Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Второ морам да прашам дали навистина мислиш дека некој од политичарите избрани во последните 20 години има каква било интелигенција,државотворно чувство или гордост да седне и да збори со некој политичар од ранк на претседател на САД,Кина,Русија,Германија очи во очи како еднаков со еднаков како личности кога веќе нема никаква шанса по моќ.
А кај реков дека навистина мислам било што од ова? Колку чинат македонските политичари (сите на куп) се гледа од приложените резултати во економијата и нивото на демократијата.
--- надополнето: 3 септември 2012 во 02:17 ---
ама Петар извини, ама ние финансијски не сме моќни тоа да си го дозволиме, и да, служам мобилен 8 години стар.
Едеде, значи еписибир. Као да идеш по фармерки у Трст. Ти викам ја...
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Денес технологијата експоненцијално напредува а тоа битно влијае и на потрошувачките навики.
Технологијата експоненцијално растела и во време на Југославија, и во Турско, и во Византија и во стар Египет.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.518
Не зборував за Грундинг и остали немачко турски фирми, зборував за горење :facepalm: И не Горење не е во никој случај турска фирма (n)
Во 2004 кога се се уште работев во една продавница за техничка роба ни стигнаа Горење со ознака made in PRC, па сега види размисли. Не е спорно дека Горење е словенска фирма ама од што мака во Кина да ги прават вреди да се размислува.
Инаку за темата пошто и јас фатив и социјализам и Анте Маркович и денешниот повеќепартиски систем можам само да речам дека тогаш многу по рајат се живееше, за побезбедно да не ни зборувам. Ама како да им објасниш на некои кои за тоа само читале од книгите или гледале во некоја емисија. Па уште кога ке прочитам дека тогаш немало ништо приватно ( што не е точно) па дека не смееше да имаш странска кола и уште еден мал милион глупости се доаѓа до заклучок дека освем теорија и некоја книга прочитано вистинско практично познавање од тоа време имаат само неколку членови тука.
И на крај џабе мене ми е демократија кога арамијата има поголеми права од мене, кога се ми е забрането,кога секој може да шири верска и национална нетрпеливост под закрилата на демократијата.
Е тогаш за тоа се одеше а и секаде по белиот свет во сите нормални држави каде сакаш да го рушиш државното уредување се оди затвор.
Ако се прашувам јас помеѓу демократија оваа сега и тогашното уредување , тогаш сигурно би го одбрал тогашното.
Едноставно по рајат се живееше, по смирено по цивилизирано дури слободно можам да речам и послободно.
Па сега ни цигара не смееш да запалиш во кафана, ебати демократијата ебати.
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Прав си. И пак викам, не е тука проблемот.
Не, тука Е проблемот. Еве експоненцијален график за пример:

Х оската е време, да претпоставиме дека У е технолошки развој.
Замисли периодот 80-90 да е помеѓу втората и третата цртичка на оската за време, а сегашниот е помеѓу 5тата и 6тата ознака. Во првиот случај за една декада гледаш по апсолутна вредност многу мал скок во технологијата, но во вториот гледаш огромен скок, пак мерен според апсолутната бројка, а ипак двата периоди имаат експоненцијален раст.
Менувањето на технологијата која ја користиш зависи од апсолутната вредност на трендот со кој таа напредува, а не од самиот експоненцијален раст. Или поинаку, експоненцијалниот раст е битен, но многу побитно е на која точка се наоѓаш на графикот на експоненцијаниот раст.
 
Викаш? Саде до технологијата е, а? Нема други фактори? Па маме му ебем, шо не кажа порано? Дај напрај еден прорачун како да се куртули. Не биди педер, сподели го знаењето со сопствениот народ.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Капитализмот нуди многу многу повеќе можности ама пошто како народ заедно со останатите Балкански племиња сме правени од мочка незнаеме како умешно да ги искористиме.
Да не беше Југославија ќе живеевме во сламени колиби тоа е факт ама голема маана на тој систем е што форсираше колективна наспроти лична одговорност.
Затоа ден денес луѓето во државата гледаат татко и мајка.
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Викаш? Саде до технологијата е, а? Нема други фактори? Па маме му ебем, шо не кажа порано? Дај напрај еден прорачун како да се куртули. Не биди педер, сподели го знаењето со сопствениот народ.
Нема куртулувачка. Ќе дојде сингуларитетот и ќе ги сомеле сите.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Кога ќе дојде бубашарот, ти прв ќе го јадеш, поради недоволна почит кон технологијата. Една пикосекунда пред мене.
Батали бубашари и филозофирања, темава е конкретна а ти пак ја отера у сингуларитет. Го баеш ко баба ми против уроци. Искочи малце надвор, ризикуј да бидеш социјално поврзан со луѓе, нека те фати ава. Јебо те сингуларитет, да те јебо.
 
