Глупоста

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Глупоста е безгранична за оние што ја создаваат, прават, искажуваат, но гранична за оние што ја поднесуваат, толерираат, не ја третираат. Се разбира дека е недозволива помеѓу сите што со ум и разум, со ука, поука и мудрост го туркаат животецот, инсистираат на лично препознавање и траење во светот на минливоста и маргиналноста.
Најспротивна глупоста е на ученоста, а најпротивречна на мудроста. И со едната и со другата се труди, но не успева да сојузува или барем да биде наспоредна. Освен при грешки со последици тешки.
Не бегај од глупоста, туку разголувај ја до понижување и ништожење.

Рекле за неа:

Глупакот мисли за себе дека е мудрец, додека мудрецот знае за себе дека е незнајко.
Вилјем Шекспир

За жал, отсекогаш било така што поради глупоста на големите страдале малите.
Жан д Ла Фонтен

Глупакот кој станал свесен дека е глупав, веќе не е глупак.
Фјодор Михајлович Достоевски

Голема е мудрост да се симулира глупост во соодветен момент.
Марко Портиј Като

Пуштете го будалиот да биде од корист колку што му допушта глупоста.
Жозеф Конрад

Не карај се со будала- луѓето можеби нема да ја воочат разликата.
Артур Блох

Глупаците знаат се, освен дека се глупави.
Улдерико Донадини

Единствено глупоста е доволно храбра да се претставува како совршенство.
Хјелмар Кристенсен

Се има свои граници, освен човечката пакост и глупост.
Блез Паскал

Помеѓу другите невољи, глуоста ја има и оваа особина: секогаш се повторува.
Луциј Анеј Сенека

Глупакот го има тоа предимство над паметниот, што е задоволен од самиот себе.
Наполеон Бонапарта

Глупоста е вљубена сама во себе и нејзиното самољубие е безгранично.
Мирослав Крлежа

Одсекогаш сум мислел дека на глупавите луѓе им е полесно во животот. Толку едноставност во нивните животи, просто да се замислиш. Држи, дефинитивно држи муабетот на Бонапарта дека глупавиот човек е задоволен од самиот себе, од триумфот над животот, светот, од својата генијалност. Колку е голема човековата глупост?
И Легендарниот Ајнштајн како синоним за гениј се покорил пред глупоста со неговата легендарна за вселената и глупоста.Си мислам да нашите животи би биле поедноставни без глупави луѓе или ние самите си ги комплициираме? Шо би било кога сите би биле разумни, свесни, мудри ? Голема е глупоста, една глупост милион последици.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Оваа тема е пример за тоа како квалитетот концентриран, "спакуван" и прикажан на сеопфатен начин надвладува над квантитетот, и ја прави понатамошната дискусија излишна.
Кога во уведниот пост ќе се каже се, предизвик е да се коментира било што.
Секоја чест, ти си еден од ретките на овој форум чии постови на кој сум налетал, навистина вредат.
Само напред. :)
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Еве и нешто малце поразлично, но доста вистинито...

One who dares to be a fool should remember that that is the first step in the direction of wisdom.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.744
Поени од реакции
4.507
Мислам дека нема многу што да се додаде.
Не ми текнува точно изреката да ја цитирам ама вака нешто беше.
Многу е лесно нешто просто да се искомплицира ама пеколно тешко е нешто сложено да се поедностави.
Според мене животот е комплициран само колку што му дозволуваш да биде.
Ако имаш цел и мапа како да стигнеш до таму сите на изглед „големи“ работи ќе изгледаат смешни и ниедна илузија нема да ти се испречи пред тебе за да те спречи во намерата само ќе се насмевнеш и ќе си го продолжиш патот.
 
D

Deleted member 55587

Гостин
Разликата помеѓу интелигенцијата и глупавоста е во тоа што интелигенцијата има крај.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
320
Поени од реакции
225
Na chovekovata glupost i nema kraj, osobeno ako postojano se povtoruva... i taka vo "krugot".
Samo, kako li kje osoznae deka e glup?- ako ne znae deka e glup,odnosno misli deka e mudar.:D
Mozhebi preku molitva...mislam ako se moli so otvoreni ochi.:pos:
 
M

Muranyi

Гостин
Ај уште една изрека во врска со глупоста,како вечен човеков феномен и сопатник на современото општество-Проблемот со овој свет е што паметните луѓе се сомничави и немаат самодоверба,а глупавите пак не се сомневаат во ништо и се полни самодоверба.Баш убава изрека која го опишува светот во кој живееме.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.839
Поени од реакции
20.314
Еве нешто што би рекол Ајнштајн:

Two Things Are Infinite: the Universe and Human Stupidity.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Еразмо ја пофалил :свиркам:

И тоа во Ротердам :icon_mrgr:
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Еве пример за глупоста е горниов пост...o_OКога ке каже нешто абе цел форум не може да го разбере...можеби е премногу интелигентен па затоа не се разбира:cautious: :LOL::pos:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Еве пример за глупоста е горниов пост...o_OКога ке каже нешто абе цел форум не може да го разбере...можеби е премногу интелигентен па затоа не се разбира:cautious: :LOL::pos:
Не! Туку ти си сосила онаквен каде најцврстите коски на телото се по шавови споени.​
Еразмо Ротердамски (1465-1536) бил холандски хуманист, поради тоа што имал големо влијание врз неговите современици познат е уште како крал на хуманистите.​
Негово најпознато дело е токму ова: „Пофалба на глупоста“.​
Делото започнува со предговор во кој Еразмо му праќа поздрав на Томас Мор и на крај во предговорот вели: „Здраво, многуречит мој Море и жестоко брани ја твојата Глупост“.
Ошо, оди љубни го Џурџо каде слнце не угревкат и со писмени не се петели. Јавријо.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Не! Туку ти си сосила онаквен каде најцврстите коски на телото се по шавови споени.​
Еразмо Ротердамски (1465-1536) бил холандски хуманист, поради тоа што имал големо влијание врз неговите современици познат е уште како крал на хуманистите.​
Негово најпознато дело е токму ова: „Пофалба на глупоста“.​
Делото започнува со предговор во кој Еразмо му праќа поздрав на Томас Мор и на крај во предговорот вели: „Здраво, многуречит мој Море и жестоко брани ја твојата Глупост“.
Ошо, оди љубни го Џурџо каде слнце не угревкат и со писмени не се петели. Јавријо.
Имаш лајк оти си се поправи да може човек да те разбере си сега...;) Инаку овој католичкиов поп да не речам хуманист... гзолижач папинов не вреди да се спомнува...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Имаш лајк оти си се поправи да може човек да те разбере си сега...;) Инаку овој католичкиов поп да не речам хуманист... гзолижач папинов не вреди да се спомнува...
Зарем навистина неразбирливо беше?

темата: глупоста
Еразмо ја пофалил
во Ротердам

Кој е писмен и читал знае: Еразмо Ротердамски, напишал книжуле под наслов Пофалба на глупоста.

Јасно е бе!

ептен....освен за заспанион виничанец од ѓомити Сан Марко....пре Син Макро би рекол :)
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Оваа тема е пример за тоа како квалитетот концентриран, "спакуван" и прикажан на сеопфатен начин надвладува над квантитетот, и ја прави понатамошната дискусија излишна.
Кога во уведниот пост ќе се каже се, предизвик е да се коментира било што.
Секоја чест, ти си еден од ретките на овој форум чии постови на кој сум налетал, навистина вредат.
Само напред. :)
Секогаш може подобро:

Liber Al vel Legis II:
15. Оти јас сум совршен, бидејќи Не сум; и мојот број е девет според будалите; но со праведните сум осум, и еден во осум: Што е битно, оти јас сум навистина ниеден.[/quote
 

Kajgana Shop

На врв Bottom