Во Ново Лисиче - Автостан

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Земајќи ги во предвид проблемите кој се појавија последниве години во новоградбите,
со немањето на паркинг места за автомобилите,посебно во Дебар маало и Кисела вода,
во Скопје,инвеститорите и градежните фирми се решиле на ваков чекор во Ново Лисиче.
Во Ново Лисиче - никна нова населба-кварт од десетина згради од 7 ката,во ливадата
зад Макпетрол,кој се деновиве предадени на сопствениците,иако има уште малку работа
во средување на пристапите и околината,но повеќето и се вселени веќе.
Овие згради,кој не бил таму-не поминал и не ги видел,да пообјаснам малку.
Замислете шаховска табла,(во овој случај со4-5-6 квадрати,)на двете страни,тоа е плацот
на кој во секој квадрат има по една зграда,моментално се над 10 згради.
10 згради,по 40 стана,околу 400 стана,на мал простор, ?????.
Од една зграда до друга,(на сите четири страни има зграда),има мало растојание?????
Помеѓу зградите само плочки и асфалт и понекаде само 1м засега само земја.
Во сите згради наместо подруми,има отворени паркинг места или гаражи на едно или две нивоа.
Во некој згради и на приземјето има по неколку гаражи (наместо дуќани)
Но и ова изгледа не е доволно,за да има паркинг места за сите станари,бар по едно на стан.
Ама на градежните „ Мозоци“ им текнало ова.
Сега замислете само една од овие згради да речеме 20 м по 20 м во квадрат,и околу неа плац
со уште по 5-6 м на сите 4 страни.
Е на овој плац околу зградата на сите 4 страни „Мозоците“- обележале-нацртале,паркинг места,
и ги обележале со броеви,и се наоѓат точно под зградата или под балконите на неколку метри.
Има оставено значи патека,т.с. пат околу зградата до самиот ѕид од неколку метри.
По таа патека треба да се движат-кружат и спремаат за паркирање или тргање автомобилите.
Значи имаме ситуација каде веднаш од станот влегуваме во автомобилот со два чекори.
Тоа значи еве половина да се употребуват од нив,тоа е 200 автомобили да се „заверглаат“.
А тоа пак значи 200 пати- бучавост, 200 пати издувни гасови во становите или околината.
Но тоа пак и значи и дека во тие згради ќе нема раат спиење.(посебно за оние што одат 3 смена)
Зошто од тие 400, ќе се најдат 4 што со својата не-КУЛТУРА ќе покажат како се пегла удрен браник.
И уште 4 што тука ќе трошат муабет-чуен до 7 спрат:колку ја купи, а се спуштат ли седиштата и сл.
Наместо некоја клупа за одмор(нема ниедна) ќе имаме пазар на автомобили околу зграда.
--------------------------------
Или автомобилите ќе се туркаат до улицата а потоа „ верглаат“
Но каде по која патека ќе одат учениците на школо не е обележано.
По која патека јас ќе тргнам на работа,а да не ме изгази некоја брза кола.
А де не правиме муабет дека и некоја мајка со детска количка треба да искочи право на „автопат“
Како може и како е ова дозволено,пат-автопат околу зграда,и паркинг места околу зграда.
Поточно има паркинг места под зградата,во зградата и околу зградата.
-------------------------------
Оваа тешко опасна грешка и по здравјето и безбедноста на станарите брзо ќе се наскоро увиди.
Мислам дека и самите станари ќе бидат иницијатори ова да се отклони-поправи.
Нарочито што во цела населба Ново Лисиче и Аеродром ова е многу добро досега решено.
Нема автомобили пред зградите,има тревници и многу паркови и дрва,некој згради и се само
заградени со ниско ѕидче и ограда,т.с. зградите си имаат дворови.Помеѓу зградите има и широки
пешачки патеки и мали плоштади и на повеќе места и детски мали луна паркови.
Ова ќе биде само сон на новите станари,во новиот кварт,на новите згради во Ново Лисиче.
Незнам кога ќе биде но мислам треба да се спремни за уривање,ама на чија сметка ќе оди штетата?
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Не е до толку лошо,има доста простор што сеуште е нива,е ако и таму направат згради,ондак го наебале...ако се паметни,тој слободен простор да го направат паркинг,има на средина доста место,па таму да им стојат колите...

у глобала,катастрофа :D таа што е на почетокот,што е лошо наместена,ја кренаа за месец дена мислам дека...24/7 работеа луѓето...клупите у маало ми гледаат натака,можда до 3-4 саат навечер работеа со рефлектори...
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Бев на гости во еден од тие станови. Првата помисла ми беше дека се наоѓам во некоја касарна или не знам како да ја наречам, отвараш прозор и гледаш карши во друга огромна зграда. Да не правиме муабет за паркингот и зеленилото (иако за волја на вистината од страните на овој комплекс згради има доволно простор за паркови (не знам дали се предвидени со урбанистичкиот план веројатно се предвидени...). Сепак еден факт е очигледно многу побитен за купувачите на станови а тој факт е - 900 евра квадрат! :) А аеродромци се научиле 1000 евра квадрат во стари згради...се избезобразија сите :)
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Јас живеам одма тука во куќите убава идеја и е што и текна да изградат згради тука бидејќи на местот беа ниви :cautious: Доста време стоеја така необработени трева колку душа ти сака змии па да не кажувам колку имаше. Лошо е тоа што премногу блиску ги градат Зградите :cautious: Само се зафркнале парното сакаш нејкеш ќе си го плакаш дневна ефтина струја немаш :D така да кој си има пари ем ќе даде 70,000 евра за стан и плус ќе си плакаш останати работи :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Oфтопик, анчо, само оти ти пишуваш од 15 инчен монитор, не значи дека сите те читаат од таков.
48 cm # 27 cm
di 54`5 sm
--- надополнето: 7 август 2012 во 22:17 ---
ама јас да знам што сакаш да кажеш,ајде де
ама еве го измерив мониторот онака браварски - шнајдерски.
Но неми чини тастатурава два-три дена,едвај сега ја наместив на МК
а на ЕНГЛАНД-ги меша буквите везден-секој момент,ако сега М било
кај Д,по малку таму го нема,ќе го најдам кај бројки, и се така.
Можеби сум притиснал некое копче кај што не треба,или нешто друго?
И мене не ми се допаѓа како се печатени редовите,но кога ги пишував
кај мене беа добри,да ги скратам друг пат за некој два збора - а ?
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
48 cm # 27 cm
di 54`5 sm
--- надополнето: 7 август 2012 во 22:17 ---
ама јас да знам што сакаш да кажеш,ајде де
ама еве го измерив мониторот онака браварски - шнајдерски.
Но неми чини тастатурава два-три дена,едвај сега ја наместив на МК
а на ЕНГЛАНД-ги меша буквите везден-секој момент,ако сега М било
кај Д,по малку таму го нема,ќе го најдам кај бројки, и се така.
Можеби сум притиснал некое копче кај што не треба,или нешто друго?
И мене не ми се допаѓа како се печатени редовите,но кога ги пишував
кај мене беа добри,да ги скратам друг пат за некој два збора - а ?
Оф топик-јас мислам дека поет треба да станеш,или нешто такво...ако веќе не си :D
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Само Picture 135.jpg
Само Асфалт, и пак Асфалт и Асфалт- за Мариовци да не газат кал.
Сега шалата сиктер.
Овој проектант на оваа грдотија веднаш да се обеси тука над Асфалтов и да виси.
Како бре не остави по некое крукче земја па да насадиме по некоја липа и цреша.
Па да има и малку сенка кога ќе запече и кога мајката ќе го извади од која малото дете да има каде да застане - за клупа ќе сониваме.
А оние Поречени и Прилепчани 1000% се тие во куќине и од тука поминуват секој ден за на работа или во школо,јака им душа како ќе издражад во изгол Скопско лето,ам важно се бре во Скопје а не во Белица,Самоков,Бучим,Бистрица или Ораов дол.
--- надополнето: 8 април 2013 во 12:37 ---
Picture 136.jpg
Еве пак асфалт и само асфалт и пак асфалт за некои граѓани на ова Скопје.А шума има во Осогово и Кожув.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
12.004
Поени од реакции
11.937
Насловов треба да гласи во Ново Лисиче нова провинцијалска населба, зошто колите со СК рег. се веќе реткост :icon_mrgr: Имав прилика пред некое време да посетам едни пријатели таму, местото е ужасно, право село.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Насловов треба да гласи во Ново Лисиче нова провинцијалска населба, зошто колите со СК рег. се веќе реткост :icon_mrgr: Имав прилика пред некое време да посетам едни пријатели таму, местото е ужасно, право село.
Точно така.Не верувам да во овие 14 згради на простор како да е ова Бриклин или
Менхетен-една до друга дека има некои Скопјани,се осоговци и мариовци и поречани,па за нив и се прават овие згради и населби.до каде ќе оди само незнам вака.
Мисли ли грујо дека кој живее и умиира, и дека еден ден ќе треба гробишта за овие луѓе да се направат или тогаш ај назад за мариово,таму има празни ливади.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
E be komso, punete im go gepot na Cifliganci i ostanatata mafija. Dodeka ima ovci za strizenje cenite nema da gi simnat. Na zapad sve e padnato u prosek od 50-80% pa i dalje nisto ne se prodava.
Profit imaat poveke od 100%. pa sega zamisli kolku te osisale. Poarno da si pocekal uste godina-dve.
A taa naselba bogami kako geto da e,ni 300 evra m2 ne bi dal za tie stanovi,a narodov za cudo gi kupuva. Ko so rece nekoj komunisticki kasarni zalepeni edna do druga.
najsmesni mi se tie novite zgradi pozadi ramstor,gam do gam taa sto ja pravat pozadi vo sredinata. Hehe komedii.
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Точно така.Не верувам да во овие 14 згради на простор како да е ова Бриклин или
Менхетен-една до друга дека има некои Скопјани,се осоговци и мариовци и поречани,па за нив и се прават овие згради и населби.до каде ќе оди само незнам вака.
Мисли ли грујо дека кој живее и умиира, и дека еден ден ќе треба гробишта за овие луѓе да се направат или тогаш ај назад за мариово,таму има празни ливади.
Анчо, од блиски Вмровци разбрав дека разгледуваат закон со кој на секој умрен стар скопјанец одозгора ќе му стават 5-7 умрени сељаци, за да се користат гробните места порационално. И на тој свет нема раат да те остават.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.706
Поени од реакции
14.694
Анчо, од блиски Вмровци разбрав дека разгледуваат закон со кој на секој умрен стар скопјанец одозгора ќе му стават 5-7 умрени сељаци
A како разликуваш сељак од стар скопјанец? Има некои критериуми или дефиниции?
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.747
Поени од реакции
34.346
Со ДНА тест. 100% до 75% скопска дна си стар скопјанец. Ако имаш помалку си или мишлинг или сељак. Со оглед на тоа што прашуваш вакво прашање, ти си сигурно сељак.
Местат со технологииве многу, се знаеше прво, колку саксии кал под нокти - таков си!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom