Големиот потоп (Потопот на Ное)

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Потопот археологијата го објаснва со голема поплава која навистина се случила на тие простори. Кога почнале да се топат мразовите а Тигар и Еуфрат се излеале.
Само кај различни народи различно е прикажана. Пример во Сумерската митологија Ное се вика Зиусудра и е владетел на Шурупаг. Боговите сакале да ги уништат сите луѓе. Но, богот Енки сакал да го спаси човештвотот и затоа му кажал на Зиусудра како да се спаси од потопот.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Најголемиот број стари цивилизации се развивале покрај некоја голема вода - река или море, сеедно. Тигар, Еуфрат, Нил, Инд, Ганг, Хоанг Хо итн. често се излевале и неретко тие поплави биле гадна работа. И амазонските племиња имаат митови за потопот. Секогаш некое божество било одговорно за водните лудории, оти најлесно така се објаснувале работите. Светот тогаш се чинел многу помал од она што е денес. Поплавената Месопотамија за тамошната обична раја била светска елементарна непогода.
Затоа пак, старите цицилизирани народи развивале иригациони системи, граделе насипи и се обидувале некако да го контролираат водостојот на реките. Всушност таквите и слични на нив обиди за каква-таква контрола на реките, на нивниот водостој, која барала поголема и поцврста организација, не малку придонела за развојот на древните цивилизации.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Оваа тема е за во пдф религија.
@Хептаграм XI , пред дс си одиш собери сили да се префрли.

Потопот опишан во библијата е метафора.
Опишува дејство на човек кој не се вклопува во општеството каде сите останати кога ќе настане промена го вадат животинскиот инстинкт на преживување, а човечноста ќе се удави.
Во духот на човека постојат сите животни(карактеристики, особини) според тоа како се однесува, функционира и живее.Најизразени кога човек е на ивица, под притисок или на чекор од смртта.
Затоа се користи термин потоп, нешто на кое не може да делува човек, едноставно настаните го понесуваат, настани во кој може да се спаси оној кој во својата "барка" ум "сите животни ги помирил во мир.(баланс помеѓу добото и лошото).

Пораката е, да изградите ум (карактер) кој би останал непроменлив ,кога и овој свет кој го познавате и сте научени да живеете според правилата во него, би го снемал и нема да ја "удавите" човечноста.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.005
И по којзнае кој пат откако си на верскиве теми, правиш смешни „утки„...

Потопот се случил и тоа како, за тоа сведочи денешната морфологија од Земјава, како и стотици колективни сеќавања кај различни народи по Светов.

Додека другите паметат, ти се забављаш со метафори...
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
И по којзнае кој пат откако си на верскиве теми, правиш смешни „утки„...

Потопот се случил и тоа како, за тоа сведочи денешната морфологија од Земјава, како и стотици колективни сеќавања кај различни народи по Светов.

Додека другите паметат, ти се забављаш со метафори...
Разбирам дека ти се водиш по временскиот интервал на минато, сегашност и иднина, и термините во приказната се цеметирани поими кој не може да значат ништо друго освен тоа кое се.Но за жал духовна приказна е нешто кое кога ја чита човек времето и термините треба да поминат низ умот без да се "удри" од нив.

Доколу не е напишана во метафора, би звучела како лудост,а не е поентата да полуди читателот и да фрла камења.
Ќе ти дадам пример..
Го опколив календарот и ќе ги нападнам неговите месеци, саатите и деновите од меч ќе загинат.

Ова да го кажам во метафора би звучело вака.

Го опколив градот и ќе ги срушам неговите ѕидини, жителите негови од меч ќе загинат.

Ја сваќаш поентата?
Термините кој се користат сосема друго значат.За да војуваш против времето,треба самиот време да бидеш поголемо од предходното,односно да ги поместиш границите на пеколот и небото.
Приказната за потпот е токму тој духовен пат кој го поминува човек.Да изградиш ум кој нема да попушти под притисок на пеколот,туку ќе те издигне високо на небесата.Или ова е кажано , кој ќе слезе во пеколот да го извади Исус,односно да се искачи на небесата и да го симне.Едно исто се зборува искажано со различни термини и различни содржини.

Вакак како што ти коментираш звучиш како оние од приказната кој почнале да фрлаат со камења кон Исус кога им рекол дека постои пред Авраам.Твојот ум е со движење минато, сегашност и иднина,наместо да го вкусиш пеколот , се издигнеш на небото и слезеш долу да го замениш Исус.
т.с. да војуваш Човек против Човек.Но,ти ја немаш таа храброст.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.287
Поени од реакции
7.638
И низ други делови од светот има вакви наоѓалишта, но ова блиску ни е за нуркање:




Водачот на истражувањето Игор Боржиќ забележал чудни градби во морето на заливот, а археолошкиот тим што го испитувал локалитетот Солине го прегледал централниот дел на заливот Градина и на длабочина од четири до пет метри открил постоење на населба речиси идентично како и во Солин, се посочува во соопштението.



На локалитетот наводно биле пронајдени неолитски артефакти, како камени секири.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom