Два нови случаи на свински грип се регистрирани денеска во Грција, со што бројот на заразени од 18. мај се искачи на 25 регистрирани случаи, соопшти грчкото Министерство за внатрешни работи.
Новите заразени се 24 годишна жена, која што допатувала од САД и деветгодишно дете, што дошло од Австралија, се наведува во соопштението.
Единаесет од заразените се излекувани. Министерството за здравство соопшти дека симптомите на заболувањето се лесни и оти нема никаква причина за паника.
Првиот случај на заразен со вирусот Х1Н1 во Грција беше регистриран на 18. мај кај 19 годишен Грк што допатувал од САД.