Војна помеѓу Србија и Косово!? Што би значело тоа за Македонија и Регионот

Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.775
Косово е добиено во војна (1912 / во периодот на Балканските војни) и изгубено во војна (1999 / периодот т.е. крајот од деценијата на војните на територијата од екс СФРЈ)... ова не го кажувам/тропам јас туку самите Срби т.е. одредени Српски (реални) политичари го кажуваат !
А претходно е напуштено од Србите со нивната преселба предводена од Арсение Чарнојевиќ во 1690 година.
 
Член од
3 март 2021
Мислења
579
Поени од реакции
994
Овој Вучиќ ко да е клон на наш Грујо, исти политики и потполно исти потези во дадени моменти... А нешто згусне у држа'aта дали од безбедносен или од било каков друг аспект, тука мислам на масовните убиства на почетокот од мај месец, како и на случувањата на Косово... и веднаш чоекот го мобилизира својот севкупен политички апаратчик, автобусчиња, сокчиња, сендвичиња, чадорчиња, знаменца и сите на митинг, за да покажемо свима колико смо јаки, велики и непобеѓиви !
Автоматски споено мислење:

Косово е добиено во војна (1912 / во периодот на Балканските војни) и изгубено во војна (1999 / периодот т.е. крајот од деценијата на војните на територијата од екс СФРЈ)... ова не го кажувам/тропам јас туку самите Срби т.е. одредени Српски (реални) политичари го кажуваат !
Вучиќ ја уништи Србија исто како искомплексираниот патор тука, со заглупување на народот преку ТВ и друг кичерај, агресија и сељачизам а сега кога тоа му се враќа од глава се чуди.

Инаку што се однесува до Косово може да се каже дека де факто е изгубено со повлекувањето на војската во 1999 но официјално е дел од Србија. Моментално е ничија земја, т.е. под јурисдикција на ОН и така ќе остане уште долго време, албанците треба да ја напуштат идеата дека некогаш ќе биде признаено како независно.
 
Член од
28 март 2023
Мислења
640
Поени од реакции
1.004

Ти си петоколонаш во две држави!
 
Вучиќ е комбинација на Грујо и Црпнатиот. Не само што ќе го признае Косово туку преку својата ПР машинерија ќе го прикаже како најголемата српска победа.
 
Или ќе влезе со војска на северно косово. Ова е поверојатно.
 
Член од
3 март 2021
Мислења
579
Поени од реакции
994
Вучиќ е комбинација на Грујо и Црпнатиот. Не само што ќе го признае Косово туку преку својата ПР машинерија ќе го прикаже како најголемата српска победа.
Најголема грешка им е што се потпираат на фашистичка вукојебина ко Русија која не е во состојба ни себе да се одбрани.
 
Член од
5 март 2023
Мислења
412
Поени од реакции
1.601
Македонските србенди паѓаат у транс за Косово нема да кој да им каже дека Косово не е Српско последни 60 години ама битно Вучко го брани интегритетот на Србија.
Македонските "србенди" се луѓе со посебна дијагноза, идат на митинг на вучиќ, извикуваат косово је срце србије, пеат српски песни и се исмејуваат со македонските народни херои и наместо на солун идат на срем.... страшно
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Инаку што се однесува до Косово може да се каже дека де факто е изгубено со повлекувањето на војската во 1999 но официјално е дел од Србија. Моментално е ничија земја, т.е. под јурисдикција на ОН и така ќе остане уште долго време, албанците треба да ја напуштат идеата дека некогаш ќе биде признаено како независно.
Се согласувам/е, но само да напоменам и ова. Косово не е баш ничија земја ко што викаш туку е де-факто под целосна власт на Приштина т.е. под власт на мнозинското Косоварско Албанско население. Ете видовме вчера што се случи во четирите доминантно Српски општини на северот од Косово, праќаш полиција, специјалци, неколку транспортери, пукаш неколку солзавци и шок-бомби и тоа е тоа, доволно за голоракиот насобран народ да го исплашиш и растераш. Од една страна Србија не смее да реагира, од друга страна власта во Приштина си прави што си сака, а Косовските Срби нажалост се секогаш губитниците и го извлекуваат најдебелиот крај. Убаво кажа еднаш М.Додик во еден негов говор, дека историски е докажано многупати ширум историјата дека Србите доколку немаат своја држава едноставно во целост целосно тотално ги снемува/ќе ги снема, секако тука мислеше на судбината на Србите и во НДХ (2ра-С.В.) како и во денешна Хрватска, но и на Србите во делот од Босна кој се нарекува Федерација БиХ, како и на Србите на КосМет и.т.н. што и воопшто не е далеку од вистината !
Автоматски споено мислење:

А претходно е напуштено од Србите со нивната преселба предводена од Арсение Чарнојевиќ во 1690 година.
Абе види сеа јас не сум историчар, но знам и сигурен сум дека катастрофата како за Србите, така и за другите Балкански народи настапува после Османлиските освојувања на сиве овие простори... (накратко и најјасно кажано без многу тупење историја со реферати и милион постови). Кога една култура освојува друга култура, тоа е тоа...
Автоматски споено мислење:

Ропство, масовна исламизација/потурчување, депортација на населението од тука таму по Стамболи и Анадолии, убиства, колежи, арачи и.т.н. и.т.н. сето ова неколку векови по ред... ама и покрај се Туркије Џумхуријети е голем пријател и стратешки партнер и на нас и на Србија... :gjavol:
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2023
Мислења
412
Поени од реакции
1.601
Зарем мислите дека вучиќ стварно ќе влезе на косово со оглед на тоа дека војската ја ставил во наголема борбена готовност? Пак да ги бомбардираат? Впрочем вучиќ е тој што го пренесе косовското прашање од ингеренции на обединети нации на ниво на европска унија, вучиќ е тој што го потпиша предавничкиот бриселски договор со кој се забрануваат српски безбедносни структури на територија на северот и инкорпорирање на срби во т.н. косовска (учк) полиција и во институциите на косовскиот систем. Се ова другово е игра каде што тој треба да го предаде конечно косово а пред народот да излезе дека е херој а не предавник ама мислам дека прочитана му е играта од страна на српскиот народ.
 
Досега Вучиќ безброј пати ја става војската на најголема борбена готовност. Исто така ги развојзуваа камионите со војската и тенковите кон Краљево и Рашка а потоа ги враќаа назад. Неговите таблоиди го плашеа народот дека само што не тргнале кон Косово. Дури се избрукаа со подигање на авионите заради некои смешни дронови. Последна ваква представа беше минатиот септември кога се договараа околу признавањето на косовските таблици.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.764

Ако не интервенират српската армија ќе имат нов Погром на Србите.Една интервенција која би траела 2-3 недели српската армија и полиција ке го исчистат северот за засекогаш.
Најголема желба на Србите од Косово отсекогаш била да се иселат во Србија и Македонија,сите шо дојдоа во Охрид во средно и на факултет останаа.
 
Ич не му е гајле на Вучиќ за Србите на Косово. Тоа се докажа со неговото преговарање сите овие години. После секои преговори само им е полошо на Србите таму.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.459
Поени од реакции
20.256
Се случува нешто на Косово, се запукале јако. На телеграм веќе циркулираат вести и видеа од повредени и ранети војници на кфор.

Sent from my ELS-NX9 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom