Генерацијата на компјутерите

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Генерација на компјутерите

Во историјата на компјутерскиот развој често се појавувале нови и различни генерации на компјутерски уреди. Секоја генерација на компјутери се карактеризира со голем технолошки развој, во кој во основа се променил начинот на работа на компјутерите како и нивната големина што резултирало со повеќе помали, поевтини, поефикасни и сигурни уреди. До денес, постојат само четири генерации на компјутери. „Петтата генерација“ е само името на Јапонскиот национален истражувачки проект во 80-тите години.

Првата генерација – 1940 – 1956: Вакуум цевки и ламби
За првите компјутери се користеле вакуум цевки за кола и тапани за магнетна меморија. Биле огромни, трошеле многу и зафаќале површина од цели соби и хали. Првиот компјутер се викал ENIAC. Зафаќал 138 м², тежел 35 тона и работел на 18 000 ламби.

Втора генерација – 1956 – 1963 – Генерација на транзистори
Откако се појавиле транзисторите тие биле одлична замена за вакуум цевките и ламбите. Иако транзисторите биле измислени во 1947 година не биле употребувани во компјутерите до доцните 50ти. Како достојна замена за ламбите, им дозволиле на компјутерите да станат помали, побрзи, поевтини, и повеќе енергетски ефикасни. Тогаш се појавиле и првите програмски јазици COBOL и FORTAN. Првите компјутери од оваа генерација биле наменети за атомско-енергетската индустрија.

Трета генерација - 1964-1971
Развојот на интегрираното коло бил белег на третата генерација компјутери. Транзисотрите се намалиле по големина и биле поставени како силиконски чипови, наречени полупроводници, кои драстично ја зголемиле брзнината на компјутерите. Тогаш за прв пат почнале да се користат тастатура и маус. Компјутерите имале повеќе меморија и биле побрзи. Почнале масовно да се купуваат, бидејќи биле евтини.

Четврта генерација – 1971 – до ден денес: Генерација на микропроцесори​
Во оваа генерација сите чипови биле ставени на едно место наречено процесор, а за покасно и микропроцесор. Она што било порано цела соба, сега било колку мала бебешка дланка. Чипот 4004 на Интел, кој најмногу се развил во 1971 година и кој бил бо сите елементи на компјутерите. Подоцна се појавиле Apple и IBM. Како што овие мали компјутери станувале се помоќни, почнувале да се поврзуваат со други мрежи, да се користи интернет и да се развијат уште неколку софтвери и хардвери.

Неуспешната „Петта Генерација“ 1982 – 1993
Во 1982 бил склучен договор со Министерстово за меѓународна трговија на Јапонија да направи производ кој ќе биде распостранет насекаде низ светот. Тоа требало да биде „епохален компјутер“. Требало тоа да биде компјутер со надчовечка интелигенција и поголеми компјутерски вештини од денешниве. Во 1993 овој прозивод бил стопиран по низа неуспешни проби, и оттогаш не е повторно пробано пак да се направи.


Ова е за оние коишто им треба (најчесто за оние на моја возраст по информатика), за оние коишто ги сакат компјутерите и за оние што сакат да прочитат чисто информативно. П.С од мене е пишено :vozbud:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.664
15години.. 8мо, 1ва? Каде се учи ова како увод по информатика, нели? :)
Вежбаш тоа шо си научил? :):)

Kaко и да е, доста информативно, има некои што ова не го знаат.
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Не не сме учеле, ваљда ќе учиме, прва година сум, професорката ни речи да најдиме информации за ова... јас од претходни знаења и од тоа што го прочитав ова го најдов :smir: па решив да го споделам, затоа што можеби ќе му затреба на некој, а и доста добро е да се знае
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
„Нулта“ генерација – механички компјутери (1642-1945)

Blaise Pascal (1623-1662) – прв конструирал машина за пресметување во 1642 година (со цел да му помогне на неговиот татко – собирач на данок за француската власт) – машината можела да собира и одзема
Baron Gottfried Wilhelm von Leibnitz (1646-1716) конструирал механичка машина која можела дури и да множи и да дели – еквивалент на денешните калкулатори со четири функции (...но пред 300 години!)
Charles Babbage (1792-1871) ја конструирал т.н. диферентна машина која извршувала еден единствен алгоритам со цел да пресметува табели со броеви потребни за поморска навигација – ги запишувала резултатите на бакарна плочка со помош на челична игла – еквивалент на денешните CD-ROM-ови
Charles Babbage конструирал машина-наследник – аналитичка машина со четири компоненти: магацин (меморија), мелница (пресметувачка единица), влезна единица и излезна единица (картички со дупчиња) - машина со општа намена
Ada Augusta Lovelace (ќерка на поетот Lord Gordon Byron) – првиот програмер на светот – пишувала програми (software) за аналитичката машина Денешните компјутери имаат структура слична на аналитичката машина (Babbage - „дедо“ на современите дигитални компјутери)
Konrad Zuse (1930+) конструирал серија машини за автоматска обработка со примена на електромагнетни релеи (уништени при бомбардирањето на Берлин во 1944)
John Atanasoff – машина со бинарна аритметика која користела кондензатори како мемориски ќелии – современите мемориски чипови работат на ист принцип

