Во што веруваат атеистите?

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Она што за тебе е лага, за некого е реалност. Тоа што тебе таа реалност ти е глупа, безмислена, иритирачка, лажна, си е твоја перцепција и твое право. Но, неможеш истото да го ускратуваш некому прогласувајќи го за пропаганда. А муабетите за Ријад и Техеран ти се ептен депласирани -- ќе ги упатиш на друга адреса.
Епа затоа бе друже, нека си ја задржат нивната "реалност" за нив, не да ја шират насекаде каде што можат. Се дури е така, нема пропаганда.
Се дури нивната "реалност" пробуваат да ни ја наметнат, ќе си имаат проблем.
Ако почнат и корисниците на ЛСД да ни кажуваат што е реалност....

Лагата е лага дури и кога сите веруваат во неа. Вистината е вистина дури и кога никој не верува во неа.

Туку, дај да почниме со пример, ти што би сторил кога некој муслиман (претпоставувам христијан си) почне да те убедува, како тоа што веруваш е грешно, а неговото е она вистинското?
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545

А ха, значи ти мене великодушно ми дозволуваш да бидам религиозен, али у себе, така? Ако изустам нешто за тоа во јавност, или ако го бранам тоа свое право, онда тоа е пропаганда.

Реалноста е токму тоа, консензуално утврдена состојба. Вистината е вистина кога една заедница ќе се договори и ќе ја етаблира како таква. И постојат безброј вистини. Научните вистини се објективно докажливи. Но, постојат и прашања кои науката не ги засега а кои за многу луѓе се битни. Религијата нуди некои одговори. Без наметнување.

Кога било кој ќе почне да ме убедува (а некои атеисти го прават тоа на форумов, како и многу теисти) јас си заминувам. Ако почнеш и ти, ќе те оставам сам да си пишуваш.
 
Искажи го своето мислење, но не ги убедувај другите.
Јас никаде не пишав нешто спротивно од ова. Пропаганда станува кога истото ќе почнеш да го повторуваш одново и одново и одново... кога ќе почнеш да ги убедуваш луѓето дека она твоето е вистинското итн.

Вистината, како што пишав погоре, е една и не е предмет на договор. Нема безброј вистини.
Религијата не нуди одговори, таа нуди утеха, во најблага смисла кажано. Лажна, ама утеха.

Атеизмот е само обична реакција на религиите и нивните убедувања. Кои пак, религии се производ на човековото незнаење.
 
Ти, и редица други, одново и одново и одново пљукате. Јас не го гледам како пропаганда. Само како нетолеранција.

Вистината е една само за оние кои се догматски расположени. Како тебе. Не мора чоек да е религиозен а да е догматичен. Ти си жив пример.

Религијата нуди и одговори и утеха, за оние на кои им се потребни таквите. Доказ: милиони религиозни луѓе.

Атеизмот којшто ти и други го практицирате не е обична реакција, ами нетолерантност која, во своите највдахновени изблици, се залага за сушење мочуришта -- читај: екстерминација на религија и религиозни луѓе. Ептен демократски и цивилизирано. Констатирам само. Твое право е да бидеш нетолерантнен, да мразиш религија, да се бориш против неа, итн. А јас, доколку сметам дека треба и немам поумна работа, ќе реагирам.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Ти, и редица други, одново и одново и одново пљукате. Јас не го гледам како пропаганда. Само како нетолеранција.

Вистината е една само за оние кои се догматски расположени. Како тебе. Не мора чоек да е религиозен а да е догматичен. Ти си жив пример.

Религијата нуди и одговори и утеха, за оние на кои им се потребни таквите. Доказ: милиони религиозни луѓе.

Атеизмот којшто ти и други го практицирате не е обична реакција, ами нетолерантност која, во своите највдахновени изблици, се залага за сушење мочуришта -- читај: екстерминација на религија и религиозни луѓе. Ептен демократски и цивилизирано. Констатирам само. Твое право е да бидеш нетолерантнен, да мразиш религија, да се бориш против неа, итн. А јас, доколку сметам и немам поумна работа, ќе реагирам.
Грешно си сфатил, не плукаме. Само сме нетолерантни кон лагата.

Вистината е една, сакал или не. 1+1+1 е 3, а не 1. Се разбира, ти можеш милион пати да повториш дека е 1, можеш на разни начини да ги убедуваш луѓето, ама никогаш нема да биде 1.

