- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.286
- Поени од реакции
- 26.168
Јас лично очекував многу повеќе од Русија. Им се покажаа очигледни системски слабости во текот на оваа војна. Не бев од тие што мислат дека за година дена ќе завршат се, од старт бев убеден дека ќе е долга војна. Ама бев убеден дека првата година без проблем ќе стигнат до Дњепар, и ќе ја контролираат цела територија источно од реката.Од што ве читам на темава, мене не ми е јасно како може толку необјективно да размислувате или да восприемате факти и информации за таква далечна тема (за нас) како што е војната во Украина. Еве и нека не е не битна темата за Украина, нека ви е посебно битна, не разбирам како целиов процес на размислување ви почнува со догма “Русија победува” или “Русија е најдобра” па од таму се движи кон селективно прибирање на информации. Скролаш на твитер и гледаш видео од срушен руски авион - “хмм ова видео ќе го скокнам, не е битно”, скролаш до видео кај што руси гранатираат украински позици - “е ова видео ќе го пуштам на кајгана со наслов: ги требат нацистите”. Или десет статии за тоа зашто Русија губи во војната не се битни и се пишувани од платеници, ама баш таа една статија дека Русија победува пишувана од авторот Tyler Durden е точната која ќе се решам да ја постирам на кајгана да хо потврдам мојот став кој што не може да биде грешен. Не ми е јасно како не можете да покажете способност за критичко размислување на тема од која не сте ниту лично ниту финансиски засегнати.
Сфаќам да имаш став и мислење, и јас сметам дека украинците беа насанкани од САД да влезат во само уништувачка војна, дека директни и можда најголеми виновници за војната се неспособните украински политичари кои немаа вештина или желба да го решат спорот на маса наместо да гинат млади луѓе. Ама ради тој став не си стварам комора во главата која ја полнам ексклузивно со афирмативни информации дали вистински или лажни кои ми идат во прилог на моето мислење. Тоа мислење што го имам или вие што го имате нема да го смени фактот дека Русија се посра, дека украинската армија испадна посилна и по борбена од што се очекуваше а руската армија послаба и по неспособна од тоа што се мислеше.
Колку што знам тука нема некој вработен во руски генералштаб или во ФСБ, не сте вработени ко адвокати во судска парница да ја браните Русија, нема надредениот да ви се лути ако кажете лош збор или изразите сомнеж. Нема да ви се стопи мозокот ако размислувате критички надвор од комодитетот на тоа што сте го замислиле ко правата вистина. Тоа што ви е желба не значи дека ќе се случи и треба барем да сте способни да увидите дали ја бива или не ја бива работата.
Ама повторно, не гледам како Русија губи. Тој наратив не можам да го разберам никако. Русија покажа воени и командни системски слабости. Западот покажа економско-општествени и културолошки. Игнорирање и на едните и на другите е сериозна глупавост. Војната ќе ја добие тој што побрзо ќе си ги реши своите.