Прва генерација – електронски ламби (1945-1955)
Посебен поттик за развојот на електронските (немеханички) компјутери дава Втората светска војна

Германија: ENIGMA – машина за кодирање на пораките испраќани до германските подморници
Британија: тајна лабораторија во која е конструиран електронски компјутер – COLOSSUS (1943) со цел декодирање на германските пораки (во соработка со познатиот математичар Alan Turing) – останал „воена тајна“ цели 30 години
САД: John Mauchley и J. Presper Eckert конструираат електронски компјутер – ENIAC (Electronic Numerical Integrator And Calculator):
 18,000 електронски ламби
 1,500 релеи
 30 тони / 150 m2
 140 киловати
 6,000 преклопници и „шума“ од кабли за преспојување (програмирање)

Други компјутери: EDSAC, JOHNIAC, ILLIAC, MANIAC, WEIZAC, EDVAC…
John Von Neumann (познат математичар – гениј од рангот на Leonardo Da Vinci) ја дава идејата за претставување на програмите во дигитална форма во меморијата на компјутерите, заедно со податоците (...наместо преклопници и кабли) – идејата е искористена кај EDSAC и IAS машините

Втора генерација – транзистори (1955-1965)
Транзистор (1948) – електронски елемент кој може да ја извршува истата работа како електронската ламба, но е многу помал, троши малку енергија и е многу побрз

TX-0 (Transistorized eXperimental computer 0) – прв компјутер со транзистори (М.I.T.)
 Други:
 IBM 7090 (најбрз компјутер на светот во тоавреме, $x Mio.)
 PDP-1 (Digital Equipment Corporation, 1961, $120,000) – визуелен дисплеј со резолуција 512x512 точки (M.I.T. -> spacewar -> прва видео игра !!!)
Control Data Corporation 6600 (CDC6600) (1964) – речиси десет пати побрз од најбрзата IBМ машина – повеќе пресметувачки единици, едни за собирање, други за множење, трети за делење – сите работат паралелно (10 инструкции одеднаш) Дизајнерот на CDC6600, Seymour Cray, го посветил животот на конструирањето на се побрзи и побрзи машини – суперкомпјутери (6600, 7700, Cray-1)

Трета генерација – интегрални кола (1965-1980)
Интегрално коло – еквивалент од неколку стотини транзистори на минијатурно парче полупроводнички материјал Намалување на димензиите, зголемување на брзината, опаѓање на цената, проширување на примената  Со целокупната работа на компјутерот управува специјално напишана програма – оперативен систем
Познати компјутери: IBM System/360, DEC PDP-11

Четврта генерација – VLSI чипови (1980-?)
 VLSI (Very Large Scale Integration) чип – еквивалент на неколку милиони транзистори
 До 1980 година, цените опаѓаат толку многу што дури и една индивидуа може да поседува сопствен компјутер – почеток на ерата на персоналните компјутери
Први персонални компјутери – процесор Intel
8080 (1974), 8” дискетна единица и CP/M оперативен систем
 Други: Apple, Apple II
 IBM персонален компјутер (1981) – процесор
Intel 8088 – најдобро продаван компјутер во историјата
 IBM ги публикува комплетните планови за дизајн на машината во обична книга која се продава за само $49
 Бројни компании започнуваат со производство на IBM-клонови со многу пониски цени
 Иницијалните верзии на IBM персоналните компјутери биле опремени со MS-DOS оперативен систем (произведен од тогаш малата компанија Microsoft)
 OS/2 – оперативен систем со графички кориснички интерфејс (IBM и Microsoft)
 Microsoft развива сопствен оперативен систем – Windows

Петта и шеста генерација (?)
 Петта генерација – компјутери кои имаат способност за паралелна работа
 Шеста генерација – невронски компјутери – нивната работа е слична со работата на невроните во човечкиот мозок
 

Kajgana Shop

На врв Bottom