А ха, значи ти мене великодушно ми дозволуваш да бидам религиозен, али у себе, така? Ако изустам нешто за тоа во јавност, или ако го бранам тоа свое право, онда тоа е пропаганда.
Реалноста е токму тоа, консензуално утврдена состојба. Вистината е вистина кога една заедница ќе се договори и ќе ја етаблира како таква. И постојат безброј вистини. Научните вистини се објективно докажливи. Но, постојат и прашања кои науката не ги засега а кои за многу луѓе се битни. Религијата нуди некои одговори. Без наметнување.
Кога било кој ќе почне да ме убедува (а некои атеисти го прават тоа на форумов, како и многу теисти) јас си заминувам. Ако почнеш и ти, ќе те оставам сам да си пишуваш.
Петар, не навлегувам дирекно во твојата дискусија со членот, а немам намера да го понижам твоето верување.
Само кажи ми, како, како да ги натерам луѓето да сфатат дека е важно да бидат среќни? Јас лично сум атеист и никого не терам да биде како мене ниту да ме охрабрува во изборот што сум го направила, мојот проблем со верниците е од друг аспект.
Тие кои јас ги познавам - се залагаат за ,,така вика Господ,, а не за личната среќа. Дури и кога тоа што Господ им го наложил, нив ги прави крајно несреќни, се плашат. Зар Господ не е љубов?
Ти живееш на другата страна на светот, доста ти се јасни проповедите на одредени друштва/организации кои практично го учат човекот - да не биде човек.
Пасивното верување никому не пречи - агресивното наметнување - пречи.
На дете од 13 години ако му кажеш дека ќе гори во пеколот ако направи тоа и тоа - детето ќе си го врзе во крпче.
Ти си како моите родители, као веруваат, ама поим реално немаат во што веруваат, а далеку се од ,вистински, верници. Си веруваат оти така им рекле како деца, башка верувањето им е изговор за се што ќе им кажеш. Пред некој ден се расправам со татко ми зошто не јадам месо, тој мене ми објаснува дека Господ ги дал животните за јадење. Колку и да го сакам како татко, тоа е глупост, и едноставно ја прекинав дискусијата.