
This is called "Foodscaping" and it's in Geneva, Switzerland. Each yard is a vegetable garden and neighbors consult and plan what each will grow so they can trade. Imagine this all over the world?!
https://www.facebook.com/SpiritualEcology
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
27-окт-2014 12:17
Овошја и зеленчуци со совршени форми и бои, привлечни за око, но речиси без вкус - генетски модифицираната храна демне од сите полици во маркетите и од тезгите на пазарите.
![]()
Генетски модифициран организам (ГМО) е организам на кој што му е изменета генетската структура по пат на генетски инженеринг. ГМО подоцна се применува во производство на генетски модифицирана храна. Генетското изменување на растенијата се врши преку бактерија Agrobacterium, а кај животните преку вируси меѓу кои најкористен е Lentivirus.
Иако овој метод наводно се користи за добивање поквалитетна храна, во последно време ГМО е предмет на многу истражувања со кои што се докажува штетноста по здравјето. Меѓу несаканите последици се вбројуваат ракот, стерилитетот и низа други хронични заболувања. ГМО е најзастапено во пченката, а потоа во памукот.
![]()
„Лидер“ во производството со ГМО е компанијата Монсанто, која што е сопственик на најголемиот број вакви посеви на Земјата. Според агрономите, на почва на која што еднаш е засадено ГМО семе, никогаш веќе нема да никне обично. Светската еколошка организација предупредува за одредени производи, а што се застапени и на нашиот пазар. Тука спаѓаат Нестле, Кока-Кола, сосовите Хајнц, увозните месни производи од сомнителни производители и земји (бразилско пилешко)... ГМО производи се дозволени во САД, Канада, Кина, Бразил, но не и во ЕУ. Проверете го списокот тука.
1 Ноември 2014 - 13:51
Српските медиуми кренаа паника околу падот на цената на лимонот на Балканот, конкретно на тој што доаѓа од Турција. Основа: канцероген, отровен, ја иритира кожата.
![]()
Вечерње Новости заинтересирани за поевтинувањето на лимонот во српските супермаркети од 230 денари на 80 денари (не е грешка што е во денар), ја анализираат декларацијата на пратката од Турција.
"Евтиниот лимон е увозен и потекнува од Турција, а на декларацијата пишува: 'Не ја користи кората! Лимонот е третиран со имазалил.' Предупредувањето е напишано со многу мали, едвај читливи букви, кои веројатно многу малку купувачи можат да го видат, дури и да инсистираат на тоа", пишува Вечерње Новости.
Инаку имазалил е фунгицид кој се користи на голем број овошја и зеленчуци, а српските медиуми тврдат дека тој е докажано канцероген и дека не се задржува само на кората, туку влегува во целиот плод. Ова го дополнуваат со проблемите што ги предизвикува кај новороденчињата и децата, а кај возрасните влијае на репродуктивните органи.
Тврдењето за канцерогеноста потекнува од истражување од 1999-та, спроведено од американската ЕПА. Дополнувањето на ова истражување е дека пестицидите кои се користат во земјоделството содржат далеку пониска концентрација од потребната за да постои ризик од рак. Заради ова процената на ризикот од добивање рак заради загаденоста на лимоните (и слични овошја) со имазалил е проценета на безначајна.
Интересна темава,но некако изгледа заборавате дека популацијава на Земјава е во постојан и брз пораст и наскоро ќе има војна за земја.Ме интересира,кога ќе настане овој проблем кое би било вашето решение? Во случај на војна,потоп,земјотрес итн...нели,може да се случи.Јас мислам дека и тогаш ќе се хранат луѓето со генетски модифицирана храна а дискусииве ќе се заборават.
@Dexter26 Кој те излажал дека било која индустрија работи за нешто друго освен пари?
Успут , живееме во доба со најмал број војни и најмал број жртви како последица од војни дејствија од било кој вид.Се множиме во свет со крајно ограничен простор.
И кој те излажал дека се множиме во свет со крајно ограничен простор ?
Повеќе единки одколку што дозволуваат ограничените ресурси во дадена животна средина, ќе резултира со смрт од прегладнување на некои од единките.Она што рече за децата,по 2-3 да се прават е OKish шо би рекле америте, ама е и крајно алтруистички пристап.Ти ќе ги направиш 2, комшијата акал и испаднале 3, одеднаш. Индиецот ја прекршил кичмата и ги има 6. Не оди така мазно тоа. Башка шо се над 2 ја зголемува популацијата ,а просторот ни е ограничен. ГМО се иднината. Каква ќе биде, зависи од нас.
Принципот на функционирање на капитализмот нема потреба да го објаснуваме.@Vanlok таман ти е муабетот, ама моменталниот економско-политички систем ни е некоја форма на капитализам. Не само нас, насекаде е. Сите работат за да заработат.За профит. Дали е некоја корпорација или земјоделец-поединец , иста им е целта.Пари. Што е можно повеќе, со најмалку можни вложувања.
Сеа треба да вршам анализа на растот на светската популација наспроти растот на панетата земја во последните 100 години?
Бегаме од темата.