sunshinebaby: ne deka sum ubeden, tuku 100% sum siguren sum deka mozhesh da go batalish toa gjubre! Probaj, nema shansa da se pokaesh.
Za zhal, i ponatamu vodime vo Evropa po sebe-zagaduvanje so tutunskiot katran:
АЛАРМАНТНИ ГОДИШНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПУШАЧКАТА НАВИКА ВО МАКЕДОНИЈА
Пет килограми цигари по жител
Наташа Бошковска
Околу 11.000 тони цигари годишно пушат граѓаните на Македонија, тврдат борците против пушењето. Анализите на Сојузот за превентива од алкохолизам, никотинизам и дрога и еколошкото друштво „Опстанок“ покажале дека секој граѓанин годишно пуши од 5 до 5,5 килограми цигари што земјата ја вбројува на врвот на листата земји според пушење цигари. Со оглед на тоа што пуши од 30 до 40 проценти од населението, пушачите годишно просечно „дуваат“ по повеќе од 10 килограми.
Оттаму ги поддржуваат најавените мерки на Владата за законски измени според кои на кутиите со цигари ќе бидат отпечатени слики на деформирани човечки органи на пушачи и велат дека пушењето може да се намали само со национални програми за борба против него.
- Дека пушењето е штетно за здравјето е откриено уште во 1921 година. Под влијание на тутунскиот бизнис овој податок се криел до шеесеттите години од минатиот век. Откако е обелоденет, со кампањи во Америка, за само десет години, пушењето е намалено за 50 проценти - вели Ѓорѓи Хаџивасков, претседател на Сојузот.
Македонија е единствена земја од регионот, според Хаџивасков, што дозволува на амбалажата на цигарите со минијатурни букви да биде напишано дека пушењето е штетно.
- Ваквите пораки треба да бидат во преден план. И не само вакви туку мора да се нагласи што се предизвикува пушењето - вели Хаџивасков. Борците против пушењето се загрижени поради фактот што во земјава не постои институција што води конкретна сметка за бројот на пушачи и испушени цигари. - Бројот на пушачи се намалува само во моментите кога има некоја кампања за борба против лошата навика или, пак, поскапување на цигарите.
Загрижува податокот дека расте бројот на пушачи-женски лица, бидејќи цигарите во бременоста влијаат на тежината на плодот. Уште поалармантен е податокот што децата почнуваат да користат цигари уште на 10-11 години - објаснува Хаџивасков.
Од Републичкиот завод за здравствена заштита велат дека состојбата со пушењето се следи само врз основа на научни истражувања и дека нема друга редовна евиденција. Неколку студии досега покажале алармантни податоци за овој проблем. Студија, која опфатила 420 испитаници на возраст од 13 до 16 години на подрачјето на Скопје, покажала дека дури 21,2 проценти пушеле, а 15,9 проценти уште пушат.
Министерството за здравство и предложи на Владата да бидат укинати и пушачките зони во сите јавни објекти и пушењето целосно да се забрани на сите јавни места по примерот на земјите-членки на ЕУ. Се предлага казните да бидат ригорозни и да изнесуваат и до 5.000 евра. Причина за ваквиот предлог се сознанија дека не се почитува постојниот Закон за заштитата од пушење.