Во околината на Битола откриен воен логор од 13 век

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Стручен тим на НУ Завод и Музеј-Битола под водство на археологот Гордана Филипоска-Лазаревска откри ново археолошко откритие во околината на градот, во месноста викана Баир.



- Станува збор за помошно утврдување или воен логор наменет за обезбедување и чување на преминот на реката Драгор. Откритијата се во пределот на Битолско Кале каде се наоѓа и Катедрална црква, и тука деновиве пронајдовме остатоци од колиби и шатори во кои се живеело во периодот меѓу 13-ти и 19 век, посочи археологот Филиповска-Лазаревска.

Експертите претпоставуваат дека утврдувањето датира од средниот век а се темели на фактот дека во историската карта направена кон крајот на 19-ти и почетокот на 20 век немало никакви забелешки или запишани сознанија дека на оваа локација некогаш нешто постоело.

- Се спомнува дека во 17 век тука имало некропола-гробиште. Најдовме машки скелети во 2007-ма, а и годинава. Некои се постари а другите помлади, со раце прекрстени преку стомакот и се вкопани директно во земјата. Пронајдовме и остатоци од мали јами или складишта во кои се чувала храна, за да не се расипе, истакна Филиповска-Лазаревска.

На битолскиот Баир сега се истражува бедемот од југоисточната страна каде што се пронајдени воените ровови со цел да се истражи дали потекнуваат од периодот во 1912 година кога Битола ја напуштале османлиските војски или тие се од времето на Првата светска војна.

При ископувањата на овој терен бил пронајден занаетчиски печат со арапски текст кој се уште целосно не е дешифриран, како и некои метални парчиња за украсување на ремен, потврдуваат од НУ Завод и Музеј-Битола.

Извор

Интересно, дали луѓето од Битола и нејзината околина се запознати со ова, пред да биде откриено. Дали има некои податоци и информации за овој логор меѓу народот, претпоставки и слично.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom