Веќе некое време ја отворам темава, сакајќи да се ослободам од некои работи, кои со задоволство би ти ги кажала и би сакала да ги знаеш, но одложував, велејќи си сама на себе, дека нема потреба, барем не сеуште, да ти посветувам пост. Еве ме сега, се решив. Знам од кога ќе напишам се, ќе ми биде полесно.
...
Знаев дека ќе биде вака, знаев дека немам сила да прекинам да те гледам и знаев дека од ден на ден, обичното гледање ќе прерасне во нешто повеќе. Се познавам себе многу добро, но негирав дека имам симпатии спрема тебе. Негирав кога други ќе ме прашаа, негирав сама на себе. Тоа е затоа што, слушав за тебе некои работи, кои ме повредуваа.
Задоволството додека те гледав, ги победуваше сите приказни за тебе.
Не знам дали има полошо чувство од тоа некој да те привлекува толку многу, а да знаеш дека не е најдобриот избор.
Плачев, плачев...
Па, за да си олеснам решив веќе никого да не слушам што има да каже за тебе. Само срцево. И така ми одговара. Од кога почнав да ги игнорирам гласовите од страна, се осеќам поубаво и сега.. не ми е ништо важно, само ти.
Не знам дали некогаш ќе дознаеш дека за тебе сум спремна да ризикувам толку многу.
Одиме понатаму.
Ти не беше свесен за ништо, веројатно бев една од многуте девојки кои те гледаа чудно. Така, до пред некое време, кога си се распрашал за мене.
Кога ми кажаа за тоа, ќе ми експлодираше срцево. Пукав од среќа. Тоа ми беше уште една причина плус да се опуштам во врска со се.
Сега знаеш. Очигледна сум. Верувај, не сум само јас.
И ти си очигледен. Прво, со самото распрашување, второ ..не сум само јас таа која испраќа погледи, не?
Од една страна е така, а пак од друга, нема ништо повеќе, а јас чекам и чекам... Не чекам којзнае што. И ситница од тебе, нешто мал знак ќе ми биде доволен.
Милион пречки има меѓу нас, пречки кои јас сум спремна да ги поминам без проблем, но не знам за тебе..
Сега кога знаеш се, што е проблемов?
Јас си седам на исто, не се откажувам лесно. Некое гласче не ми дава да дигнам раце од тебе. И нема.
За крај, омилениот дел:
Bittersweet
I want you..
...
Е, така.