Воскресение и вознесение на Марија?

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Воскресение и вознесение на Марија?


Според православното верување, се верува дека Христос не е единствениот Кој воскреснал и заедно со телото се вознел на Небото, туку дека тоа е случајот и со блажената Марија.
Тоа јасно може да се види од православното житие ткн. "Успение на пресвета Богородица"

Целото житие можете да го прочитате на официјалниот сајт на МПЦ (кликни овде), а тука ќе го разгледаме само делот каде што се зборува за темата.

... Таа се врати дома со голема радост и посака во срцето уште еднаш да ги види сите Христови апостоли. Господ и ја исполни оваа желба и сите апостоли, носени на облаци од ангелите, одеднаш се собраа во домот на Јован на Сион.Со голема радост Таа ги виде Светите апостоли, ги охрабри, ги посоветува и ги утеши, и по ова мирно го предаде Својот дух на Бога, без никаква мака и телесна болест....

... Но кога апостолите го отворија гробот, ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше внатре. Таа вечер им се јави на апостолите самата Пресвета Богородица опкружена со мноштво ангели и им рече: „Радувајте се, ќе бидам со вас навек“...
Какво драматично и сензационално искуство на апостолите.
Замислете си ангели да во носат на облаци... :vozbud:
Замислете да видете уште едно воскреснато тело... :nesvest:
Замислете да ви се јави Марија со мноштво ангели и да ви рече (слично како што Христос рекол) "Радувајте се, ќе бидам со вас навек.."
Зарем не би го запишале ова во вашиот дневник? Зарем не би го напишале ова во вашето писмо до вашите браќа и сестри од другиот град?
Чудно, но апостолите, иако според наведеното житие, го доживеале сето ова тие сепак не изустиле ниту една буква во своите посланија? Никој ништо не напишал, никој ништо не спомнал за ова драматично и спектакуларно искуство во своите посланија.
Апостол Лука пишувајќи за делата на апостолите напишал 28 поглавја детални случки, патешествија, авантури, згоди и незгоди на апостолите, но заборавил да напише за нивното патување на облаците со ангелска придружба и за нивното сведоштво за УШТЕ ЕДНО воскресение и вознесение покрај Христовото?
Замислете, тоа го заборавил и апостол Јован, и апостол Јаков, и апостолот Петар, и апостолот Јуда. :toe:
Па дури и Павле во своите 13 посланија до разните цркви заборавил и да го спомне пресветото и пречистото име на пресветата владичицата богородица, а камо ли да спомне за ова спектакуларно доживување на апостолите. Во своето писмо до христијаните во Коринт, тој на долго и широко зборува за воскресението на мртвите, но повторно, дури и во овој контекст, тој не го спомнува воскресението на пресветата и пречиста владичица богородица.

Што мислите вие, зошто? Зошто апостолите го изоставиле овој спекакуларен детал во нивните посланија?


Дали има некоја посебна причина за овој зачудувачи молк на апостолите и евангелистите?
Дали можеби се работи за некоја тајна завера за да се сокрие овој детал? Но зошто? Кои би биле мотивите? Зарем не е би било тоа охрабрително за првите христијани, да знаат дека Христос не е единствениот воскреснат, туку ете и Марија воскреснала?

Или пак, како што сметам јас, можеби се работи за уште едно фалсификувано, набаждарено и филувано житие за да го потпомогне православниот култ на Марија?
Зарем не приметувате колку целата режија на житието потсетува на Христовото воскресение и вознесение?

Јас сум убеден во последната претпоставка, А ВИЕ?
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Еххх, демек пред тоа никој друг не воскреснал и никој друг не се вознел на небо... хехе
Зарем Илија не беше вознесен на небо, и тоа без да умре? Зарем Лазар не беше воскреснат? Колку си само смешен со овие твои нелогички и неразумни контрирања....