Религијата не нуди одговори. Ако сакаш вистинити одговори, сигурно нема да ја прашаш религијата. Но ако сакаш утеха, тогаш првиот одговор што ќе те утеши, колку и да не точен ќе го прифатиш. Е токму тоа го нуди религијата.

Да, атеизмот е нетолеранција кон лагата.

Како што пишав, религиите се производ на човековото незнаење. Ќе исчезнат истиот момент кога ќе престане да постои незнаењето.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Сам пиша дека го браниш правото секој да верува во што сака без притоа некому да наметнува нешто.
Се додека шират лаги теистите, ќе има нетолеранција од страна на атеистите.
Впрочем, тоа е најдобриот одговор. Ако некој верува во нешто, слободно нека верува, но не да го шири истото на другите.
Не се согласувам дека треба да има нетолеранција од Атеистите. Бидејки у тој случај ние би станале баш тоа против што се бориме саму уште една религија. Треба да се остават луѓето да веруваат во тоа што сакаат без ралика дали тоа е точно или не. А бидејки времето работи за нас у случајот ни треба само трпение.
И ако некој теист сака да го шири неговото верување како точно треба да му се дозволи тоа да го прави бидејки на тој начин самиот себе си ја одредува изолацијата. Тој може да каже вака или онака но кога слушателот ке се врати дома ке уклучи ТВ или ПЦ и ке види вест од типот се открило ова или она во универзумот претходните тврдења на теистот почнуваат да се приспитуваат и се зимаат за неточни.
Ова го викам бидејки само земи колку атеисти имало пред индустриската револуција а колку денес.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Грешно си сфатил, не плукаме. Само сме нетолерантни кон лагата.

Вистината е една, сакал или не. 1+1+1 е 3, а не 1. Се разбира, ти можеш милион пати да повториш дека е 1, можеш на разни начини да ги убедуваш луѓето, ама никогаш нема да биде 1.

Религијата не нуди одговори. Ако сакаш вистинити одговори, сигурно нема да ја прашаш религијата. Но ако сакаш утеха, тогаш првиот одговор што ќе те утеши, колку и да не точен ќе го прифатиш. Е токму тоа го нуди религијата.

Да, атеизмот е нетолеранција кон лагата.

Како што пишав, религиите се производ на човековото незнаење. Ќе исчезнат истиот момент кога ќе престане да постои незнаењето.
Колку си толерантен и дали плукаш ти и твоите пајташи, нека оценат другите. Беспредметно е да се натегаме -- тоа е веќе убедување.

Секако, операциите кои ги приложи како пример неминовно водат кон истиот заклучок. Но, не е се` калкулус или научен проект. Има многу прашања кои се надвор од интересот на науката. За некој кој се к`лне во наука, ова треба да ти е јасно. Следствено, науката тука не нуди одговори бидејќи не ги ни разгледува тие прашања. Религиите го прават тоа и нудат одговори. Тебе далечни и неразбирливи.

Религијата нуди работи кои ти не ги познаваш ниту разбираш затоа што немаш жив опит во неа. И тоа е нормално. Но не можеш да тврдиш дека, на пример, суши е гадна храна а никогаш да не си ја вкусил.

Атеизмот е негација на постоење Бог. Другово ти е тешко бладање. Провери си.

Твојот однос и интерпретација на религиите папагалски се повторува од многу милитантни атеисти. Дали ќе се обистини, ќе видиме.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
А ха, значи ти мене великодушно ми дозволуваш да бидам религиозен, али у себе, така? Ако изустам нешто за тоа во јавност, или ако го бранам тоа свое право, онда тоа е пропаганда.

Реалноста е токму тоа, консензуално утврдена состојба. Вистината е вистина кога една заедница ќе се договори и ќе ја етаблира како таква. И постојат безброј вистини. Научните вистини се објективно докажливи. Но, постојат и прашања кои науката не ги засега а кои за многу луѓе се битни. Религијата нуди некои одговори. Без наметнување.

Кога било кој ќе почне да ме убедува (а некои атеисти го прават тоа на форумов, како и многу теисти) јас си заминувам. Ако почнеш и ти, ќе те оставам сам да си пишуваш.
Ако ти веруваш заради свои лични причини, верувај, но штом ти се обидеш да убедиш некој друг да верува како тебе заради твои лични причини, тогаш ќе треба да изнесеш докази, инаку се сведува на пропаганда.
Религијата не нуди одговори, религијата нуди оправдание за да не се бараат одговорите, и тоа е мојот најголем проблем со религијата.
Верувај си, но штом се обидеш да објасниш некоја појава или прашање во врска со настанокот на човекот или универзумот базирајќи се само на ирационална верба без докази, е тогаш имаме ‘конфљикт‘.
 
Игорче, бидејќи лично ми се обраќаш, дај експресно да ја решиме. Кога тебе, заради мои лични причини, сум те убедувал? Кога сум застапувал некој космогониски мит на форумов? Кога сум објаснувал настанок на универзумот? Ако не сум, зошто ми го арчиш времето?
 
Не реков дека го правиш тоа.
Само разјаснувам што (според мене) значи лично верување, а што пропаганда.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Не реков дека го правиш тоа.
Само разјаснувам што (според мене) значи лично верување, а што пропаганда.
Тогаш би те молел да не ми се обраќаш лично и да не ме цитираш, бидејќи не сум дел од тоа што ти го нарекуваш пропаганда.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Тогаш би те молел да не ми се обраќаш лично и да не ме цитираш, бидејќи не сум дел од тоа што ти го нарекуваш пропаганда.
Не знам зошто го сфати мојот пост како личен удар врз тебе, прочитав дека дискутирате што е тоа лично верување, а што пропаганда на лични уверувања, и само реплицирав.
Нејсе.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Не знам зошто го сфати мојот пост како личен удар врз тебе, прочитав дека дискутирате што е тоа лично верување, а што пропаганда на лични уверувања, и само реплицирав.
Нејсе.
Не бе Игорче, се обидуваш со некои ready-made финти да ми прикачиш етикета дека сум креационист или дека го бранам тој светоглед. Реплицирај на она што сум го изјавил или го застапувам.

А дај, за потребите на дискусијава утврди ги критериумите за пропаганда и посочи примери каде јас сум ја бранел таа пропаганда.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
А ха, значи ти мене великодушно ми дозволуваш да бидам религиозен, али у себе, така? Ако изустам нешто за тоа во јавност, или ако го бранам тоа свое право, онда тоа е пропаганда.

Реалноста е токму тоа, консензуално утврдена состојба. Вистината е вистина кога една заедница ќе се договори и ќе ја етаблира како таква. И постојат безброј вистини. Научните вистини се објективно докажливи. Но, постојат и прашања кои науката не ги засега а кои за многу луѓе се битни. Религијата нуди некои одговори. Без наметнување.

Кога било кој ќе почне да ме убедува (а некои атеисти го прават тоа на форумов, како и многу теисти) јас си заминувам. Ако почнеш и ти, ќе те оставам сам да си пишуваш.
Петар, не навлегувам дирекно во твојата дискусија со членот, а немам намера да го понижам твоето верување.
Само кажи ми, како, како да ги натерам луѓето да сфатат дека е важно да бидат среќни? Јас лично сум атеист и никого не терам да биде како мене ниту да ме охрабрува во изборот што сум го направила, мојот проблем со верниците е од друг аспект.

Тие кои јас ги познавам - се залагаат за ,,така вика Господ,, а не за личната среќа. Дури и кога тоа што Господ им го наложил, нив ги прави крајно несреќни, се плашат. Зар Господ не е љубов?

Ти живееш на другата страна на светот, доста ти се јасни проповедите на одредени друштва/организации кои практично го учат човекот - да не биде човек.
Пасивното верување никому не пречи - агресивното наметнување - пречи.

На дете од 13 години ако му кажеш дека ќе гори во пеколот ако направи тоа и тоа - детето ќе си го врзе во крпче.

Ти си како моите родители, као веруваат, ама поим реално немаат во што веруваат, а далеку се од ,вистински, верници. Си веруваат оти така им рекле како деца, башка верувањето им е изговор за се што ќе им кажеш. Пред некој ден се расправам со татко ми зошто не јадам месо, тој мене ми објаснува дека Господ ги дал животните за јадење. Колку и да го сакам како татко, тоа е глупост, и едноставно ја прекинав дискусијата.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Најдобар начин за одбрана е нападот. Тапетарот кој го носи моето име ја одвлекува дискусијата во други насоки сакајќи да го избегне очигледното - вистината. Тапетару, темава е интелектуална борба меѓу атеистите и верниците, ти ја застапуваш верничката теорија па нашите реплики можеби не се однесуваат лично на тебе но на верничката маса која наметнува влијание и пропаганда. Имам другари кои се атеисти и верници и единствени кои се обиделе да ме одвлечат од моите негативни ставови за религијата биле верниците. Во времето кога бев верник, атеистите никогаш не ми рекоа „прекини да веруваш и дојди на наша страна“.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom