Каде споменав таква премиса и како тоа го заклучи?
Напротив, во најголем дел од постоењето на ХСС војната била непознат поим. Дури и кога се појавува, се работи за минорен дел од времето откако цивилизациите го менуваат начинот на живот од корен.
А тепачки меѓу мајмуни да се интерпретираат како војна е малку така........натегнато. Има војна кај мрави и тоа помеѓу цели колонии, но тоа не значи многу кога се зема предвид војната кај ХСС.
Majmuni, kitovi, mravki, site tie zivotni kalkulirale napad i go izvrsile so nekakva cel.
I momentalno samo poslednive 50 godini se zivee vo nekakov relativen mir vo evropa, sad, takanarecen PAX Americana.
Nikoj ne moze da znae za site nedokumentirani vojni.
A sigurno postorle i vojni megu razlicni hominidi.
Ustvari ti si zbunet spored nasite definicii za vojna, mozes ti da definiras sto podrazbiras?
П.С2 Инаку да, живееме во интересни времиња од многу аспекти, ако во поодамнешно минато имало 100 годишни војни, во блиско минато до 20 годишни војни, денес има се пократкотрајни конфликти или се избегнува војна целосно.
Зошто биле војните подолги во минатото а пократки сега, не е дека сме достигнале некаков развој на свеста ако тоа сакаш да го кажеш. Војните тебе на телевизија ти изгледаат похумани, ама прашај ги тие во Ирак, Сирија и Либија како им изгледаат.
Во тие 100 годишни војни имало битка еднаш у 7 години, процентот на загинати цивили денес во однос на тогашниот процент е застрашувачки повисок. И жртвите во споредба со тогашните се поалармантни. Уште повеќе што денешните војни се со секојдневен интензитет поразорни и оставаат пострашна траума.
Денеска поради луѓето растени во саксија, кои го имаат твојот мајндсет за војните, многу е полесно да се пушти дронот и да поништиш некое село таму на 25000 километри и тоа за тебе не е војна, туку е мирољубива мисија и борба против тероризмот. Како што беше на пример 80 дневното бомбардирање на цивилни цели во СРЈ.

Дали си сигурен во ова? Последните 100 години во војна загинале повеќе луѓе од сите војни на светот до тогаш собрани заедно. И дополнително не постоела поголема динамика на насилно променети граници во таква временска дистанца никогаш претходно.
Автоматски споено мислење:
Стварно не си ги гледал војните на мајмуните? Ти бате си ходајучи енигматичар и квизоман од бивша СФРЈ....
Не знаеш за мајмуните, незнаеш за Азов, Ајдар и Прави Сектор, не си во тек. ..
Не си грешка ама не си ниту во право (Политички одговор хахахах)
Од 1800 до 2020 светската популација е порасната од 1 милијарда на 8 милијарди така да технички си во право во апсолутни бројки повеќе се загинати ама во релативни не.
Границите точно е дека доста се сменети, но јас би рекол во позитивна насока со оглед на тоа дека колонијалните сили си идат во минатото, а се повеќе има локални власти.(На краток рок локалните власти во одредени делови се можеби и полоши од колнијалните, но на долг рок мислам дека е позитивна работа)
Инаку ова е интересно видео за што е реално, а што лична перцепција.
На кратко кажано по скоро сите стандарди светот станува подобро место за живеење. Повеќе материјални добра, подолг живот, помалку смрт на новороденчиња, помалку екстремен глад, помалку екстремна сиромаштија и ред други фактори.
Или како што позајмува цитат „Ништо не е позаслужно за добрите стари времиња како лоша меморија“
П.С Ова не значи дека немаме модерни предизвици ама за разлика од пред 100 години обичниот човек не живее само за да преживее.
епа ако немало секојдневен интензитет, немало ни трауми во континуитет...немало притисок врз секојдневното функционирање на цивилизацијата... Денешна војна значи стоп на цивилизацијата во тоа подрачје, порано било сосема подруго.

Абе тебе ти станува подобро место за живеење, ај да го видиме просекот па да видиме во просек со пари колку отпаѓа на еден човек на ден, па после ќе збориме.

Ако го погледнеше видеото немаше ваков коментар да напишеш.
П.С Погледни го интересно е и не се работи да ти кажам да ми веруваш мене туку за презентација на статистики во светски рамки.
П.С2 Ова е ако веруваш во наука и статистика, а ако веруваш дека цел свет направил заговор и ги штелувал бројките тогаш немаме заедничко тло за разговор.

Не сум човек што верува во заговори, туку сум човек што гледа што се случува во светот, и гледам дека има глад, има сиромаштија има војни криминал трговија со луѓе и робство, има луѓе кои се колени само дека се друга вера....
Не светот не е убаво место за живеење Михајло. А оние „цивилизирани“ општества од запад, го прават уште понеубаво.
Жал ми е, неможам да се сложам со тебе, и не, не е заради тоа што верувам во заговори.

Пак ќе кажам погледни го видеото. Ова се што го кажа е во ред и не се работи дали ќе се сложиш со мене туку со историските статистики. Јас не одрекувам дека се ова што го наброја се случува денес туку дека битен е размерот во кој тоа случува.
Ако пред 30 години имало 30% екстремна сиромаштија, а денес 10% екстремна сиромаштија во светски рамки тоа е прогрес.
Ако екстремниот глад бил 30%, а денес 10% тоа е прогрес.
Нема да продолжам со набројување пошто ги имаш податоците и во видеото, а и на ред други места ако сакаш сам да направиш истражување
Зошто биле војните подолги во минатото а пократки сега, не е дека сме достигнале некаков развој на свеста ако тоа сакаш да го кажеш. Војните тебе на телевизија ти изгледаат похумани, ама прашај ги тие во Ирак, Сирија и Либија како им изгледаат.
Во тие 100 годишни војни имало битка еднаш у 7 години, процентот на загинати цивили денес во однос на тогашниот процент е застрашувачки повисок. И жртвите во споредба со тогашните се поалармантни. Уште повеќе што денешните војни се со секојдневен интензитет поразорни и оставаат пострашна траума.
Денеска поради луѓето растени во саксија, кои го имаат твојот мајндсет за војните, многу е полесно да се пушти дронот и да поништиш некое село таму на 25000 километри и тоа за тебе не е војна, туку е мирољубива мисија и борба против тероризмот. Како што беше на пример 80 дневното бомбардирање на цивилни цели во СРЈ.
Фала за навредата. Ќе кажам една работа што се подразбира и да ме познаваше ќе немаше потреба да ја спомнувам. Војната е најголемо зло во било која форма, а тоа што зборувам и цитирам статистики не значи дека сум рамнодушен на страдањето на луѓето кои ја немале таа привилегија да живеат во подрачје без војна како мене.

Не мислев да те навредам, туку да ти кажам дека стварно не знаеш што е војна. Една детонација да осетиш, ќе сватиш што сакам да ти кажам, а има луѓе на кои тоа им е секојдневие, во Јемен на пример или во Донбас. Колку да изгледа дека ни е напредна цивилизацијата, кога ќе ја осетиш само една детонација (не да ја слушнеш туку да ја осетиш во внатрешноста на стомакот) ќе сватиш дека сме многу далеку од тоа што ти си го замислуваш.

Пак ќе кажам ако не бе јасно досега. Ниту го оспорувам ниту ќе го оспорам било кога хоророт на војната, но тоа не беше ниту тема на дискусијата. За тој дел мислам дека не само јас и ти туку 95% од населението на планетавава се согласува.
Во контекст на темава, имаат американците изгласано у конгрес 21.12.2021 декларација за враќање на САД во империјалните води односно сакаат да стане светов пак униполарен како што беше до пред некоја година. Тоа што значи ај нека им текне на сите и нека го гледаат преку призмата на војната.
Првата конвенционална војна помеѓу две држави на европско тло после 76 години, инвазијата на Русија врз Украјина ме наведе да ја отворам темава на која би било добро да се разменат мислења околу тоа што претставувува војната.
Дали се работи за нешто неизоставно и дел од луѓето како засебен вид или се работи за тежок анахронизам кому не му е место во современиот свет? Зарем нема алтернатива на војната како начин за решавање на конфликти?
Иако бројот на војни опаѓа низ целиот свет во последниве 50 години, а во Европа беше скоро искоренета, буџетите на оружените сили се наголемуваат секоја година.
Чиј е бенефитот од организирање на една толку сложена, жедна за ресурси и човечко месо појава?
Интересно, но постои една прилично значајна изјава од никој друг до дебелиот наркоман и лидер на Луфтвафе, Херман Геринг во однос на природата на војната како феномен.
Затоа шо во човештвото одсекогаш имало ментални заболувања како алчност,ненаситност и мегаломанија.За жал овие нарушувања никогаш не биле сметани за ментални болести и никогаш не биле третирани.Наместо ваквите љуѓе да се лечат на психијатриски одделенија тие имаат носечки улоги во политиката и бизнисот.Затоа како човештво сме на добар пат да наебеме.

Во основа испаѓа дека цело човештво е заложник на мала група психопати, социопати и нарцисисти, а можеби нивното постоење е во коренот на феноменот на војната од секогаш, од најстари времиња.
Majmuni, kitovi, mravki, site tie zivotni kalkulirale napad i go izvrsile so nekakva cel.
I momentalno samo poslednive 50 godini se zivee vo nekakov relativen mir vo evropa, sad, takanarecen PAX Americana.
Nikoj ne moze da znae za site nedokumentirani vojni.
A sigurno postorle i vojni megu razlicni hominidi.
Ustvari ti si zbunet spored nasite definicii za vojna, mozes ti da definiras sto podrazbiras?
Види сеа, јас сум бил секогаш коректен при дебатирање со тебе, поими како "збунет" се сосема непотребни. Разбирам сакаш да си edgy со кратки реченици на латиница, ама треба да се има респект кон соговорникот.
Еве ти дефиниција од Оксфорд речникот
a state of armed conflict between different countries or different groups within a country.
Нема докази за војни меѓу хомониди, затоа што не можело да има војни.
За војна се потребни сериозни вишоци на ресурси, производи и финансии во едно општество кое дел од тие вишоци ќе ги употреби за да огранизира војна која е дупка без дно во поглед на попусто трошење на ресурси, како материјални така и човечки.
Не можеме да влечеме аналогии со минорниот процент на живи битија кои влегуваат во организирани сукоби затоа што имаме милион врсти кои тоа не го прават.
Што се мраквите подобар показател од чавките? Што им фали на чафките, моногамни, верни, лојални битија кои си живеат во мир.
Зарем ние не можеме исто да живееме во траен мир?
Друг аспект кој е битен е историското величање на разни војсководци, војници и офицери, воини и кољачи.
Никаде никој не знае за ликот кој ги измисли стандардизираните бродски контејнери со што направи револуција во светската трговија, за добро на човештвото. Но сите знаеме за неписмен психопат како Џингис Кан. Време е човештвото да даде признание каде што треба, на оние луѓе кои придонеле за добро, како Тим Бернерс Ли кој ја создаде World Wide Web во 1990, а не разни воени лица.
Дали си сигурен во ова? Последните 100 години во војна загинале повеќе луѓе од сите војни на светот до тогаш собрани заедно. И дополнително не постоела поголема динамика на насилно променети граници во таква временска дистанца никогаш претходно.
Автоматски споено мислење:
Стварно не си ги гледал војните на мајмуните? Ти бате си ходајучи енигматичар и квизоман од бивша СФРЈ....
Не знаеш за мајмуните, незнаеш за Азов, Ајдар и Прави Сектор, не си во тек. ..
Документарците за мајмуни ми се крајно досадни, на ниво на гледање како се суши боја на ѕид. Не пратам анимал планет и слични канали.
Не, не загинале повеќе отколку сите војни земени заедно.
Пример Тајпинг востанието во Кина во 1851-1865 земало барем 32 милиони животи, споредено со WW1 каде имаме 21 милион. Тоа што никој не знае за стотици граѓански војни во Кина и Индискиот потконтинент е ствар на евроцентризам веројатно.
А тоа е само еден пример, колку животи одзеле купови војни, триесетгодишната на пример или наездите на монголите за кои се смета дека одземале 100+ милиони, во време кога светска популација била околу 650 милиони.
И релативниот и апсолутниот број на лица загинати во војни опаѓа со децении уназад што е добар тренд, но за жал секогаш се наоѓаат исклучоци.
Најнесфатливи се надворешната политика на САД, моќта на лоби групите на воено-индустрискиот комплекс од една страна и оставањето кукавички јајца како во случајот со Русија и САО Донбас.
Настрана што војната има само јасен почеток.
Крајот е помалку јасен.
Пред некој месец загинаа белгиски земјоделци кога тракторот заорал гранати од WW1 во полето.
Огромни површини од Босна до Камбоџа се преполни со мини.
Болести, бришење на традиции и култури, срозавање на морално-етички норми.......се само дел од опашките кои се влечат зад секоја војна а чии жртви не се сметани како директни, па така никој не ги брои.
Британците имаат загубено дупло повеќе мртви од самоубиства ради ПТСД кај ветерани од Фокланди отколку што загинале во борбите во 1982.
Кај нас, знаеме каков третман добија бранителите и како беа понижени.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.