Во Москва официјално 4 годиншни студии по македонски јазик

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Дневник 04.02.2007 напиша:
СЛАВЈАНСКИ ИНСТИТУТ
Во Москва ќе се учи македонски Првпат од овој месец ќе се изучува македонскиот како жив словенски јазик на странски универзитет. Мразот прв го крши Меѓународниот славјански институт во Москва, Русија. Таму на студиите по менаџмент изучувањето на нашиот јазик ќе биде застапено во четири семестри со 124 часа.

- Ова е првпат македонскиот јазик да биде признат како деловен јазик, што претставува негово директно признавање како жив и словенски. Досега се изучувал само како дисциплина на филолошките факултети во други држави - изјави Јордан Ѓорчев, директор на филијалите на Институтот во Македонија.

Наставата на македонски јазик ќе ја држи Олга Панкин, официјална преведувачка во македонската амбасада во Москва.
сега мислам дека обидите да се негира постоењето на македонскиот јазик од страна на бугарите со негово деградирање во бугарски дијалект паѓаат во вода.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Одлична вест. Убаво е да се слушне вакво нешто, иако најважно во однос на прашањата од национален интерес; националните обележја, е да си ги сакаме самите повеќе него оние кои сакаат да ги присвојат!

Гаго,
а обидите на Грците да се негира постоењето на Македонската нација, после признавањето на Македонија од страна на САД под уставно име, каде паднаа?

Немојте да ги потценувате бугарите, и да кажете дека се поневлијателни од грците. Во европа се бе, ееееј!!!!:pos2:
 
E

emission

Гостин
Не сум 100% сигурен, ама мислам дека Македонскиот јазик во Русија се изучува уште од 1974/75 година. Ова мислам дека беше одговор на еден читател во еден дневен весник.


А лагите на Бугарите одамна се паднати во вода, само сега ова ќе им дојде како мало отрезнување :baeh:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
emission напиша:
Не сум 100% сигурен, ама мислам дека Македонскиот јазик во Русија се изучува уште од 1974/75 година. Ова мислам дека беше одговор на еден читател во еден дневен весник.


А лагите на Бугарите одамна се паднати во вода, само сега ова ќе им дојде како мало отрезнување :baeh:
Абе да тоа гарант се изучувал како дел од студиите по филологија смер јужнословенски јазици и литература, кога во германиај тка се изучува во русија гарант, ама ова се целосни студии само за македонски јазик, култура и литература, тоа ти е како што има во германија германистика студии, или пак Англистика, или Американистика и сл. сега има во Москва за студирање Македонистика.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Во Москва веќе 40 години постојат студии по Македонски јазик и тоа на Ломоносов. :star:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom