Генерализирање

Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Повеќето прават генерализација на став. Значи изведуваат општ став од повеќе посебни ставови. Прават заклучоци за даден примерок,врз основа на познати информации за дадена популација. Значи се тргнува автоматски дека ако сите кинези јадат ориз тоа важи и за секој поединец од таму. Да општопознато е дека повеќето работи имаат свои обележја ( еве уште едно обопштување) но не значи дека треба да се донесе суд врз основа на тоа. Проблемот не е толку во генерализирањето туку во опсудата. Иако мислењето дека генерализацијата е една од основните плодни постапки,често се укажува и на фактот дека површните генерализации можат да доведат до заблуда и привидна заклучност. Најчесто се прават овие грешки во секојдневниот живот,кога врз основа на особините на различни групи се опсудува за таа група или нација во целина.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.746
Поени од реакции
12.203
Повеќето прават генерализација на став. Значи изведуваат општ став од повеќе посебни ставови. Прават заклучоци за даден примерок,врз основа на познати информации за дадена популација. Значи се тргнува автоматски дека ако сите кинези јадат ориз тоа важи и за секој поединец од таму. Да општопознато е дека повеќето работи имаат свои обележја ( еве уште едно обопштување) но не значи дека треба да се донесе суд врз основа на тоа.
Тие (а и многу други) заклучоци и генерализирани ставови се вообичаено (не сите) врз основа на статистички податоци (просеци, средни вредности, медијани). И навистина примерот за оризот е точен пошто најмногу ориз се консумира Кина и Индија. Но не е целосно точен пошто пер капита не се најголеми потрошувачи...и така натаму. Значи повеќето од познатите генерализирани ставови по разноразните весници се вршат врз основа на статистички измерени податоци кои може да се толкуваат на различни начини, зависно од потребите во даден момент.

Најверојатно погорните примери за жени и мажи се изведени од 1000 мажи и жени, кој го извршува поголемиот број прекршоци...и слично. Доколку ова не се прави, тогаш ниту Македонија нема да е најсиромашна држава на балканот, а скандинавјето најбогато, пошто секаде има шареноликост во белезите за кои се прави анализа. И правилото е колку пониско ниво на анализа, толку поголема шареноликост, а помала генерализација или униформност на податоците и сознанијата.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ако едно сум научил во животот тоа е да не верувам на генерализациите.
Има факти (црнците се црни,Мон Блан е највисок врв во европа,каматната стапка е таа и таа во моментов итн.) кои треба само да се земат во предвид при делувањето или однесувањето кон некоја ситуација или потреба.Тоа е се.
Ако се верува на генерализации човек може да остане без многу нешта во животот кои не ги видел или запознал лично туку се водел од она што ете некои наводно го сумирале во вид на генерализација.

Не дека не потпаѓаме сите во замката на генерализации...само не е лошо свесно да ги избегнуваме...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

Ај да се позанимаваме уште малку. :)

Факт е дека црнците се црни, а генерализација е дека црнците ги бива за баскет поише од белците. Мхм, го имаш Дирк Новицки за да ти квари просек, ама НБА лигата нема 90% црни играчи зашто на претседателот на НБА му се омилени црни играчи, туку зашто црнците боље играат баскет.

Препрочитувајќи ја темава, дискусијата со ада и друго, сфаќам дека вие не ја разбирате генерализацијата како чисто сумирање на податоци, туку како алатка за дискриминација и тоа е претпоставувам така зашто вас некогаш заради нешто ве дискриминирале на основа на генералзација. Епа јебига друштво, ќе мора егото малку да се смали, сите сме имале тешки моменти у животот, ама тоа не е причина да не можеме да разбереме еден едноставен збор како што е „генерализација“.
 
Член од
7 јули 2011
Мислења
16
Поени од реакции
8

Стар Почетнику,
Генерализацијата најчесто и Е искористена како алатка за дискриминација од страна на луѓето кои се премногу плитки за да ги забележат милионите нијанси кај ''генерализираните''. Или тоа или ги мрзи да размислуваат па ги ставаат сите во ист ќош.
Второ, нема некој што не го сфаќа едноставниот збор „генерализација“, твоето его е премногу големо за да го прочита темелно туѓото мислење. Пробај некогаш, можеби ќе се изненадиш. "поз4е :* "
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.937
Поени од реакции
83.207
Постои момент кога главната струја тежнее да стане единствена струја. Тогаш генерализацијата помага објективно да се долови тој момент, без многу-многу губење време. Притоа е можно и да се појават разни релативизирања, но тие се квази-објективни и не се реален одраз на она што се случува.
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Генерализирањето само по себе ми го наметнува - немањето на сопствено мислење за шо да е.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Стар Почетнику,
Генерализацијата најчесто и Е искористена како алатка за дискриминација од страна на луѓето кои се премногу плитки за да ги забележат милионите нијанси кај ''генерализираните''. Или тоа или ги мрзи да размислуваат па ги ставаат сите во ист ќош.
Второ, нема некој што не го сфаќа едноставниот збор „генерализација“, твоето его е премногу големо за да го прочита темелно туѓото мислење. Пробај некогаш, можеби ќе се изненадиш. "поз4е :* "
Се регистрираше само за да ми го напишеш ова? :) Марсовка, ти ли си? :)

Туку, моето его ако е преголемо за темава и воопшто, немаше да се потруди да го проанализира туѓиот став и зошто е тој таков. Али, еве, да речеме дека си во право. Како тоа што ми постави психо-дијагноза ќе докаже дека не сум во право. Единствено, се стави во истиот кош којшто го прозвав, ама сепак, ќе понудиш ли аргумент за лошото прифаќање на генералиацијата? Зошто упорно се оди на тоа дека не смее да се генерализира, само зашто Хитлер се решил сите Евреи да ги пикне во фурна и кога ќе почне да се прифаќа генерализацијата како неминовна без оглед на тоа што произлегува од неа заради индивидуални болни умови?!
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Генерализирањето ти заштедува од времето
 
S

smexy

Гостин
Генерализирате дека сите генерализации се лоши.
Шо праиме сеа:D
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.937
Поени од реакции
83.207
Генерализирате дека сите генерализации се лоши.
Шо праиме сеа:D
И ти генерализираш, затоа што не генерализираме сите - дека сите генерализации се лоши.
 
Член од
7 јули 2011
Мислења
16
Поени од реакции
8
Се регистрираше само за да ми го напишеш ова? :)
:D WOW, you egocentric! :D :D :D
И не, не се регистрирав за тоа. Немав некој посебен интерес уште одма да коментирам ама не можев да одолеам кога ти го прочитав коментарот. Го нападна кутрото суштество кое коментирало пред тебе без никаква особена причина.
И не се само Хитлер и Евреите соодветен пример. Земи ги плавушите еве на пример :)
Она што сакав да го потенцирам е дека генерализацијата не е ништо друго освен статистика. А сите можеме подобро од тоа да се потпираме на статистика.

''Statistics are like bikinis. What they reveal is suggestive, but what they conceal is vital'', знаеш?
 
:) Кутрото суштество е далеку од кутро...

Туку, добра оваа речницава за статистика. Кул е. И не знам што вие можете подобро од потпирање на статистика, ама особено на темава никој не се потпира на неа. Генерализацијата = статистика = факт и тука треба точка да има. Колку е човек неинтелигентен, толку лесно ќе може да каже „Битолчанец - мразам“. Не ти треба генерализација,ниту статистика, ниту било што за да мразиш, повредиш, убиеш. Ти треба само валкан ум. Ако генерализација ти помага во тоа, не е таа крива, исто како што не е крив пиштолот што постои, ниту оној којшто го измислил и произвел. Крив си ти, што не го почитуваш туѓиот живот.

Туку, муабетот за плавушите ме интересира, што е со нив, дека се глупави? Тоа е генерализацијата? Лоши генерализатори, срам ги било, какви глупави, барем пола од плавушите се генијалки. :lol: Не сме ние „генерализаторите“ криви што шмизлите сакаат да се фарбаат плави, ниту што се глупави. Никој не е крив, не е дури и страшно да се биде глупав. Некои се глупави, некои се грди, некои се дебели, некои се ниски, некои се со црна кожа, некои со коси очи. Сè има на светов.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom