Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Македон91
  • Време на започнување Време на започнување
Сојузничко пешадиско вооружување кое било користено од страна на единиците на НОВ на Југославија,

20190804_154311.jpg

Colt M1911.jpg

20190804_152910.jpg

Еве нешто интересно,
20190804_153741.jpg

EnjFe7oXcAQwkza
 
Последно уредено:
Моето мнемие за Втората Светска војна и нејзините импликации е дека на почетокот таму имало германска администрација на Полска.
После Германците станале дел од ЕУ.
 
Интересна појава непосредно по капитулацијата на Германија биле масовните самоубиства на фанатични нацисти кои не можеле и не сакале да се помират со новонастанатата ситуација. Не се знае колку илјади нацисти си го одзеле животот во касната пролет и раното лето 1945 но има инфо за некое гратче по име Демин (Demmin) со 15К население и преку 1.000 самоубиства во тој период.

Многу од тие фанатични нацисти кои се самоубиле, биле обични луѓе, без некоја позначајна функција во општеството. Мада, воглавном биле државни службеници (војска, јавна администрација, локална самоуправа...). Можда некои од нив не ни биле нацисти. Тука акцентот треба да биде на тоа дека не можеле и не сакале да се помират со новонастанатата ситуација, што пак не носи кон идеолошкото влијание кое придонело за тој став.
 
Советски дијаграм на воздушна битка против M262, од април 45-та.
(од позади, у мотори треба)

128701086_3451725964925090_8500011802544511273_o.jpg

Иван Кожедуб имал соборено еден Ме-262 на овој начин, едно време бил водечки ас на советските ВВС а подоцна и командант за време на Кореја, од интервју со него кажуваше дека било врвен престиж да се собори немачки млазњак, во тоа време само Ме-262 пошто Ар-234 биле само на западен фронт и Густав-линија.
 
Многу од тие фанатични нацисти кои се самоубиле, биле обични луѓе, без некоја позначајна функција во општеството. Мада, воглавном биле државни службеници (војска, јавна администрација, локална самоуправа...). Можда некои од нив не ни биле нацисти. Тука акцентот треба да биде на тоа дека не можеле и не сакале да се помират со новонастанатата ситуација, што пак не носи кон идеолошкото влијание кое придонело за тој став.

И пропагандата која долго време стварала незамислива параноја за азијатските орди од исток кои силуваат, јадат деца и наместо коса имаат бодликава жица, настрвени да ја уништат ариевската раса, во многу луѓе стравот од соочување со нив бил пресуден да се обесат.
 
Стравот од Советите бил постојано амплифициран од гебелсовата пропаганда, за да се борат до крај. Да не се предаваат. Тоа е целата стратегија на крајот (ако воопшто некогаш имале било каква стратегија Германците) - да се издржи на исток и да се склопи договор со запад (по можност за заедничка евентуална борба против исток).
На сите во Германија им било јасно дека борбата на исток и борбата на запад не се исти. Што повисоко некој бил во власта, повеќе знаел и за све што правеле во СССР Германците и за логорите и сл. Со оглед на тоа, тој преувеличан страв, за кој зборевме, е донекаде оправдан. Поради евидентната желба за одмазда од страна на Советите. Советите пак, не се теснеле и правеле секакви злодела, но во никој случај не може да се споредат со злоделата на Германците на исток. Тие одмазди биле веднаш прекинати од страна на врвот и почнало со делење храна и други потреби за населението. Ова особено под влијание на германските структури од советска страна. Рачунај дека типови како Паулус и Зајдлиц од тоа време, можеш комотно да ги ставиш како дел од советската страна.
Но, такви случаи на самоубиства имало и на западниот фронт. Наоѓале и Американците самоубиени цивили, само не толку како на исток.
Тоа е многу слична состојба, како на пример самоубиствата на јапонските цивили на Саипан, а после и Окинава и другде. Идеолошката загаденост го поречува рационалното расудување.
 
Фасцинантно е како пропагандата и идеологијата можат да ги премостат биолошко-еволутивните ситуации и да доведат до крајна ирационалност. Какво кондиционирање за 12 години, извршено врз цела популација на една високоцивилизирана земја. Лица од некоја си средна класа да си ги убиваат децата и себе си во некакви паланки по немачка, често лица кои не виделе фронт.
Хитлер=Џим Џонс со државен апарат :angel:
 
Интересна појава непосредно по капитулацијата на Германија биле масовните самоубиства на фанатични нацисти кои не можеле и не сакале да се помират со новонастанатата ситуација. Не се знае колку илјади нацисти си го одзеле животот во касната пролет и раното лето 1945 но има инфо за некое гратче по име Демин (Demmin) со 15К население и преку 1.000 самоубиства во тој период.

koga PARTIZANITE go osloboduvale Skopje, i po teski borbi zazemale zgrada po zgrada od nemcite,takov slucaj bil i so osvojuvanje na (novata) zeleznicka stanica,kade vo borba nemcite se predale i izlegle so podignati race pred zgradata.Eden visok fasisticki oficer koga gi videl partizanite,odnosno na kogo se predale se samoubil.
 
Кој знае зашто се самоубил тој.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom