Во пораст семејното насилство врз мажите

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Семејното насилство над мажите е во пораст во првите шест месеци од годинава. Од вкупно регистрирани 415 случаи на семејно насилство, во 62 случаи мажи пријавиле дека биле малтретирани од своите сопруги. Најголем дел се случаи на физичко насилство, во помал број психичко, а многу мал процент психичко и сексуално насилство.

EBB670D78335034DBE28799F682F9C23.jpg

Бројката на вкупно регистрирани случаи годинава е во пораст, со оглед на тоа што во текот на целата мината година имало 730 случаи. Зголемувањето, како што појасни министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, се должи на зајакнувањето на свеста кај жртвите на семејно насилство и охрабреноста да го пријават во институциите.
„Од вкупниот број случаи, само 20 се засолнети во регионалните шелтер центри каде им се дава неопходната помош. Од нив, 15 жртви се во центарот во Скопје, четири во Кочани и еден во Свети Николе“, рече Ристовски.

DOMESTIC-VIOLENCE-BY-WOME-006.jpg
 
еее , порано мажите знаеле како да ги доведат в ред жените , но сега спротивно се случува - жените почнуваат да малтретираат и физички и психички :facepalm:
 
EeeeEeEE да бе кога ке ја фатам на боксови,како може да малтретира не ми е јасно.
Единствено малтретирање може да биде психички ако те уценува со нешто.
 
EeeeEeEE да бе кога ке и ја фатам на боксови,како може да малтретира не ми е јасно.
Единствено малтретирање може да биде психички ако те уценува со нешто.
Читај
Најголем дел се случаи на физичко насилство, во помал број психичко
Значи во најголем процент се застапени физичко насилство ....
 
Некако ми е тешко да си ја замислам сликава во глава.Не негирам дека веројатно се случува ама веројатно затоа што немам видено жена маж да истепа, а мажот да не врати...Штознам,или мажот е многу фин и културен па на физички напад не возвраќа, или жената билдерка е па не може да ја совлада. Разбирам ајде и шлаканица да падне, ама овие мажи штом отишле во СОС центри, значи сериозно тепање паднало.
 
Што ти направија владата кампања
"Вистински маж , никогаш не удира жена" , бла бла бла ...
сега треба да се прави кампања , "Жената никогаш не удира маж ни под разно":facepalm:
Жените си земаа многу поголема слобода ....
веројатно кампањата им удри во главата , па мислат дека сите ќе им поверуваат на жените во однос на мажот во малтретирање
 
Истата оваа вест веќе ја постирав денес на темата Семејно насилство во Дом и Семејство, мислам дека нема потреба да се отвара посебна тема, кога веќе постои:

Не ја прикажувајте само едната страна на приказната. Да, жените страдаат физички, но не заборавајте дека жените применуваат психичко насилство врз мажите. Имам слушнато маж кој вели дека полесно би поднел тепање отколку психичко малтретирање на кое секој ден го подложува жена му! Ваков вид на тортура многу потешко се докажува, бидејќи нели, нема видливи физички траги врз жртвата.​
Бидете реални, секоја приказна има две страни. Ниту жените се секојпат невини жртви, ниту пак мажите дежурни виновници. Не оправдувам семејсно насилство ни во физичка, ни во психичка смисла и секој кој останува во таква заедница го прави тоа на сопствена одговорност.​
Исто така, имајте на ум дека постојат садо-мазо заедници кои фукнционираат на ваков начин. Да, некои луѓе сакаат да тепаат, а други да бидат тепани. На некои дури тоа им е совршена сексуална предигра.​
Scire, velle, audere, tacere, ire!
Plavooka, денес во 14:25 Пријави
#47 Одговори
 
Што ти направија владата кампања
"Вистински маж , никогаш не удира жена" , бла бла бла ...
сега треба да се прави кампања , "Жената никогаш не удира маж ни под разно":facepalm:
Жените си земаа многу поголема слобода ....
веројатно кампањата им удри во главата , па мислат дека сите ќе им поверуваат на жените во однос на мажот во малтретирање
Ако ме читаше убаво, реков дека веројатно се случува, само ми е тешко да го замислам тоа. И не, не сум партиски определена и врз мене немаат влијание владини реклами. Посебно оваа, затоа што оној/онаа што удира, удира и со реклама и без неа.
 
кој спомна овдека партиски поделеност ?
добро прочитав ...
веројатно мислеа дека можеби семејно насилство може да намали но се случи спротивно од тоа , па заради тоа реков дека жените си земаа многу слобода ....
Секако ни јас не подржувам никакво семејно насилство , од двата спротивни пола
 
Читај
Најголем дел се случаи на физичко насилство, во помал број психичко
Значи во најголем процент се застапени физичко насилство ....
Чудно,стварно не ми е јасно како може жена ти физички да те малтретира.
 
Охрабрува тоа што жртвите почнаа да го пријавуваат семејното насилство. Јас ги охрабрувам сите жртви да го сторат истото и да ја сопрат тортурата без разлика дали е физичка или психичка. Радува фактот и што мажите собрале сили да пријават.
--- надополнето: 19 јули 2012 во 20:17 ---
Чудно стварно не ми е јасно како може жена ти физички да те малтретира.
Ќе земе една суровица и ќе ти ја скрши од глава, шо не ти е јасно.
 
Чудно стварно не ми е јасно како може жена ти физички да те малтретира.
хахах , жена имам :pos:
Друже ни јас немам посебен приказ во главата т.е никогаш не сум видел жена да го малтретира својот маж , НИКОГАШ !!
 
кој спомна овдека партиски поделеност ?
добро прочитав ...
веројатно мислеа дека можеби семејно насилство може да намали но се случи спротивно од тоа , па заради тоа реков дека жените си земаа многу слобода ....
Секако ни јас не подржувам никакво семејно насилство , од двата спротивни пола
Па спомна владини реклами затоа...И нормално дека не поддржувам ни јас насилство, туку зборот ми беше дека чудно е што маживе не вратиле на тепањето (и не ми се верува дека им е од гледање реклами:)). А ако е од рекламите, значи стварно успешни испаднале.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom