Врнежи од снег предизвикуваат тешкотии во сообраќајот во Европа

Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034





Европа и денеска окована во снег и мраз

02.12.2010 | Свет | Извор: Макфакс
Поради новите снежни бури и температури под нулата и денеска ширум северна и централна Европа е отежнат сиот сообраќај, јавува британски Би-Би-Си.
Во Полска температурата во текот на ноќта падна до минус 26 Целзиусови степени. Во таа земја вчера само за еден ден смрзнаа осум луѓе. Уште петмина од големите студови страдаа во централна Европа, а двајца во Британија.
Лондонскиот аеродром Гетвик и натаму е затворен, додека во Франција и Германија се откажани многу летови.
Откажани се и половина линии на возот Евростар, кој сообраќа меѓу Лондон, Париз и Брисел.
Метеоролозите најавуваат големи студови и во следните денови бидејќи полето на низок воздушен притисок над западна Европа бавно се поместува кон исток.
„Невообичаено студен воздушен бран е над источниот Атлантик, и таму каде што тој се среќава со топлиот воздух, на пример, над Медитеранот, паѓа многу снег“, изјави метеорологот Хајнц Маурер од Метеосвис, швајцарскиот национален Хидрометеоролошки завод.
Тој предвидува дека снегот во централна Европа денеска ќе престане да паѓа.


http://kajgana.com/svet/evropa-i-deneska-okovana-vo-sneg-i-mraz

Снег над Скопје најрано 11.12.2010 следната сабота.

http://www.meteogroup.co.uk/uk/home/weather/world-weather/city-weather/city/397X1/skopje.html?tx_mgcityweatherstatic_pi4[p]=1
 
V

Vollstandig

Гостин
Ако е точен AccuWeather што го имам во мобилниот, треба да падне снег дури всабота , следната седмица.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Минатата година точно во оваа време во Македонија имаше многу снег , а ете сега дожд си врнит, а од друга страна велат ова ќе биде најладната зима? Можеби подоцна ќе не фати тој ладен бран.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Чудно, во Полска луѓе умираат од студ а ние овде играме фудбал по кратки ракави, и топло ни е.
 
Член од
28 мај 2010
Мислења
201
Поени од реакции
25
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Унијата во поларни, Балканот во пролетни услови

Додека интегрираната Европа сплотено се справува со поларни температури од минус 20 Целзиусови степени и со сите премрежиња што тие ги носат - од нарушена сообраќајна комуникација до смртни случаи од смрзнување, неинтегрираниот Балкан живее предбожиќна пролет со температури од 20 степени во позитива. Како климата ги препознава политичките граници на Унијата?

Европа повторно поделена - со луда клима



Поделбата на европскиот континент што досега ја создаваа политичките предуслови деновиве се чувствува и - температурно.

Додека интегрираната Европа сплотено се справува со поларни температури од минус 20 Целзиусови степени, со нарушена сообраќајна комуникација, откажани авионски летови, снежни наноси и смртни случаи од смрзнување, неинтегрираниот Балкан живее предбожиќна пролет со температури од 20 степени во позитива.

Како климата ги препознава политичките граници на Унијата?

- Северниот дел на Европа и дел од Балканот се под влијание на северни ветрови и затоа температурата таму е ниска и проследена со снег, додека, пак, нашата и околните земји Албанија и Грција се под влијание на јужните ветрови што носат топло време - вели Лена Јовановска, синоптичар при Управата за хидрометеоролошки работи.

Влијанието на топлиот воздушен бран од Медитеранот, кој десетина дена ја грее нашата земја, придонесе за ова невообичаено топло и сончево време и за максимална дневна температура до 22 Целзиусови степени, која ќе се задржи и во текот на денешниот ден. Во западните делови се можни почести врнежи од дожд. Најтопол град според синоптичарите ќе биде Гевгелија.

И во Скопје ќе биде релативно сончево со можни краткотрајни дождови и температура од 18 Целзиусови степени.

- Нашата земја е под влијание на јужно струење на топла и влажна воздушна маса од Медитеранот, кое ја покачува температурата на воздухот и придонесува за ова убаво и сончево време - ги објаснува Јовановска речиси необјаснивите временски разлики од онаа, европската и од оваа, неинтегрираната страна на континентот.
Убавата слика ќе се смени


Веќе од викендов синоптичарите најавуваат промена на оваа убава временска слика, особено од утре попладне, кога се очекуваат опаѓање на температурата, зголемување на облачноста и пообилни врнежи, кои на повисоките места ќе преминуваат во снег. Снежната покривка ќе донесе намалување на дневните и на ноќните температури и во текот на следната недела.

