- Член од
- 8 април 2008
- Мислења
- 6.419
- Поени од реакции
- 776
14.03.2009 17:57
Улрике Марија Кнотц
Како Германија ја гледа Македонија за 10 години? - Земја-членка на Европската унија, но со сменето име и двојазичност.
Иако оваа визија за Македонија ја создале студенти од Македонија, Германија и Франција, кои си играле стимулациска игра наречена „Создавање на нова Европа“, со неа се согласува и германската амбасадорка во земјава Улрике Марија Кнотц, која денеска, како што рече, оваа убава визија им ја пренесе на студентите на Педагошкиот факултет во Скопје.
„Во 2020 ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име - Северна Македонија. Владата ќе биде составена од партија со име Нова македонска партија, во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе го зборува македонскиот јазик, што е случај и денеска, а Македонците ќе го зборуваат албанскиот јазик што ќе го учат уште од детски градинки. Мислам дека ова е убава визија за земјата. Не е нереална, не е утопија. Може да се направи и пред 2020 ако се работи на политички план“, изјави Кнотц.
Симулациската игра на ЕУ наречена „Создавање на нова Европа“, изминатите денови ја играа средношколци и студенти од Македонија, Албанија, Косово во организација на Германскиот институт за меѓународна културна соработка и Македонскиот центар за граѓанско образование, сето финансирано од Германското министерство за надворешни работи.
Од Македонскиот центар за граѓанско образование како коорганизатори изјавија дека тие се само спроведувачи на оваа симулациска игра.
За германскиот дипломат, грчката блокада на Македонија за прием во ЕУ не е ненадминлива, но според визијата таа би се надминала со прифаќање на името Северна Македонија.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=105747
Пази визијава ...