В

Вештерот

Гостин
Какви глупости се изначитав на темава. Катастрофа значи. Со анекдоти и со лични примери не се стигунува никаде.
Еве најпрво ќе се спуштам на најниско можно ниво на дебата со лични примери за да ме разберат усвитените стари, пензионерски, глупави и заостанати комуњарски глави кои мислат дека имало се за сите на времето и ќе набројам неколку сосема различни лични примери од сфрј мада не верувам дека ќе им продре до нивниот пилешки мозок.
Еве некои примери. Во сфрј требало книшка од партијата (една партија имало) па ако не сакале книшка од партија нормално останале луѓе без работа некое време. Во фирмите се крадело на велико од страна на директорите, а и од страна на кој ќе стигнел реално кажано. Пример за крадењето во комунизмот ако сакате одете лагадин (лага+дин) во охрид и видете ги вилите кои датираат од тој период и видете кој е газда на тие вили таму и кој со какви пари ги градел во тоа време. Потоа во фабриките имало едно чудо луѓе кои оделе на работа колку само да одат, а не да работаат(нешто налик на администрацијата денеска). Врски требало за се и сешто. Комуњарите си земале дел од имотот на луѓе сосема произволно за свои потребии и потреби на партијата и за потреби на војна на класите. Во школите оцените се делеле на сличен начин како денеска. Па постоеле проблеми и со оцена ако не си бил член во таа комунистичка младина (партија или како се тоа викало) и ако не си со испран мозок. ЕЕЕЕј нешто најнеморално е деца да уценуваш, тоа е најголема срамота (барем во овој денешен систем не се бара од децата да членуваат во младински организации од партиите за оцена и може и со учење да се добие оцена). И да не ги напоменуваме голи отоци, удби, ќотеци за вицови во кафана и слично.
И аман не ми кажувајте Тито ни дал држава требало да бидеме благодарни. Како да не. Кој им ја ускрати помошта на македонците од Егејска Македонија кога се бореа за поголеми права само заради лични замери кон Русите (во Егејска Македонија комунистите и биле понаклонети на Русија). Нашиот народ беше пален со напалм додека големиот лидер уживаше во вилите, кадилаците и пурите. Кој се бореше за македонија цело време ако не македонците. И тактиката во втора светска војна колку му била погрешна на големиот лидер да не кажуваме. (офф топик е ова знам ама мора да се каже и таа работа)

Следново што го пишувам усвитените глави не мора да го читаат затоа што е на ниво па нема да го разберат и џабе ќе им е.
Како прво се споредуваат 2 система на многу неадекватен начин. Прво како прво сфрј постоеше 45 години а денешнава држава со ова уредување постои 20 години. Значи не можеме да ја споредуваме количината на произведени работи во двата система затоа што не траеле исто врменски. Друга работа е тоа што технологијата и случувањата во светот во времето на сфрј и во денешно време не се исти. Истотака неприликите во тие 2 временски периоди не се исти. Ние имавме ембарга, војна, бегалци, околу нас светска економска криза полоша од било која во времето на сфрј, криминална приватизација, секоја година поекстремни временски неприлики, затворање на постоечките пазари за пласман на производите и немање достап до нови пазара (барем некое време по осамостојувањето), кражби од страна на други држави (оружјето кое го земаа србите), ценовни шокови итн итн... Со други зборови добро е што преивеавме овие 20 години. Во сфрј ги немаше овие проблеми туку имаше една постабилна околина во светот, а знаеме дека стабилноста е многу важна за економскиот раст.
Ако веќе споредуваме комунизам со социјализам тогаш треба да се споредуваат Северна кореја и Јужна Кореја или пак Источна со Западна Германија или па сите комунистички држави со сите капиталистички заедно.Таквата споредба ти доаѓа нешто како контролиран експеримент каде проверуваш што е подобро затоа што сите останати фактори освен системот се горе доле многу случни. Резултатот е дека на долг рок капитализмот нуди поголем економски раст отколку комунизмот и дека повеќе се исплаќа капитализам. Погледнете Сингапур, Јужна Кореј, Таиван и други држави колку напреднаа со капитализам.
Или да се водиме по проста логика. Кој кур би и била на некој држава фабрика за тоалетна хартија. Таква фабрика треба да е приватна нема што држава да управува со неа, да лобира или да раководи со фабрика за тоалетна хартија. Невидливата рака на пазарот многу убаво ќе си ја заврши работата и многу други работи. Комунизмот или социјализмот си уби дел од економскиот раст заради занимавање со глупости кои може фино лепо да и се препуштат на невидливата рака на пазарот. Има и други глупости ама ова е најочигледно.
Е сега стандардот на граѓаните зависи од продуктивноста, а продуктивноста најмногу зависи од физички капитал(машини), технологија, и човечки капитал (здравје и образование). Денеска во споредба со тогаш имаме сигурно многу повеќе човечки капитал, технологија претпоставувам дека повеќе(на технологија не се мисли само на компјутери и интернет туку и на други работи), а за физички капитал не знам ама може и тоа со работа, инвестиции и штедење да се зголеми. Целта е да се воспостави систем каде фирмите и луѓето ќе бидат наградени за зголемузање на продуктивноста и казнети за намалување. Така ќе расте продуктивноста, бдпто и стандардот на луѓето. Сфрј немаше таков систем за жал и тоа е една од причините заради кои пропадна. Денешниов систем има повеќе шанси да води кон напредок, но тоа никој не може да го предвиди. Интересен би бил истиов муабет за едно 20 или 30 години.

И за крај во две реченици да сумирам. Само замислете си каква држава ќе бевме да имавме капитализам од 45 па до денес. Сите ќе можеа да ни завидуваат.
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Батали бубашари и филозофирања, темава е конкретна а ти па ја отера у сингуларитет. Го баеш ко баба ми против уроци. Искочи малце надвор, ризикуј да бидеш социјално поврзан со луѓе, нека те фати ава. Јебо те сингуларитет, да те јебо.
Леј, ме искара бе! Надвор сум, кажи до кога имам излаз.
 
В

Вештерот

Гостин
Технологијата експоненцијално растела и во време на Југославија, и во Турско, и во Византија и во стар Египет.
Не баш
После некое време достигнува plateau.
edit: станува збор за s shaped curve. Не можам да ја постирам сликата.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Какви глупости се изначитав на темава. Катастрофа значи. Со анекдоти и со лични примери не се стигунува никаде.
Еве најпрво ќе се спуштам на најниско можно ниво на дебата со лични примери за да ме разберат усвитените стари, пензионерски, глупави и заостанати комуњарски глави кои мислат дека имало се за сите на времето и ќе набројам неколку сосема различни лични примери од сфрј мада не верувам дека ќе им продре до нивниот пилешки мозок.
Еве некои примери. Во сфрј требало книшка од партијата (една партија имало) па ако не сакале книшка од партија нормално останале луѓе без работа некое време. Во фирмите се крадело на велико од страна на директорите, а и од страна на кој ќе стигнел реално кажано. Пример за крадењето во комунизмот ако сакате одете лагадин (лага+дин) во охрид и видете ги вилите кои датираат од тој период и видете кој е газда на тие вили таму и кој со какви пари ги градел во тоа време. Потоа во фабриките имало едно чудо луѓе кои оделе на работа колку само да одат, а не да работаат(нешто налик на администрацијата денеска). Врски требало за се и сешто. Комуњарите си земале дел од имотот на луѓе сосема произволно за свои потребии и потреби на партијата и за потреби на војна на класите. Во школите оцените се делеле на сличен начин како денеска. Па постоеле проблеми и со оцена ако не си бил член во таа комунистичка младина (партија или како се тоа викало) и ако не си со испран мозок. ЕЕЕЕј нешто најнеморално е деца да уценуваш, тоа е најголема срамота (барем во овој денешен систем не се бара од децата да членуваат во младински организации од партиите за оцена и може и со учење да се добие оцена). И да не ги напоменуваме голи отоци, удби, ќотеци за вицови во кафана и слично.
И аман не ми кажувајте Тито ни дал држава требало да бидеме благодарни. Како да не. Кој им ја ускрати помошта на македонците од Егејска Македонија кога се бореа за поголеми права само заради лични замери кон Русите (во Егејска Македонија комунистите и биле понаклонети на Русија). Нашиот народ беше пален со напалм додека големиот лидер уживаше во вилите, кадилаците и пурите. Кој се бореше за македонија цело време ако не македонците. И тактиката во втора светска војна колку му била погрешна на големиот лидер да не кажуваме. (офф топик е ова знам ама мора да се каже и таа работа)

Следново што го пишувам усвитените глави не мора да го читаат затоа што е на ниво па нема да го разберат и џабе ќе им е.
Како прво се споредуваат 2 система на многу неадекватен начин. Прво како прво сфрј постоеше 45 години а денешнава држава со ова уредување постои 20 години. Значи не можеме да ја споредуваме количината на произведени работи во двата система затоа што не траеле исто врменски. Друга работа е тоа што технологијата и случувањата во светот во времето на сфрј и во денешно време не се исти. Истотака неприликите во тие 2 временски периоди не се исти. Ние имавме ембарга, војна, бегалци, околу нас светска економска криза полоша од било која во времето на сфрј, криминална приватизација, секоја година поекстремни временски неприлики, затворање на постоечките пазари за пласман на производите и немање достап до нови пазара (барем некое време по осамостојувањето), кражби од страна на други држави (оружјето кое го земаа србите), ценовни шокови итн итн... Со други зборови добро е што преивеавме овие 20 години. Во сфрј ги немаше овие проблеми туку имаше една постабилна околина во светот, а знаеме дека стабилноста е многу важна за економскиот раст.
Ако веќе споредуваме комунизам со социјализам тогаш треба да се споредуваат Северна кореја и Јужна Кореја или пак Источна со Западна Германија или па сите комунистички држави со сите капиталистички заедно.Таквата споредба ти доаѓа нешто како контролиран експеримент каде проверуваш што е подобро затоа што сите останати фактори освен системот се горе доле многу случни. Резултатот е дека на долг рок капитализмот нуди поголем економски раст отколку комунизмот и дека повеќе се исплаќа капитализам. Погледнете Сингапур, Јужна Кореј, Таиван и други држави колку напреднаа со капитализам.
Или да се водиме по проста логика. Кој кур би и била на некој држава фабрика за тоалетна хартија. Таква фабрика треба да е приватна нема што држава да управува со неа, да лобира или да раководи со фабрика за тоалетна хартија. Невидливата рака на пазарот многу убаво ќе си ја заврши работата и многу други работи. Комунизмот или социјализмот си уби дел од економскиот раст заради занимавање со глупости кои може фино лепо да и се препуштат на невидливата рака на пазарот. Има и други глупости ама ова е најочигледно.
Е сега стандардот на граѓаните зависи од продуктивноста, а продуктивноста најмногу зависи од физички капитал(машини), технологија, и човечки капитал (здравје и образование). Денеска во споредба со тогаш имаме сигурно многу повеќе човечки капитал, технологија претпоставувам дека повеќе(на технологија не се мисли само на компјутери и интернет туку и на други работи), а за физички капитал не знам ама може и тоа со работа, инвестиции и штедење да се зголеми. Целта е да се воспостави систем каде фирмите и луѓето ќе бидат наградени за зголемузање на продуктивноста и казнети за намалување. Така ќе расте продуктивноста, бдпто и стандардот на луѓето. Сфрј немаше таков систем за жал и тоа е една од причините заради кои пропадна. Денешниов систем има повеќе шанси да води кон напредок, но тоа никој не може да го предвиди. Интересен би бил истиов музбет за едно 20 или 30 години.

И за крај во две реченици да сумирам. Само замислете си каква држава ќе бевме да имавме капитализам од 45 па до денес. Сите ќе можеа да ни завидуваат.
Џабе објаснуваш не те капираат,кај ќе му објасниш на некој паразит што работел во државна компанија што клател врата а земал плата и добивал 13 плата дека така не се напредува економски. Капитазлизмот не е систем каде што успеваат паразитите, што не кажа некој податок дека само околу 10-15% од компанјите тогаш биле успешни ваделе профит и дека тие компании ги издржувале останатите 85% од тие компании кој работеле со загуби, каде е тука економската логика? Каде е логиката компании што работеле добро место нивниот профит да го реинвестираат, за да зголемат капацитети да се модернизираа они покриваа дупки на други компании, зошто стапката на раст во Југославија од 79 до 89 година е на 0%? За една економија да биде успешна треба да има претприемништво кое претприемништво го имала тогаш Југославија, со трисита забрани со толку ограничувања, ако било толку убаво тогаш зошто и тогаш се иселувале Македонци да живеат во Америка, Австралија, Канада ......нели било толку убаво тука. Прашај ги Југословените со нивните плати што отишле во Америка да прошетааат во осумдесетите , колкава била нивната плата во споредба со Американците и дали се осеќале како клошари. Лесно било тогаш Југославија да ја споредуваш со Бугарија , Романија Унгарија, во секој случај сме имале подобар стандард од нив поради поблагиот комунизам и помошта на Сад на Југославија која имала интерес Југославија да опстои како тампон зона меѓу капитализмот и комунизмот ,Нато и Варшавкиот пакт. Споредете ја Југославија во осумдесетите години со Западна Германија, Велика Британија, Франиција, Холандија ,САД и Канада па после продовајте приказни за тоа колку добра била Југолсавија
 
Kajgana Shop

На врв Bottom