Јас се чудам како се нарекуваш христијанин, а не веруваш во воскресение и вознесение.... ццццц
 
Член од
17 ноември 2008
Мислења
159
Поени од реакции
1
:pop:

Маран Ата, можеби е изворен Јеховин сведок.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зарем Илија не беше вознесен на небо, и тоа без да умре? Зарем Лазар не беше воскреснат?
Да, Илија беше вознесен на небо и тоа е запишано во (2 Царства 2:11).
И Лазар беше воскреснат и тоа е запишано на долго и широко во целото 11-то поглавје од евангелието по Јован (Јован 11:1-44)
И Јаировата ќерка беше воскресната, и слугата на стотникот и сите овие се запишни во Библијата.
Очигледно библиските писатели не можеле да останат рамнодушни на овие спектакуларни чуда.
Но сепак тоа не е и случајот со воскресението и вознесението на пресвета пренепорочна најголемата владичица и спасителка Богородица? (тууу од толку богохулни титули заборавив и името да и го напишам)
Сепак мора да има некоја причина што овој спектакуларен чин на "најголемата" - нејзиното воскресение и вознесение, апостолите го прикриле во своите евангелија и посланија? Очигледно имале некаква тајна завера да не им го пренесат овој преважен податок на другите христијани од другите цркви?
Или пак нешто друго е причината? :)

Јас типувам за фалсификувано, филувано и набаждарено "житие" со цел да одговори на потребите и православните догми за култот на Марија? А ВИЕ?
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Јас типувам за фалсификувано, филувано и набаждарено "житие" со цел да одговори на потребите и православните догми за култот на Марија? А ВИЕ?
А јас типувам дека апостолите се сеуште живи и присутни на земјата, а ти?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Да, Илија беше вознесен на небо и тоа е запишано во (2 Царства 2:11).
И Лазар беше воскреснат и тоа е запишано на долго и широко во целото 11-то поглавје од евангелието по Јован (Јован 11:1-44)
И Јаировата ќерка беше воскресната, и слугата на стотникот и сите овие се запишни во Библијата.
Очигледно библиските писатели не можеле да останат рамнодушни на овие спектакуларни чуда.
Но сепак тоа не е и случајот со воскресението и вознесението на пресвета пренепорочна најголемата владичица и спасителка Богородица? (тууу од толку богохулни титули заборавив и името да и го напишам)
Сепак мора да има некоја причина што овој спектакуларен чин на "најголемата" - нејзиното воскресение и вознесение, апостолите го прикриле во своите евангелија и посланија? Очигледно имале некаква тајна завера да не им го пренесат овој преважен податок на другите христијани од другите цркви?
Или пак нешто друго е причината? :)

Јас типувам за фалсификувано, филувано и набаждарено "житие" со цел да одговори на потребите и православните догми за култот на Марија? А ВИЕ?

...а ја, батка, ке уплатам лото и ќе чекам „седмица„...
А што се оденусува до твојот пост, тој е уште ден во редицата на бласфемични текстови, во кои можат да поверуваат само оние поединци кои се надвор од Црквата. Православните имаат сосема друга вистина за мајката Божја и за нив (за православните) таа вистина е релевантна а не што некој таму нешто кажал-и останал жив.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
150
Поени од реакции
0
Јаков, Јован, Матеј, Јуда, Павле, Петар, плус евангелистите Марко и Лука, сите до еден да ти „заборават“ да запишат еден таков битен момент. Ај шо тие заборавиле, заборавил и Св. Дух да ги потсети. Ај шо тој заборавил нив да ги потстети заборавил да ги потсети и првите христијани. И вторите христијани. И триста седумдесет и седум години сите заборавале, како што ни напиша убаво Чорбаџијата, ни 377 години после Христос уште никој се немал сетено, како што запишал и св. Епифаниј во таа година дека никој не знае што се случило со Марија.

И така никој се немал ништо сетено, се додека на некој таму во којзнае кој век не му се јавило Кривидение.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
...еве го пак...
Тогаш, зашто самиот не ни ја откриеш вистината?
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Па да, може да ни каже кога се упокоила Богородица и каде е погребана? Ваљда ќе знае...
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
150
Поени од реакции
0
Па да, може да ни каже кога се упокоила Богородица и каде е погребана? Ваљда ќе знае...
Ако никој до 377 година не знаел, како што потврдува и Православниот Светец Епифаниј, кое кривидение и во кој век го променило овој факт?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Можеби на оној "подвизникот" монахот што се пикнал во сувиот бунар, можеби нему додека бдеел 10 години таму му се сонило дека и со блажената Марија се случило истото како и со пресветиот Исус Христос... знаеш, секакви соништа можат да му се јават на човек што се решил да бдее 10 години у сув бунар.
Сепак, на кого и да му се "сонило", се гледа дека типот не бил многу креативен... режијата на тоа "житие" е ефтина плагијатура на Христовото воскресение и вознесение и обраќање до апостолите.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Плагијатури, се изначитав на форумов. Особено од оние кои Библијата почнаат да ја толкуваат едно 17 века по Апостолите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom