отворите компанија за профит, неговото искуство ќе ви биде добредојдено на патот кон постигнување на целта. Бидејќи тие сигурно веќе го поминале тој пат, ќе работат со вас и ќе ви помагаат заедно да ги пребродите предизвиците.

http://www.kafepauza.mk/zivot/5-pobednichki-naviki-na-uspeshnite/
 
B

BooBojan

Гостин
Мене овакво нешто ми се случува речиси секогаш кога правам тест/писмена математика.
До пред тестот сум најдобар во клас нема задача која неможам да ја решам,помагам на други нон-стоп секогаш велам дека можам да го решам тестот без грашка со максимум бодови.Вежбам дома колку можам повеке.
Но доста често знам да добија 3ка,некогаш 4ка.Но кога дојде време за годишна писмена добијам 5ка.
Поима немам зошто скоро секогаш ми се случува нешто вакво.
Додека сосема друга ми е ситуацијата по Англиски јазик.Пред тест дознавам што треба да има на него,никогаш не се спремам за него,а и не сум многу јак англиски.
И оп на лотарија(среќа)јас изненадам со некоја 4ка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom