Во петок на бојкот? – Секоја акција може да успее ако има масовност! 31.01.2025

  • Креатор на темата Креатор на темата Coca Cola
  • Време на започнување Време на започнување

Ќе бојкотирате ли пазарување во Петок?

  • Да

  • Не, не ме интересира

  • Да, но мислам дека нема ефект.

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Ако сакате да бојкотирате земете една нива под наем и насадете компир, кромид, грав, пипер патлиџан. Земете некое прасенце за месо, една крава за млеко. Тек тогаш ќе може да се бојкотираат маркетите.
Претходната година за ајвар ме заебаа, пипер за никаде, за оваа година од познаник си зедов и мерак ама човекот ми рече од дома ми го земаат на пазар не го продавам ако сакаш дојди ќе ти дадам, ем квалитет ем не е мамас татас, веро тинекс, ем се прошетав до село .

Муабетот ми е дека треба од некаде да се почне.
Само не од амеби.
 
Последно уредено:
Ако сакате да бојкотирате земете една нива под наем и насадете компир, кромид, грав, пипер патлиџан. Земете некое прасенце за месо, една крава за млеко. Тек тогаш ќе може да се бојкотираат маркетите.
Кажи дека мама уште ти готви. Рамниот ми е следен а ти не си слободен, очекувај ме!
 
Маркетите дали користат кредити од банките?
Плаќаат ли провизии и други банкарски услуги? Транспортерите, производителите, итн… граѓаните земаат ли кредити?
Плаќаат ли провизии, услуги за обработка на кредити, услуги за опомени и уште што ти не? “, прашува во напишаното Јакимовски.
На надлежните им порачува да се зафатат со причините.
„Ве молам зафатете се да решавате вистински проблеми и удрете по причините, а не по последиците. Цените во маркетите се последица, а не причина за растот на цените

Факт дека најголемиот дел од банките за кои и многу помала кредитна линија е и тоа како привлечна, секојдневно ги тероризираат граѓаните со чии пари работат наплаќајки им нереални трошоци, високи камати, продавајќи им приватен имот во криминални постапки, здружени со корумпирани извршители и судии создавајќи банкарски профит и капитал, што само по себе е контрадикторно, но, во 30 години независна држава сеуште се нема случено банка да биде ставена под истрага или да и биде судено и покрај очигледниот банкарски криминал кон илјадници клиенти како правни или физички лица
КАКО „ХАЛК БАНКА А.Д. СКОПЈЕ „ ЈА ВНЕСЕ ГРУПАЦИЈАТА „ХАЛК БАНКА . ТУРЦИЈА „ ВО МАКЕДОНСКАТА ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА ПИРАМИДА !
23. 09.2024.

Денар по денар милионери, к по к бунда е нашиот монетарен систем.
Не се сите договори исти. НБРМ ги следи трендовите на пазарот, во регионот и во Европа, а со тие механизми настапува и на домашен терен со цел да заузда инфлација, да спречи рецесија итн итн. Нема везе, стварно не е за банки темава да не ја тупиме, ама мислам дека револтот треба да го бараш во самиот себе зашо си потпишал лош договор. Крај краева ако ти е толку голема каматата рефинансирај во друга банка, ќе ти се исплати.
И? ја заузда? Не ги качуваа платите и пак сме на врвот по инфлација.
Батали кредитот, гледам повеќе се разбираш неголи некој што го работел тоа коа ти си бил малечок. Надоместоци и провизии, отомаците лај**а да јадат. Сенародна сега смисли и друга месечна давачка, за да си ги видиш своите пари, ес банкинг, ем банкинг...табелите со надоместоци им се на неколку страни. Двесте денари за да си блокираш картича, арни ли се. И стопати сервисирани за нивните загуби и пропаст.

Банките ни се со докажан криминал, колку и да го негираш тоа пристрасно.
 
Последно уредено:
Се гледа по темава дека луѓето во Македонија се оперирани од секаква економска логика. Цените во маркетите зависат од многу надворешни фактори. Војни, поскапување на енергенси, поскапување на превоз, поскапо производство.

Профитот што го остваруваат компаниите не го вложуваат само во скапи куќи и автомобили, туку најголем дел оди во додатни трошоци и држење корак со нова технологија, за да не бидат прегазени од конкурениција. Тоа е пазарна економија.

Пробајте отворите ваш бизнис и дајте му на работникот 60 илјади денари плата. Да видам колку сте дарежливи и како тогаш ќе имате друга економска логика.
Дали знаеш колку вработени има Кам маркет,од вкупниот број колку луѓе се во маркетите и колку профит прави годишно?
 
Лелелеле

:icon_lol: :icon_lol:

Ја би рекол, за полесно да запамти народов и пошто тука сепак све сме религиозни луѓе, во посни денови да ги бојкотираме Кам, Стокомак, Кипер и Жито, а во мрсни Веро, Рамстор и Тинекс.
 
Овие два маркета мене од пред 10 години ми се на доживотен бојкот.
Ништо ново за мене.
Мене тинекс, откако видов еден продукт што го користам, 200 денари поскап од секаде.
 
Ако сакате да бојкотирате земете една нива под наем и насадете компир, кромид, грав, пипер патлиџан. Земете некое прасенце за месо, една крава за млеко. Тек тогаш ќе може да се бојкотираат маркетите.
Брат абе и со седмица даде добар пример ваков, наместо хамбургер пола кило печеница и кифли ке си купиш ти така бојкотираш. Само шо кифлите некој друг ти ги правеше тебе.

Така и ова, слободна земја за прасенце, кравичка, земја за компир грав пипер од небо ли паѓа?
 
Овие два маркета мене од пред 10 години ми се на доживотен бојкот.
Ништо ново за мене.
Ќе биде интересно ЛИДЛ кога ќе почне со работа колку проценти ќе земе од колачот на Веро,Рамстор и Тинекс додека од помалите ќе земе многу малку.
 
Ќе биде интересно ЛИДЛ кога ќе почне со работа колку проценти ќе земе од колачот на Веро,Рамстор и Тинекс додека од помалите ќе земе многу малку.

Лидл ќе биде ефтин додека не исфрли од игра доволно играчи за да може да воспостави дуопол со тој што ќе преживее. Претпоставувам затоа и не даваат да влезе.

Иначе, маркетите држат можеби најозбилен маркетинг во државава и благодарение на картиците за лојалност, знаат до денар кој колку има и колку може да си дозволи. Со други зборови, добро знаат дека каурот има повеќе од што пријавува, иначе не би пласирале роба за која би ризикувале да не се продаде.
Ова што го прават се подисправа(не скроз) со малце инает, аскетизам и дисциплина, ама пошто тоа за народ како нас, навлечен на пиво, чипсови и чоколади е нешто непомливо, ни останува да ги мољакаме да ни намалат цени на по некој артикал.
Друг начин да се исправи ова е малце мотика, ама тоа па не ми се спомиња колку е неизводливо .
 
Цените растат поради надворешни фактори, а не поради себичноста на маркетите. Владата треба да превземе некакви мерки за да ја спречи прекумерната инфлација и да го олесни животниот стандард на граѓаните.
 
Но тоа важи за увозните производи а проблемот е во тоа што растат цените на домашните производи поточно на млечните кои се произведуваат тука а за нив не е потребна странска суровина за да се добие финален прозивод.
Автоматски споено мислење:

Лидл ќе биде ефтин додека не исфрли од игра доволно играчи за да може да воспостави дуопол со тој што ќе преживее. Претпоставувам затоа и не даваат да влезе.

Иначе, маркетите држат можеби најозбилен маркетинг во државава и благодарение на картиците за лојалност, знаат до денар кој колку има и колку може да си дозволи. Со други зборови, добро знаат дека каурот има повеќе од што пријавува, иначе не би пласирале роба за која би ризикувале да не се продаде.
Ова што го прават се подисправа(не скроз) со малце инает, аскетизам и дисциплина, ама пошто тоа за народ како нас, навлечен на пиво, чипсови и чоколади е нешто непомливо, ни останува да ги мољакаме да ни намалат цени на по некој артикал.
Друг начин да се исправи ова е малце мотика, ама тоа па не ми се спомиња колку е неизводливо .
Многу тешко ќе му оди на германецот комплетно исфрлување од конкуренција на некој од постоечките 9 маркети кои гравитираат низ Скопје бидејки ова е Балкан и тука трговијата е силна страна на овие простори. Очекувам најголем удар врз Веро,Тинекс и Рамстор а помалите помалку штета ќе претрпат бидејки одат на пониски маржи и по мое ќе ги спуштат за да се усогласат со Лидл и да опстанат додека големиве 3 ќе си тераат исто како досега па во краен случај или ќе ги продадат маркетите или ќе ги затворат.
 
Последно уредено:
3 евра чоколадо на 500 евра плата.. Nuff said

Ние сме глупи шо седиме овде, 10-тиот круг на Пеколот!
 
Но тоа важи за увозните производи а проблемот е во тоа што растат цените на домашните производи поточно на млечните кои се произведуваат тука а за нив не е потребна странска суровина за да се добие финален
Ха,ха...
Да не мислиш дека само на трева се кравите?
Освен што имаме дел трици и нешто ситно јачмен, СЕ друго се увезува 100%. Значи, пченка, соја, сончоглед, витамини, минерали...се зависиме од увоз...
И ова е само за примарно производство на сурово млеко.
Ако одиме до финален производ, ко што викаш ти, сите реагенси во млечна индустрија, сол, амбалажа, машини, резервни делови...СЕ е од увоз !
Домашна е само работна рака, т.е. бруто плата. А и таа е покачена
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom