THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.724
- Поени од реакции
- 1.333
Семејното насилство над мажите е во пораст во првите шест месеци од годинава. Од вкупно регистрирани 415 случаи на семејно насилство, во 62 случаи мажи пријавиле дека биле малтретирани од своите сопруги. Најголем дел се случаи на физичко насилство, во помал број психичко, а многу мал процент психичко и сексуално насилство.
Бројката на вкупно регистрирани случаи годинава е во пораст, со оглед на тоа што во текот на целата мината година имало 730 случаи. Зголемувањето, како што појасни министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, се должи на зајакнувањето на свеста кај жртвите на семејно насилство и охрабреноста да го пријават во институциите.
„Од вкупниот број случаи, само 20 се засолнети во регионалните шелтер центри каде им се дава неопходната помош. Од нив, 15 жртви се во центарот во Скопје, четири во Кочани и еден во Свети Николе“, рече Ристовски.