Ова не е прв пат кај нас да се измерат невообичаено високи температури за декември. Според податоците на УХМР, највисока максимална декемвриска температура во земјава е измерена минатата година во Битола, на 31 декември. Термометрите тогаш регистрирале 23 степени, како резултат на топлиот бран што го зафати јужниот дел од нашата земја.

Невообичаено високи температури во Скопје се забележани на 15 декември 1952 година, кога живата се искачи до 21,2 Целзиусов степен и на 27 декември 1995 година, кога се измерени 21,3 степен.

И анализите што ги прават стручњаците на Министерството за животна средина и просторно планирање го потврдуваат порастот на температурите во сите климатски области во земјава. Мерењата направени од 1971 до 2000 година покажуваат дека најтопла била 1994 година, кога температурните просеци се повисоки за 2 Целзиусови степени во Скопје, Демир Капија и во Битола. Највисоките вредности на средните годишни отстапување на температурата се регистрирани во регионот на субмедитеранската клима, како што е Овчеполието. Невообичаено е тоа што се забележува пораст на температурите во зимските и во летните месеци и нивно намалување во пролетните и во есенските, велат од Министерството за животна средина.


Временски промени



На што се должат ваквите драматични временски промени?

- Порастот на температурите во нашата земја е резултат на глобалното затоплување што, пак, е резултат на повеќе фактори. Индустријализацијата, емисијата на стакленички гасови, сечењето на шумите, последните години направија да се зголеми концентрацијата на гасовите во атмосферата, со што се нарушува рамнотежата на Земјата - објасни м-р Теодора Обрадовиќ-Грнчаровска, државна советничка при Министерството за животна средина и просторно планирање.

И годишното количество врнежи е намалено во сите метеоролошки станици во земјава, а најизразено е во Маврови Анови и на Попова Шапка, додава нашата соговорничка.

- За сметка на облачноста, пак, се зголемуваат сончевите денови и во субмедитеранското и во субалпското планинско подрачје на Македонија - вели Обрадовиќ-Грнчаровска.

Во текот на вчерашниот ден највисока температура од 23 Целзиусови степени е измерена во Кавадарци, потоа следи Демир Капија со 22, а во Скопје, Гевгелија и во Битола е регистриран 21 Целзиусов степен. Најсвежо беше во Лазарополе со 9 степени, на Маврово беше 10, на Попова Шапка 14, додека во Охрид беа регистрирани 13 Целзиусови степени.




Се излеа Радика

Реката Радика се излеа од своето корито, а сите водотеци во мавровскиот регион се зголемени. Поради поплавите, предизвикани од поројните дождови и силните ветрови, се оштетени мостови и стопански објекти во реканскиот регион.

- Радика е излеана по добар дел од текот - изјави градоначалникот на општината Маврово-Ростуше, Мукрем Мемеди, кој ги алармирал институциите за состојбата во регионот.

А.С.​

Автор: П.Т.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12310956471&id=9&prilog=0&setIzdanie=22149
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Лошо да не им „паднал“ снегот
понеделник, 06 декември 2010
- Беше многу возбудливо. Прозорите и вратите ни беа блокирани, но успеавме малку да ја отвориме вратата за да земеме малку свеж воздух. Имавме среќа што бевме заглавени во тој бар – изјавила Кејт Андервуд која работела како конобарка во пабот

Снег ги блокирал вратите и прозорците во пабот Lion Innu во северниот дел на Британија. Во пабот останале заглавени двајца гости и петмина вработени. Седуммината седум дена седеле затворени во пабот. Биле блокирани сите приоди, а затрупани со снег биле и сите автомобили кои стоеле околу пабот. Заглавените во пабот добро се забавувале, секој ден играле игри, јаделе и пиеле.

-Беше многу возбудливо. Прозорите и вратите ни беа блокирани, но успеавме малку да ја отвориме вратата за да земеме малку свеж воздух. Имавме среќа што бевме заглавени во тој бар – изјавила Кејт Андервуд која работела како конобарка во пабот.

Таа вели дека имале храна и повеќе од потребното, како и уред за греење. Во собите над пабот имало место каде да преспијат. Кејт во пабот работи веќе 4 години.
 
Член од
4 септември 2008
Мислења
951
Поени од реакции
18
И во Пиринот загазивме со врнежите од дожд. Струма во Кресненското дефиле прекина патот Софиа-Солун и сега за Петрич од Благоевград требува да вртиме през Банско-Гоце Делчев-Папазчаир-Петрич. Ама по кус ни е през МКД. Делчево-Бероово_Струмица-Петрич. Малко офтопик. Сум бил до Берово. Од Берово до Струмица каков е патот? И колко километри е? Ве молам за инфо.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Страшно ова, бе.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Струма се дигна 5 м. Сега врзката со Петрич и Сандански е само воз.
Дали се работи за мост (ако има, не сум запознаен) поплавен ли патот е поплавен/непрооден? Сликата погоре е тој пат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom