Германија-Англија | 27 јуни | 1/8 финале

  • Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување

Кој ќе биде победникот од овој дуел ?


  • Вкупно гласачи
    116
Статус
Затворена за нови мислења.
M

mercenary

Гостин
Вау што се не се изначитав... кус хајлајтс.

Најпрво експертите:






Реални неутрални коментари:













И:



Е гледа де - врати за 66та :pipi:

И јас да си кажам - заслужена победа на Германија. Може да си го пуштаат натпреваров Англичаниве на часови како лекција по модерен фудбал. Е вака се игра. На цело првенство Германија има 30 слаби минути одиграно - а Англија исто толку добри.

Епа дечиња од такви ѕвезди и соѕвездија, обичнио смртници дигнати на ниво на Богови дома, толку може да се очекува кога ќе се соочат со вистински борци и дисциплинирани „деца“ желни за победа кои со срце играат за својата репрезентација. Биле Турци, Полљаци... Идни? Вале Радуловиќ? Платон? Реално тие беа помалку Македонки одошто овие се Германци ама јас и сите Македонци скокавме до небо кога освои Кометал и кога Македонија играше по СП и ЕП? Секоја чест на девојките - се додека гинат за националниот дрес ич не ме интересира кај се родени...
Незнам колку е реален овој коментар.

Да завршеше 2-1, да, ќе беше во ред да се каже "Одат понатаму заради судијата". Не бидете смешни, Англичаните играа како што треба само 10 минути, тие од крајот на првото полувреме.

Ова беше еден од најдобрите натпревари на првенството. Германците одлично изиграа. Единствена, еве нека биде црна дамка на натпреварот е чистиот непризнаен гол. Како и да е резултатот 4-1 (нека беше и 4-2) доволно кажува кој заслужува да оди понатаму.
Мислиш дека при резултат 2-2,у второ полувреме Англија ќе се отвори како Аргета и ќе нападне со сите за Германците да им здрват 2-3 у контра?Ја не мислам така..
Не никогаш нема да дознаеме како би било..
Ја сеуште си стојам на моето дека Германија си заслужи и воопшто не е крива за судиските грешки,само не се согласувам со овој коментар.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Мислиш дека при резултат 2-2,у второ полувреме Англија ќе се отвори како Аргета и ќе нападне со сите за Германците да им здрват 2-3 у контра?Ја не мислам така..
Не никогаш нема да дознаеме како би било..
Ја сеуште си стојам на моето дека Германија си заслужи и воопшто не е крива за судиските грешки,само не се согласувам со овој коментар.
А при резултат 0-0 одбраната на Англија беше „тврда како орев“... Абе ги направија руска салата и при 0-0, а исто ќе беше и при 2-2... Па овде во Македонија повеќе плачат отколку во Англија, таму си го признаваат поразот, а тука друго ќе било при 2-2... Друго ќе беше и ако Озил, Клосе, Милер ги искористеа останатите 100 процентни шанси, ама не ги искористија нели?
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
1.
Англија доживеа дебакал и елиминација од светското првенство во фудбал, вчера беше елиминирана во осминафиналето од Германија со резултат од 4-1.
Сепак најскандалозен момент на целиот натпревар беше непризнавањето на регуларниот погодок постигнат од Франк Лампард, овој настан ќе биде коментиран уште долго.

Самиот Лампард изјави дека неможе да свати како судијата не ја виде топката во голот кога таа беше половина метар зад гол линијата и повика на користење на технологија за решавање на ваквите спорни ситуации.

„Јас сум за воведување на видео технологија на гол линијата, особено после она што се случи вчера“.

„Топката ја премина линијата, таа беше половина метар внатре, тоа беше очигледно... Ако израмневме на 2-2 во тој момент работите ќе беа поинакви, ова е големо разочарување“, и
зјави разочараниот Лампард.

2.

Непризнатиот гол на Франк Лампард бил пресвртниот момент во натпреварот на Англија против Германија, размислува Џон Тери.
Поранешниот капитен на гордиот албион по завршувањето на натпреварот се осврна токму на моментот кога Лампард постигна регуларен погодок кој не беше признат од судиите.

„Погодокот на Лампард можеше да го промени натпреварот. Резултатот беше 2-1 и натпреварот можеше да се промени“.

„Ние не игравме добро во првите дваесет минути но бевме добри во последните петнаесет на првото полувреме и во првите петнаесет на второто, по натпреварот во соблекувалната беше тивко“
, прокоментира Тери.




3.

ФИФА држи до своето: Нема видео технологија


Нешто помалку од еден час по завршувањето на натпреварот Германија - Англија, ФИФА ги попари сите надежи за можно внесување на видео технологија во фудбалот.
„Сите дискусии по однос на видео камери кои ќе бидат поставени на гол лините завршија во март. Никакви дискусии нема да има“, се кажува во официјалното соопштение на централата.

Како што е познато, промена во правилата можат да бидат направени единствено од Меѓународниот борд за правила на играта во кој членовуаат осум души - четири од ФИФА и четири од асоциациите на Велика Британија - по еден од Англија, Шкотска, Северна Игрска и Велс.

„Ако се случи тоа тогаш вие новинарите за што ќе пишете? Натпреварот завршува, се е јасно и после сите досадно си одиме дома. Фудбалот без полемиките околу него е ништо“, изјави Дунга кој исто така е против видеото.




:tapp: Незнам зошто тогаш скокаше кога на Кака му дадоа црвен :tapp:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
А при резултат 0-0 одбраната на Англија беше „тврда како орев“... Абе ги направија руска салата и при 0-0, а исто ќе беше и при 2-2... Па овде во Македонија повеќе плачат отколку во Англија, таму си го признаваат поразот, а тука друго ќе било при 2-2... Друго ќе беше и ако Озил, Клосе, Милер ги искористеа останатите 100 процентни шанси, ама не ги искористија нели?
Едно е да нагаѓаш што би било ако било. Нормално е дека ако беше 2-2 мечот ќе добиеше друга насока.
Споредбава ти е глупа, со тоа што би било ако овие ги искористеле тие шанси... Англија даде гол. Значи нема ситуација "што би било ако Лампард ја погодеше прешката а не голот", туку имаме ЧИСТ ГОЛ. И некој педер да не го признае. Значи си дал гол поштено и некој ти го уништува цел труд. Како светско да се игра секоја година, па ај повеќе среќа следна година. Треба да сватат дека ова се големи натпреварувања кои ги има на цели 4 години. Биле вложени 4 години работа, за после некој педер да те уништи.
Да израмнеше Англија на 2-2 мечот ќе имаше друг тек, т.е. Англија израмни на 2-2, но некој друг посака да не се случи тоа...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom