Имам толку многу да ти кажам , ама нема да имам шанса никогаш, затоа што кога и да почнам нешто тебе се ти е шала!
Тебе ти треба сериозна девојка, а јас очигледно не сум била таа.
Можеш само малку понекогаш да излезеш од тој твој затворен круг и да погледнеш околу себе? Кажи ми можеш ли?
Дали можеш да ги видиш оние кои навистина те сакаат?
И тоа неможеш , или едноставно така ти чини и несакаш!?
Дали понекогаш ке ти текне која будала те чекаше до 4 сабајле???? Е да оваа , која во моментов е толку огорчена и лута на светот што од денес па натаму си вети самата на себе.......Дека повеке да ти биде играчка нема, иако многупати сум ги кажала овие зборови, никогаш не ги исполнив, сега ке бидам јака и силна за себе, само за себе и никој друг!
Никој не засужил да му бидам марионета , да ме викне само кога ке има некоја корист од мене!!!
И немој да ми кажеш дека незнам да прифатам шала, заебанција јас знам подобро од било кој да се насмеам, ама твоите шали дефинитивно ги поминаа сите граници на нормалното однесување.
Се чувствувам мизерно , никогаш во животот мислам дека вака не сум се почувствувала....или можеби сум ама не ме заболело вака многу?!
Ке доде денот кога ке се сетиш на мене и моите зборови на кои никогаш не поверува .... само се надевам дека тогаш кога ке ги сфатиш работите јас ке бидам далеку од тебе , како што сега си ти далеку од мене, до мене си , а.....те нема.
Несакам да должам повеке сакав само да го кажам ова на некого без разлика што ти никогаш нема да го прочиташ или слушнеш....
Едноставно имав потреба да им покажам на другите каков човек беше, си,и ке останеш затоа што не верувам дека некогаш ке се промениш.
И за крај биди ми добар, и остави ме еднаш за секогаш , тргни се од мојот живот те проколнувам, сакам да си ја најдам среката кај некој кој ке знае да ме цени и заслужува онаква кава што сум , без да бара да се сменам поради него.