Втор брак на вдовец/вдовица?

  • Креатор на темата Креатор на темата petar_joker
  • Време на започнување Време на започнување
Ако некоја 28 годисна цека оправдување за нејзините постапки од некој цлен на форум за нејзиниот `ивот, мислам дека пропустила доста.
Ако ти треба љубов, поддршка, среќа, и ја бараш на вистински начин, се надевам ќе си ја најдеш.
фала
 
Живеј го животот како што сакаш, и како што е добро за тебе и децата. Не е лесно да бидеш самохрана мајка, а притоа со една плата и без емотивна поддршка да бидеш силна. Освен средства, потребна ти е љубов, секс, поддршка, разговор....Не можеш со мајка ти и децата да зботуваш исто како со партнерот.
Сепак, поради децата ситуацијата е комплицирана, па врски од типот те сакам те нејќам не би требало да постојат, бидејќи децата можеби ќе се помират со смртта на татко им, но не и секои 6 месеци нов ,,тато’’. Затоа добро внимавај и бирај кој ќе го земе местото партнер во животот.
 
Па нема што многу да се пишува, прашањето е јасно- Дали оправдувате втор брак на вдовец или вдовица? Ако може образложите зошто да или зошто не.
Јас за втор брак после развод би оправдал, ама после смртта на мажот-/жената мислам дека е многу глупаво. А вие?
Da opravduvam
--- надополнето: Aug 10, 2011 10:46 AM ---
Па нема што многу да се пишува, прашањето е јасно- Дали оправдувате втор брак на вдовец или вдовица? Ако може образложите зошто да или зошто не.
Јас за втор брак после развод би оправдал, ама после смртта на мажот-/жената мислам дека е многу глупаво. А вие?
Da opravduvam
 
имам 18 години, а татко ми е починат веќе 16 години ( пет дена одкако се родила мојата сестра), а мајка ми не е имала втор брак. искрено до пред некоја година не знам како би реагирала на тоа да се прежени, но ако се одлучи сега на таков чекор (што чисто сумњам) знам дека ќе ја подржам , не е лесно да си самохрана мајка на две деца а и не постои причина за да се неоправдува втор брак
 
Сега како прво не дај боже да дојде до тоа некој/а да остане вдовец/вдовица.
Како второ, животот денес е премногу тежок и комплициран за човек сам да опстане и најдобро проблемите и тешкотиите, како и радостите се поднесуваат кога имаш некој покрај себе.
Тешко е да се заборави некоја личност што си ја сакал, но тоа не треба да претставува пречка за понатамошен живот. Таа повеќе нема да се врати и колку и да е тешко, човек едноставно мора да се помири со тоа, да сврти нова страна и да продолжи за биде здрава потпора на своите деца, а за да биде таква, не заборавајте дека и нејзе и треба некој на кој во секој момент може да се потпре и довери.
Искрено језиво ми е да пишувам на вакви теми, ама еве го изнесов сопственото мислење.
 
Секако дека ќе ја подржам мајка ми доколку си најде некој човек, имаме зборувано на таа тема неколку пати, веќе многу години поминаа откако почина татко ми и воопшто на човек му треба некој близок кој ќе биде покрај него. Некои работи никогаш не се забораваат, тоа е јасно ко ден, животот продолжува, спомените нека останат, ама од спомени не се живи. Ако еден ден одлучи секогаш ќе ја подржам и ќе го прифатам човекот како мој добар пријател.
 
Јас мислам дека треба да продолжи со животот,значи дека може да има брак и по смртта на својот партнер, иако тоа е многу ретко,затоа што личноста нема да биде психички подготвена,тргнете од примерот да изгубите дете,нема баш да бидете подготвени да одите на друго зар не ?
Мислам доколку љубовта била вистинска и имало тука љубов не би сакале некој да ви го замени партнерот,бар од моја гледна точка ..
Се согласува некој со мене ?
 
Јас мислам дека треба да продолжи со животот,значи дека може да има брак и по смртта на својот партнер, иако тоа е многу ретко,затоа што личноста нема да биде психички подготвена,тргнете од примерот да изгубите дете,нема баш да бидете подготвени да одите на друго зар не ?
Мислам доколку љубовта била вистинска и имало тука љубов не би сакале некој да ви го замени партнерот,бар од моја гледна точка ..
Се согласува некој со мене ?

Никој не може да ја надомести загубата на саканата личност. Никој не може да ја замени саканата личност.

Но нашата љубов не е ограничена, нормално дека нема да престанеме да го сакаме покојниот, за да сакаме некој друг. Најчесто вдовците и вдовиците, ако на помлади години останале сами (до 40) најчесто повторно стапуваат во брак. Ако од првиот брак веќе имаат деца, многу ретко имаат и од вториот (зошто најчесто и партнерот кој го бираат е со слична судбина како нивната).
Има тука многу за зборување, во секој случај, никој не може сам да седи засекогаш. Децата ќе пораснат, ќе го напуштат домот, човекот останува сам. Затоа ние можеби се смееме, но се почесто постари лица склучуваат брак (ако се потрадиционални) или едноставно живеат заедно - за да не потонат во осаменоста и тишината.

Инаку, колку што имам гледано по интернетов (ме интересирале семејства кои загубиле дете, што понатаму со нив) најчесто родителите се разделуваат, но прво, најчесто раѓаат уште едно дете - несвесно сакајќи да ја пополнат празнината. Подоцна сфаќаат дека новото дете нормално си го сакаат, дете им е, но не ја намалува тагата кон починатото. Нивната депресија се продлабочува до тој степен што најчесто се разделуваат.

Животот оди понатаму, и нема тука што. Болката не поминува, само се учиме да живееме со неа, и се учиме повторно да се радуваме на некои работи.
 
Да но секој човек не е психички подготвен да ја издржи таа болка и да продолжи напред во животот,многу е тешко да ги искачуваш скалилата кон врвот на успехот зар не ? Затоа амо најхрабрите успеваат ...
 
Да но секој човек не е психички подготвен да ја издржи таа болка и да продолжи напред во животот,многу е тешко да ги искачуваш скалилата кон врвот на успехот зар не ? Затоа амо најхрабрите успеваат ...

Со песимизам никаде не се стигнува, тоа е сигурно. Психички подготвен не се раѓаш, таков стануваш.
Се дружиш со луѓе со слична судбина, си ги раскажувате искуствата, и сите заедно гурате напред.
Затоа постојат групите за поддршка (на се и сешто).
 
Незнам на колку години ќе заминам јас или мојот партнер,ама сигурна сум дека нема да се премажам, а нити сакам мојот сакан да се прежени.
Млади да,ама по возрасни сум многу против.
А и сигурна сум дека вториот брак после смртта,нема да биде среќен/а.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom