Ф
ФилипМакедон
Гостин
Не бе другар,мене ми е мило што има некој позадлабочено запознаен со некои работи,не ми е битно на форумов кој на крај ке излезе во право,битно ми е и јас нешто плус да дознаам за суштинските елементи на вистината...инаку за Македонската античка кујна,имаш многу информации во речиси сите книги кои го обработуваат тој дел од историјата....претежно се "несвесно" дадени информации за тоа како се хранеле,особено во кампањите,од кои најмногу придонес донеле Никомах(лекарот на Аргеадите уште од Аминта Трети),син му Аристотел и Филип подоцнежниот лекар на Александар ...сигурно има и многу други незнајни,но сепак се незнајни...Извини за тоа што пишав „погрешно размислување“, секое размислување е ок, важно е да размислува човек и да не живее движен само од потсвесни пориви и нагони. Потрагата по вистината е сложен процес и никогаш не можеме целосно да ја достигнеме, а само се повеќе да и се приближуваме.
Сите сирења се мрсни, тоа не зависи од видот на млекото а од типот на сирењето. Младото сирење е најмалку мрсно со околу 10% масленост бидејќи содржи најмногу вода, додека тврдите имаат 45-50 а некои и 55% масленост, без разлика дали се од овчо, кравјо или козјо млеко. Козјото сирење сепак се смета за најдобар избор а некои тоа млеко го сметаат дури и за лековито, а овчото е најлош избор и кај народот обично тоа се смета за најмрсно (иако сепак зависи за каков тип на сирење станува збор). Според мене т.е. информациите до кои имам стигнато проучувајќи ја оваа тема, млекото не е храна (или пијалок) за возрасни бидејќи само додека човекот е бебе има ензими кои се способни да го варат а потоа тие значително се намалуаваат или сосема исчезнуваат. За восрасните тоа често е алерген производ, а огромен број на луѓе се лактозно нетолерантни (има многу кои за тоа и не се свесни) и во нивните црева млечниот шеќер лактоза не е во можност да се свари туку ферментира и создава проблеми (гасови и пролив). Но јогуртот на пример е веќе ферментиран производ, преполн со бактерии кои ја јадат лактозата и се од оној вид кој го има во нашите црева. Затоа обезмастениот јогурт е препорачлив и здрав пијалок кој ја обновува цревната флора, но обезмастен, бидејќи млечните заситени масти (истите кои ги има и во сирењето во огромен процент) се штетни и предизвикуваат кардиоваскуларни болести. Добар доказ во прилог на тоа дека не треба да пиеме млеко кога сме возрасни, а посебно не од друг животински вид (коза, крава, овца...) е тоа дека ниту едно друго животно во природата не продолжува да конзумира млеко после цицачкиот период, односно кога е доенче, и ниту едно животно не пие млеко од друг вид животно. Млекото е храна за доенчиња кои се во забрзан раст и оформување и носи посебни генетски информации наменети за конкретниот животински вид.
Маснотиите се исклучително потребни и некои традиционално здрави народи (пр. медитеранските) имаат и до 40% од калориски внес преку масти, но преку риба и маслиново уље (често дури и го пијат), т.е. незаситени масти.
Прочитав и јас за Фелпс дека јадел свашта, џанк фуд со многу мајонези и што ти знам...но иако ги троши, пак сметам дека не е во ред. Сега додека е на стероиди и хормони (се надевам нема некој кој дури и помислува дека денес врвни резултати во било кој спорт се возможни без допинг) и метаболизмот му работи во 10 брзина, но тоа нема да може така долго. Мислам дека ние кои водиме нормален живот, дури и ако редовно спортуваме треба да внесуваме здрава и квалитетна храна бидејќи секој еден молекул и атом од кој се состои нашето тело влегол и се вградил во нас преку храната. Значи, тоа што јадеме, тоа и сме.
Инаку во телото постои регулација за холестеролот, кога го внесуваме повеќе преку храната се намалува нашето сопствено производство од црниот дроб, кога е во недостаток телото го создава бидејќи му е неопходен. Оние кои имаат повишен холестерол, или имаат нарушена саморегулација или ептен претерале со негов внес преку храна (што во современава исхрана воопшто не е тешко да се направи).
За тоа каква била македонската прехрамбена култура искрено не сум запознает (никаде не сум читал за тоа како се хранеле, а се сомневам дека ние денес и би можеле тоа да го знаеме...), но мислам дека дури и да имало луѓе кои внимавале на исхраната тие биле многу мало малцинство, како што впрочем се и денес. За македонски лекари кои ја осознавале моќта на храната не сум чул (а сигурно имало) но знам дека првиот кој оставил пишани инфрмации за своето знаење на оваа тема бил Хипокрит кој уште тогаш знаел мнооогу повеќе за својствата на храните од просечните денешни лекари.
Поздрав за ФилипМакедон и се надевам нема да помисли дека пишувам за да му контрирам од инат, туку споделувам тоа што јас знам. Може би и во нешто сум згрешил, и секој треба да провери многу извори на информации и така да создаде свое мислње. А инаку сосема е во право кога пиша дека се сомнева во тоа што велат докторите. Докторите најчесто единствено знаат да ти препишат еден куп лекови а и алопатската медицина воопшто не се занимава со превентива. На фармацевтската индустрија сосема и одговара прво да се разболиш а после да те лечи за пари. Затоа треба да се замараме со храната, не се тоа глупости! Нека храната ни биде лек, а лекот ни биде храна!